Косовски автобус слета од автопат во Бугарија, најмалку 29 повредени (ВИДЕО)

Во сообраќајна несреќа во Бугарија повредени се 29 патници од Косово, од кои шест деца, кога автобусот се судрил со камион во градот Ќустендил и слетал од патот.

Според приштинските медиуми, несреќата се случила околу 4.30 часот, кога патнички автобус од Косово удрил во запрен камион кој превезувал дрва.

Возачот на камионот наводно се обидел да им укаже на другите во сообраќајот дека паднало дрво на коловозот. Автобусот удрил во камионот и излетал од патот.

Возачот на автобусот се здобил со полесни повреди и бил пренесен во локалната болница. Увид на лице место извршила полиција, а поради сообраќајната незгода е поведена постапка и за истата е известен обвинител.

Талибанците ги отфрлија забелешките на ОН во врска со правата на жените во Авганистан

Талибанската влада во Авганистан ги отфрли барањата на Советот за безбедност на ОН за укинување на строгите ограничувања воведени за авганистанските жени, посочувајќи ја како „неоснована" загриженоста на светската организација.

Советот за безбедност на ОН во вторникот едногласно усвои резолуција со која се критикуваат талибанците за воведените ограничувања на слободата на движење на девојчињата и жените како и нивен пристап до образовните установи и јавните места, мерки што беа воведени минатата година откако САД и сојузниците се повлекоа од Авганистан. Врховниот водач на Авганистан, Хибатула Ахунџада, нареди и задолжително покривање на лицата на жените на јавни места, што наиде на осуда кај меѓународната заедница.

Советот за безбедност ги повикаа Талибанците „неодложно да ги напуштат политиките и практиките со кои се ограничуваат човековите права и основните слободи на авганистанските жени и девојки". Истовремено се бара и отворање на училиштата за женските деца.

Авганистанското Министерство за надворешни работи соопшти дека Владата во Кабул ги смета забелешките на Советот за безбедност како „неоснована ангажираност" по однос правата на жените во Авганистан.

– Бидејќи жителите на Авганистан се главно муслимани, авганистанската Влада верува дека носењето исламски хиџаб е согласно верските и културните практики во општеството, се посочува во соопштението на МНР во Кабул.

Талибанците практикуваат шеријатска доктрина во толкувањето на исламот со строги и репресивни религиозни норми.

СНН: САД ќе и испорачаат на Украина напредни ракетни системи со голем дострел

Администрацијата на Бајден се подготвува да и испрати на Украина нови видови оружје како ракетни системи со голем дострел што можат да гаѓаат цели во внатрешноста на Русија, а кои се најбарани од страна на Киев, јави денеска Си Ен Ен.

Според извори на телевизијата, администрацијата е расположена да ги испрати системите како дел од поголем пакет воена и безбедносна помош за Украина, а за што може да биде објавено веќе идната недела.

Високи украински претставници, вклучително и претседателот Володомир Зеленски, повеќепати досега бараа од САД и сојузниците испорачување на Мултилансерен ракетен систем (Multiple Launch Rocket System или MLRS). Овој американски оружен систем истрелува ракети со дострел од стотици километри, многу подалеку од ракетите во посед на Украина.

Украинците сметаат дека со вакво оружје може да се измени текот на војната против Русија.

Друг систем што Украина го побара е Мобилен артилериски ракетен систем (High Mobility Artillery Rocket System или HIMARS), полесен систем на тркала со можност да испалува ист тип муниција како и MLRS.

На почетокот, администрацијата беше неодлучна околу испраќање вакви офанзивни оружја бидејќи би испровоцирале реакција од Русија во Украина, но и надвор од неа. Таа загриженост била истакната од Националниот совет за безбедност, дека со вакви ситеми Украина може да гаѓа цели во внатрешноста на Русија бидејќи нивниот дострел е до 300 километри.

Друга загриженост била дали САД може да си дозволат да издвојуваат вакви напредни оружја, а кои се дел од нивните резреви.

Сепак, се дознава дека се прават напори системите да бидат испратени во најскоро време и во рамките на поголем пакет воена и безбедносна помош.

Османи: Слободата на сите европска земји денес се брани во Украина

 Соговорниците се сложија дека во прашање е грубо кршење на меѓународното право и неиспровоциран напад врз суверенитетот на една земја, но и сериозен обид да се уништат темелите на регионалната и глобална безбедност и стабилност.

Слободата на Македонија и секоја друга европска земја денес се брани во Украина и Украина ја заслужува сета почит помош и поддршка поради тоа, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи по денешната средба во Киев со неговиот украински колега Дмитро Кулеба, додавајќи дека нашата држава од почеток се приклучи кон сите мерки на осуда и санкции против Руската Федерација.

Како што соопшти МНТА, централна тема на разговорите на оваа втора средба на Османи и Кутлеба во само неколку недели, беше руската агресија врз Украина и нејзините последици врз украинската држава и граѓани, но и пошироко.

– Соговорниците се сложија дека во прашање е грубо кршење на меѓународното право и неиспровоциран напад врз суверенитетот на една земја, но и сериозен обид да се уништат темелите на регионалната и глобална безбедност и стабилност, се додава во соопштението.

Османи и Кутлеба разговараа и за европската перспектива на двете земји, влијанието на украинската војна врз овој контекст и потребата процесот да го добие своето зголемено внимание, согласно новата геополитичка и безбедносна динамика.

За време на својата посета во Киев, министерот Османи ја реотвори Амбасадата на земјава во Украина со што таа е ставена во полна функција.

– Ова не е само симболичка порака, туку суштински израз на пријателство и солидарност кон украинскиот народ и држава, изјави Османи.

притисни ентер