Косово во недела избира нов состав на парламентот

Косово во недела ќе избира нов состав на парламнентот , петти пат за само 12 години од независноста .

Повторно е неизвесно дали ќе биде формирана стабилна влада , што ќе има цел мандат.

Сите три најголеми партии - Демократската лига на Косово (ЛДК), Демократската партија на Косово (ПДК), предводени од претседателот Хашим Тачи и партијата „Ветевендосје“ (Самоопределување), решија да се натпреваруваат самостојно, без партнери и со свои кандидати за премиер.

Другите албански партии се собраа во две коалиции, со премиерот Рамуш Харадинај и неговата Алијанса за иднината на Косово (ААК) и Новата алијанса за Косово (АКР).

Тие се натпреваруваат за 100 од 120-те парламентарни места наменети за Албанците. Кандидатите на националните малцинства ги исполнуваат 20 преостанати места, од кои половина се резервирани за најголемото малцинство, српско.

Новата влада ќе мора да биде коалициона, така како и досега, се очекуваат макотрпни и долги преговори на непријателските партнери, со малку изгледи за формирање на цврста и трајна коалиција.

Речиси сите албански партии претходно ја отфрлија коалицијата со ПДК на Тачи, затоа што сите освен Ветевендосје биле партнери со таа партија и тврдат дека биле измамени.

„ПДК ги уништи сите мостови на соработка кога го исфрли ЛДК од владејачката коалиција во 2017 година“, изјави Лутфи Хазири од ЛДК за косовскиот портал zeri.info.

Најгласен и понекогаш жесток критичар на ПДК на Тачи е Ветевендосје, чии членови водеа улични протести и ја блокираа работата на парламентот со фрлање солзавец во салата, а сега велат дека по изборите на 6 октомври ПДК ќе мора да оди во опозиција.

Според локалните аналитичари, ЛДК и Ветевендосје, најверојатно, би можеле да формираат влада, со помал трет сојузник, но ќе мора да се справат со многу предизвици.

Дафина Стојановска оствари средба со пензионерите

Носителката на листата од коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ за ИЕ 6 Дафина Стојановска во Гостивар оствари средба со пензионерите. 

Пензионерите воопшто не се задоволни од живеачката. Затоа ВМРО-ДПМНЕ, од топ проектите на нашата #платформа1198, ветува линеарно покачување од 5.000 денари во првата година за сите пензионери.

Нивната порака до нас политичарите е да го вратиме достоинството на државата.

Николоски: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе закон за забрана на увоз на тутун

Забрана на увоз на тутун, со цел да се откупи македонскиот по повисоки и пристојни цени.

Почитувани,

Денес сум тука со кандидати и идни пратеници во ова македонско Собрание, од овие две општини, општината Конче и Радовиш, сме во посета на капитални инфраструктурни проекти. Работата на градоначалникот покажува дека и во малите средини во Македонија може да се работи успешно и убаво доколку се има волја и доколку се работи чесно.

Градоначалникот прави работи кои што овдека со децении не биле правени. Би сакал да му честитам за таа работа.

Можам да кажам дека после изборите ќе има огромна поддршка за општина Конче со цел да се реализираат проектите кои што се од витално значење за сите оние кои што живеат овдека.

Тука е секако и поддршката на земјоделието каде што можеби и најбитната работа поврзана со земјоделието е тутунот кој што се одгледува најмногу во општина Конче.

Планираме да го донесеме законот за тутун кој што два пати го поднесувавме во Собранието, но досегашното мнозинство на СДСМ и ДУИ го блокираше. А, причината зошто го блокираше е затоа што имаа бизнис интереси.

Имено, со тој закон ќе се забрани увоз на тутун во Македонија со цел да целокупниот македонски тутун, македонското злато да се откупува по повисоки и пристојни цени, како би можеле сите земјоделци пристојно да живеат. Така што тоа е она наше основно ветување односно тутунот.

Секако тука се и зголемувањата на субвенциите, воведување на само три класи, а не како досега што има шест или седум класи зависно од откупувачите.

Во делот на земјоделието планираме возобновување на сите водоснабдителни системи како и изградба на нови и комплетно нов систем на субвенции кој што ќе го врати достоинството на македонскиот земјоделец. А, тука ќе работиме интензивно и на она што е желба на жителите и на Конче и на општина Радовиш а тоа е носење на една поголема странска инвестиција која што треба да отвори нови и добро платени работни места за жителите на целиот овој крај.

Ќе ми дозволите да искоментирам уште неколку работи, имено, ние во изминатиов период водевме интензивна кампања за претседателските избори а сега почнуваме и кампања за парламентарните избори, мислам дека е основно граѓаните да ја слушнат пораката дека масовна излезност е начинот на кој што ќе може да се спречи оваа влада на СДСМ и на ДУИ, двете политички партии да одат во опозиција и конечно да се удри во чело на криминалот и корупцијата во Македонија, да се воведе функционален систем на владеење на правото и Македонија економски да се развива.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати поканата на националниот јавен сервис за учество на дебата со сите противкандидати во претседателската трка:

„Решив да ја прифатам поканата за заедничка дебата на националниот јавен сервис – Македонска радио телевизија, со оглед на тоа дека сите мои противкандидати ја прифатиле поканата да учествуваат во дебатата.

Дополнително, информирам дека останувам на претходно изнесениот став дека е потребно да се расветли случајот во кој имаше јавно изнесени индиции дека јавниот сервис бил користен за изработка на лажни анкети и дебати за рејтингот на политичките партии и кандидатите за претседатели, а со тоа и фабрикување на јавното мислење.

Останувајќи доследен на принципот на транспарентноста за мојата работа и како претседател и како кандидат за претседател во тековната кампања, ја информирам јавноста за овие прашања за кои имаше интерес изминатите денови“ изјави Пендаровски.

притисни ентер