Косово стана придружна членка на Парламентарното собрание на НАТО - Канал 5

Косово стана придружна членка на Парламентарното собрание на НАТО

Собрание на Косово денеска доби статус на придружна членка во парламентарното собрание на НАТО.

Косово стана придружна членка на Парламентарното собрание на НАТО

Ова на фејсбук го објави во таа организација Дритон Хисени, а приштинските медиуми објавија дека најголем дел од членовите на парламентарниот состав биле „за“, 14-мина биле воздржани, а само Унгарија била против.

Парламентарното собрание на НАТО е институционално одвоено од алијансата, но служи како важна врска помеѓу тој воен сојуз и парламентите на земјите-членки.

Придружните членки, во кои сега е вклучено и Косово, можат да презентираат резолуции и да поднесуваат амандмани, но немаат право да гласаат за извештаите, резолуциите или раководството на собранието..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл

Во сообраќајна несреќа на улица Радишанска загина возач на мотоцикл.

Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл

-Денеска (07.08.2026) во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско, при што возачот на мотоциклот починал на местото на настанот. Во тек е увид, информираат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: 40.000 навивачи на Трабзонспор го пречекаа Салах

40.000 навивачи го пречекаа Салах во неговиот нов клуб .

Видео: 40.000 навивачи на Трабзонспор го пречекаа Салах

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах (34) официјално е претставен како нов играч на турскиот клуб Трабзонспор.

Досегашниот член на Ливерпул, беше пречекан на стадионот „Папара Парк“ од повеќе од 40.000 навивачи , кои му приредија спектакуларен пречек.

Салах потпиша двегодишен договор со турскиот клуб, кој му гарантира плата од 17 милиони евра по сезона. Покрај фиксната плата, договорот вклучува и бонуси врз основа на учинокот, како и 20 проценти од приходите од продажбата на клупски производи со неговото име.

Салах излезе на теренот носејќи бордо-син дрес со бројот 10. Тој ја поздрави публиката, која возврати со гласно навивање. На екраните низ стадионот беа прикажани пораки за добредојде на турски и на англиски јазик.

Египетскиот напаѓач им се обрати на присутните, истакнувајќи дека му се приклучил на клубот со цел да освојува трофеи. Неговото доаѓање се смета за еден од најзначајните трансфери во историјата на турската Суперлига и ги нагласува високите амбиции на Трабзонспор да се натпреварува во самиот врв на турскиот фудбал.

За Трабзонспор Трабзонспор се смета за четвртиот најголем турски клуб, покрај истанбулските гиганти Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Потпишувањето на договорите за третата фаза од железничкиот Коридор 8 е важен чекор во поврзувањето со Европа

Либерално-демократската партија (ЛДП) го поздравува потпишувањето на договорите со Европската Унија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој за финансирање на третата фаза од железничкиот Коридор 8.

ЛДП: Потпишувањето на договорите за третата фаза од железничкиот Коридор 8 е важен чекор во поврзувањето со Европа

Ова е важен чекор за подобра регионална поврзаност, економски развој и поблиска интеграција на Македонија во европската транспортна мрежа.

Истовремено, потсетуваме дека државата веќе изгуби околу 60 милиони евра европски грант за овој проект поради неисполнување на роковите и слабата реализација на проектот. Таквите пропусти не смеат никогаш повеќе да се повторат.

ЛДП со години укажува дека инфраструктурните проекти што ја поврзуваат Македонија со Европа се национален интерес кој треба да има поддршка без разлика која политичка гарнитура е на власт

Затоа, за ЛДП ваквите проекти не смеат да бидат предмет на дневнополитички пресметки.

Очекуваме по потпишувањето на договорите да следува навремена, ефикасна и транспарентна реализација на проектот, затоа што на Македонија ѝ се потребни резултати, а не само свечени потпишувања.

ЛДП ќе продолжи да поддржува секој проект што ја доближува Македонија до Европската Унија, ја подобрува регионалната поврзаност и создава услови за економски развој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер