Косовската претседателка ја обвини Русија за дестабилизација на Балканот - Канал 5

Косовската претседателка ја обвини Русија за дестабилизација на Балканот

Косовската претседателка денеска ја обвини Русија дека го користи својот традиционален сојузник Србија за да го „дестабилизира“ Балканот, додека Москва се соочува со Западот во украинската криза.

Косовската претседателка ја обвини Русија за дестабилизација на Балканот

Русија, која долго време ја поддржува Србија во нејзините несогласувања со Западот, не го признава Косово како независна држава и го блокира неговото пристапување во Обединетите нации, објави Ројтерс. Косово, како и Украина, се надева дека на крајот ќе влезе во НАТО и во Европската унија.

Косово, со мнозинско етничко албанско население, прогласи независност од Белград во 2008 година.

„Денес Косово, регионот, но и целиот свет се соочува со опасности предизвикани од агресивниот курс на Русија“, рече претседателката Вјоса Османи во парламентот во говорот по повод 14-годишнината од независноста на нејзината земја.

Османи додаде дека Русија го користи „својот традиционален сојузник Србија за да предизвика дестабилизација на балканскиот регион“.

Тензиите меѓу Приштина и Белград поради односот на Косово кон околу 120.000 етнички Срби кои живеат на нејзина територија се сериозна пречка - заедно со фактори како што е ендемската корупција - за напорите на земјата да се приклучи кон НАТО или ЕУ.

Русија собра повеќе од 100.000 војници во близина на нејзината граница со Украина, предизвикувајќи стравувања на Западот од инвазија, а денеска Соединетите држави го повторија своето предупредување дека војната може да биде неизбежна.

Москва негира какви било планови за инвазија, но бара сеопфатни безбедносни гаранции од Западот, вклучително и крај на натамошното источно проширување на НАТО.

Арбер Влахиу, независен политички аналитичар, направил паралела меѓу ставот на Москва за Украина и за Балканот.

„Русија има голем интерес не само да ја спречи Украина да влезе во НАТО, туку и да го спречи Западниот Балкан, вклучително и Косово, да влезе во ЕУ и НАТО“, рече Влахиу, поранешен амбасадор на Косово во Чешка.

На разговорите во Кремљ оваа недела со германскиот канцелар Олаф Шолц, рускиот претседател Владимир Путин го наведе бомбардирањето на српските сили од НАТО за време на косовската криза во 1999 година како пример за, како што рече, агресивното однесување на Алијансата.

Шолц рече дека НАТО дејствувал за да спречи геноцид, повикувајќи се на прогонот на етничките Албанци во Косово, објави Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?

Две водечки фирми специјализирани за анализа на технологија поврзана со криптовалути објавија дека поседуваат цврсти докази што го поврзуваат хакерскиот напад врз Binance, во кој беа украдени 6,3 милијарди долари, со група поддржана од Северна Кореја.

Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?

Како што пренесува BBC, TRM Labs и Chainalysis – со висок степен на сигурност – ја идентификуваа групата „Лазарус“ (севернокорејски хакерски колектив, познат и како TraderTraitor) како најверојатен извршител на нападот врз најголемата берза за криптовалути во светот. Овој напад далеку го надминува претходниот рекорден грабеж – инцидент од 2025 година поврзан со берзата Bybit, при што беа украдени 1,5 милијарди долари.

Овој инцидент е најновиот во низата напади поврзани со Северна Кореја – една од најсиромашните земји во светот, каде што пристапот до интернет е строго ограничен.

Експертите ја обвинуваат владата на Ким Џонг Ун дека се потпира на сајбер-криминал за финансирање на државата – обвинување што Пјонгјанг долго време го негира.

Според извештаите, земјата систематски ги развива своите сајбер-операции. За таа цел, таа регрутира елитни студенти и ги насочува кон хакерски групи што се под надзор на севернокорејската разузнавачка служба.

Анализите на технолошките компании покажуваат дека дел од овие операции се одвиваат во соседна Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Најсекси ангелот на Викторија Сикрет, Кендис Свонпул уште еднаш ја покажа харизмата на вистинска заводничка. Нејзината најнова модна кампања маѓепса многумина.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Супермоделот Кендис Свонпул е заштитното лице на најновата новогодишна колекција на брендот „Викторијас сикрет“.

По спектакуларниот настап на неодамнешната модна ревија на брендот, не е изненадувачки што таа сега е во центарот на нивната нова модна кампања.

Кендис гордо позира во атрактивни модни парчиња – поточно, долна облека од тантела во електрично сина боја, која совршено ја истакнува нејзината прекрасна фигура.

Изгледот го заокружи со дијамантски ѓердан околу вратот, како и со високи потпетици што ги нагласуваа нејзините витки нозе.

За да ја долови новогодишната магија, една од најпознатите манекенки во светот позираше покрај огромни подароци, украсени со ленти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Фудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки.

За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес.

„Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган.

Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска.

Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина.

На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација.

Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер