Косовската опозиција не очекува прогрес во дијалогот со Србија - Канал 5

Косовската опозиција не очекува прогрес во дијалогот со Србија

„Курти го загрози партнерството со САД.“

Косовската опозиција не очекува прогрес во дијалогот со Србија

Шефот на пратеничката група на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Бесник Тахири го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека го загрозува партнерството со Соединетите Американски Држави и нагласи дека не верува оти годинава ќе има напредок во дијалогот со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Неколку дена по посетата на американскиот емисар Габриел Ескобар на Косово, првиот човек на пратениците на ААК изрази скептицизам за напредокот во преговорите со Белград, оценувајќи дека Курти згрешил што не предложил нацрт-статут на Заедницата на општините со српско мнозинство.

Во денешното интервју за агенцијата КосоваПрес, Тахири изјави дека Курти поради неговите „експерименти“ ги нарушува односите со сојузниците, особено со САД.

- Мора да бидеме реални во политиката. Европската унија имаше целосна поддршка од Стејт департментот во агендата за дијалогот предводена од (специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот, Мирослав) Лајчак. Оваа Влада го загрози партнерството со САД, поради експериментирањата, од кои потоа се повлекуваше. Дали се повлече од регистерските таблички, од реципроцитетот? Дали се повлече од локалните избори на север, каде што почна петицијата за разрешување на градоначалниците кои освоија по 100 гласа. Зошто го направи ова? Тоа е експеримент што не се смееме да го правиме, рече Тахири.

Според него, меѓународниот фактор сфатил дека Курти е несериозен по однос на темата на дијалогот.

- Оваа Влада и овој премиер го прифатија Бриселскиот договор и кажаа „да“ на Охридскиот акциски план, а исто така во Братислава се договорија за повеќе теми. Овој премиер отиде малку подалеку и рече дека е подготвен утре да ги потпише Заедницата и сето друго. Меѓународниот фактор кога имаш таков пристап сака да те гледа како сериозен, а овој (Курти) е несериозен, изјави Тахири.

Запрашан за извештајот на американските разузнавачки служби во кој се споменува можноста за меѓуетнички конфликти во регионот, Тахири рече дека Косово не е загрозено од српските граѓани во земјата, туку од воинствените амбиции на Србија.

- Воинствената реторика потекнува од Србија, односно и од (претседателот на Република Српска, Милорад) Додик во Босна... Во Србија никогаш не згаснале барањата, соништата и политичките цели за „српскиот свет“. САД, но и ЕУ, мора да бидат многу внимателни, бидејќи таа реторика има извори, корени. И тоа токму во екстремниот национализам што предизвика војни и милиони луѓе што ги напуштија своите домови, а стотици илјади загинаа од оваа воена реторика на Србија. Косово не е загрозено од српските државјани кои живеат на Косово. Косово е загрозено од воинствените амбиции на српскиот свет и на голема Србија кои се генерираат во Белград, рече Тахири во интервјуто за КосоваПрес. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демонстранти среде говор го исвиркаа словенскиот премиер Јанша, интервенираше полицијата (ВИДЕО)

Словенскиот премиер Јанез Јанша денеска одржа говор на државната прослава на Денот на суверенитетот во Копер, но за време на неговото обраќање постојано беше прекинуван од свирежи и извици на демонстрантите. 

Демонстранти среде говор го исвиркаа словенскиот премиер Јанша, интервенираше полицијата (ВИДЕО)

Поради напнатата атмосфера, полицијата исто така мораше да интервенира, пишува N1 Словенија.

Демонстрантите се собраа на плоштадот Укмарје, каде што се одржа централната државна прослава. Полицијата ги предупреди да не го прекинуваат настанот, а на снимката се гледаат неколку вербални конфликти меѓу демонстрантите и граѓаните кои дојдоа да ја поддржат прославата.

Јанша зборуваше за „изгубените можности“

Јанша во својот говор рече дека словенечката независност е резултат на долгогодишна борба за јазикот, идентитетот и опстанокот на народот. Тој рече дека по независноста, Словенија е на добар пат да стане „уште една Швајцарија“, но дека следеле години пропуштени можности.

„Словенија денес е безбедна, а безбедноста е главен услов за стабилност и економски развој“, рече Јанша. Тој како клучни причини за победата во војната за Словенија ги наведе јасната политичка цел, единството на граѓаните, навремените подготовки за одбрана, доброто разузнавање и мотивацијата на словенечките сили.

Претседателот и опозицијата не дојдоа

Прославата се одржа по повод 35-годишнината од заминувањето на последните војници на ЈНА од Словенија. Ноќта помеѓу 25 и 26 октомври 1991 година, последната воена единица на Југословенската народна армија го напушти пристаништето Копер.

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар не дојде на прославата, а отсуствуваа и претставници на опозициските партии. Пирц Мусар претходно ја откажа својата посета поради несогласување со потезите на владата, вклучително и преименувањето на празникот, на што се спротивставуваат и опозициските партии Свобода, Левица и СД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи Ерменија

Македонската претставничка ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија, која се одржа синоќа во Малта. 

Ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи Ерменија

Со песната „Идната јас“, младата пејачка од Струга освои вкупно 57 поени, од кои 51 од публиката, но доби само шест од стручното жири.

Победник на 24. издание на детската Евровизија е 13-годишната Наре од Ерменија, која со песната „Бу!“ освои 202 поени. Второто место го освои Шпанија, а трета беше Франција. За победникот одлучуваа гласовите на националните жирија и публиката, со еднаков удел од по 50 проценти во конечниот резултат.

Музиката за „Идната јас“ ја напиша Никола Мицевски, а текстот е на Илчо Нечовски од групата „Дупер“. Песната зборува за соништата, растењето и откривањето на сопствениот идентитет.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач, откако полскиот истражувач Бартломеј Питала се спушти на длабочина од 338 метри, заедно со македонските нуркачи. 

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач

Пештерата Врело на Матка испиша светска историја.Полскиот нуркач Бартломиеј Питала достигна длабочина од 338 метри, поставувајќи нов светски рекорд. Успехот е резултат на заедничката експедиција на нуркачи од Македонија,Полска и Италија.

Девет часа под вода за историски подвиг. Полскиот нуркач рекордот го постигнал на 16 октомври, надминувајќи ја претходно истражената длабочина за 51 метар. По подвогот, тој кажа дека немал никакви проблеми со видот, ниту пак почувствувал вртоглавица. Вели дека се чувствувал удобно и на толку голема длабочина, а секоја секунда од деветчасовното нуркање му останала врежана во сеќавањето.

,,Експедицијата во Матка во 2026 година заврши со извонредно достигнување – истражување на пештерата до длабочина од 338 метри под вода, со што таа стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Искрено, сè уште не можам целосно да го сфатам тоа. Но, да, сега ова е најдлабоката истражена подводна пештера во светот, а ова беше и најдлабокото нуркање.

Сепак, рекордите и самата длабочина не беа нашата цел, нели? Нашата цел беше истражувањето. Сакавме да одиме подлабоко од границата до која стигнавме минатата година, кога експедицијата ја завршивме на 287 метри.“

Дополнително Матка продолжува да ги привлекува туристите од целиот свет. Странските посетители се воодушевени од природните убавини, а многумина изразуваат желба одблиску да ја запознаат и пештерата.

Експедицијата откри два нови подводни канала и над 150 метри нови ходници, а македонските нуркачи за првпат поставија и воздушна комора на длабочина од девет метри. Зад рекордот стоеја 12 безбедносни нуркачи, со поддршка од медицински тимови, МВР и полцииската единица „Тигар“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер