Филипче: СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот
1Кузеска: Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра, народни пари од прославата за независноста
2Филипче: СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот
3Шасивари – Мишел: Подобрување на условите во казнено-поправните установи и почитување на човековите права
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаКосово ја потврди забраната за носење хиџаб во училиште – во Македонија за сега не се размислува за ваков чекорМакедонија не планира да го забрани носењето хиџаб во училиштата, по примерот на Косово, каде Министерството за образование забрани носење на верски обележја во јавните училишта. Од македонското Министерството за образование велат дека се фокусираат на дискусија за квалитетот на образованието, а за облекувањето на учениците како што велат, одлучуваат училиштата преку усвоен дрес код. -Законската регулатива во образованието во Македонија не го ограничува носењето на хиџаб во училиштата и до овој момент не е иницирана дискусија за промена на законите. Облекувањто на учениците и наставниците за време на настава го регулираат самите училишта со изработка и усвојување на кодекс преку органите на управување и одлучување, велат од МОН. Македонија е заедно со Хрватска, Словенија, Црна Гора, Албанија, Грција и Србија се вбројува во најлибералните држави кога станува збор за правото на носење верска облека на јавни места, а особено тоа важи за покривање на лицето и главата кај муслиманската жена. Во соседна Бугарија е забрането носење бурка, никаб и шамија, која го покрива лицето. Франција е прва европска држава која во 2010 година забрани носење бурка и никаб на јавни места, а освен Франција целосна или делумна забрана за покривање на лицето има и во Белгија, Данска, Австрија, Бугарија и Швајцарија, Холандија, Норвешка и делови од Германија. Тагови: Косово МОН хиџаб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра, народни пари од прославата за независностаУште еднаш се потврди, арамијата Мицкоски штом отвори уста - ги лаже граѓаните.Дури и неговата портпаролка на Владата го демантираше на прес конференција. Тоа вчера сите го видоа. Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски, за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари. Се потврди се она што претседателот Филипче и СДСМ го говорат од самиот почеток. Преку АД Државна Лотарија, која е 100% државна компанија, над 5 милиони евра се потрошени а никој не знае каде и за што. Откако призна дека не се „0 денари“ туку над 5 милиони евра, Мицкоски сега треба да излезе и јавно да објави каде завршија парите на граѓаните. Кои компании добиле милиони евра народни пари, врз основа на кои критериуми? Како била избрана Комисијата од 3 члена во АД Лотарија која требала да одлучува за избор на фирма за прославата? Особено што претседателот таа комисија се јавува и како автор на оркестрациите и аранжманите на концертот. Врз основа на кои критериуми се договарани фирми – ќерки да добијат милиони евра народни пари преку Државна лотарија? Колку милиони евра се потрошени за провизии и проценти? Ова е една голема проневера на пари, арамиски концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. Се лажат граѓаните дека чинело „0 денари“, се кријат информации, се манипулира додека милионски суми завршиле во нечии џебови. Мицкоски веднаш да ги објави сите исплати, граѓаните коишто платија 5 милиони евра нивни пари да знаат кој, колку пари добил и за што. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИОТагови: Богданка Кузеска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаФилипче: СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен животПратеничката група на СДСМ и коалицијата денеска во Собранието го поднесе Законот за зголемување на минималната плата на 600 евра, односно 36.960 денари. Претседателот на СДСМ д-р Венко Филипче, посочи дека на овој начин ќе се обезбеди работниците да имаат достоинствен живот и да ги покријат основните трошоци. Филипче истакна дека сегашната минимална плата од 26.000 денари е недоволна во услови на раст на трошоците за живот, особено на цените на храната и горивата и не обезбедува ниту приближно доволно средства за достоинствен живот, особено имајќи предвид дека огромен број работници живеат со примања меѓу минималната и просечната плата. „Во овој момент минималната плата изнесува 26.000 денари.Сметаме дека во оваа ситуација, на криза, на огромна цена на горивата, практично над 100 денари за литар гориво, за 50% зголемена цената на горивата од почетокот на оваа година, што повлече спирала на поскапување на сите продукти, најмногу на прехранбените продукти, што ја зголеми вредноста на потрошувачката кошничка, оваа минимална плата е апсолутно недоволна за добар, квалитетен достоинствен живот, пред сè, би рекол, на работниците - огромен број на работници, над 70% од работниците кои што живеат со примања помеѓу минималната и просечната плата во земјата“, рече Филипче. На прес-конференцијата, Филипче посочи дека разликата меѓу минималната плата и реалните трошоци за живот е огромна, а минималната синдикална кошничка од месец во месец се зголемува. „Во услови кога минималната синдикална кошничка изнесува близу 70.000 денари, ако на тоа се додадат пари за закуп на стан, кирија или кредит кој што се враќа за станот, сумата стигнува 90 па и над 90.000 денари, сегашната минимална плата практично покрива само 37, односно 31 % од вкупните трошоци. 37% ако се исклучи сумата на кирија или кредит за стан и 31% од вкупните трошоци ако семејството плаќа кирија или има кредит со кој што отплаќа стан. Ниту три минимални плати не се доволни за да едно семејство да преживее“, рече Филипче. Тој додаде дека СДСМ по трет пат предлага минималната плата да биде 600 евра, откако власта двапати го одби предлогот. „Од оваа Влада не видовме ништо како помош да се надмине кризата, ниту една категорија на граѓани кои што живеат на работна егзистенција, социјалните случаи, семејствата кои што живеат од социјална помош, семејствата со повеќе деца, семејствата кои што имаат низок степен на образование, членовите на семејството, за жал, никој ништо не виде, никаква иницијатива, ниту пак некаква помош, некаков пакет мерки, за да им се помогне на овие семејства“, рече Филипче. На прес - конференцијата Филипче објасни и како да се обезбедат пари за реализација на зголемувањето на минималната плата, посочувајќи дека власта треба ги намали непродуктивните и луксузни трошоци. „Има ставки во Буџетот во кои што стои јасно назначено дека тоа се ставки за луксуз, за мебел, за автомобили, за патни трошоци, за членовите на власт. Нека ги скратат тие трошоци и ете ги парите со кои што ќе се зголеми минималната плата“, рече Филипче. Дополнително, Филипче посочи дека втората мерка што ја предлага СДСМ и коалицијата е државата да ги субвенционира придонесите за приватните компании што ќе ги зголемат минималните плати, со што зголемувањето нема да биде дополнителен товар за работодавачите. „Втората мерка, а тоа е субвенција за придонесите за приватните компании кои што ќе ги зголемат минималните плати и разликата во придонесот да не биде дополнителен терет на приватните компании. Значи и приватните компании да излезат во пресрет, да ги зголемат минималните плати, а разликата во придонесите која што ќе произлезе од зголемувањето на минималната плата со помош, пакет мерки, да го преземе на свој терет власта“, рече Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШасивари – Мишел: Подобрување на условите во казнено-поправните установи и почитување на човековите праваВо периодот што претстои, Министерството за правда ќе продолжи да работи на унапредување на стандардите во казнено-поправниот систем.Подобрувањето на условите во казнено-поправните установи и доследното почитување на човековите права беа дел од темите за кои се на разговараше денешната средба на министерот за правда Јетон Шасивари со Алан Мишел, претседател на Европскиот комитет за спречување на тортурата и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (CPT). На состанокот беа разгледани актуелните состојби во казнено-поправните установи, како и напредокот во спроведувањето на препораките содржани во претходните извештаи на Комитетот. Соработката со CPT е важна за унапредување на системот на извршување на санкциите и обезбедување на почитување на човековите права и достоинството на лицата лишени од слобода. Во периодот што претстои, Министерството за правда ќе продолжи да работи на унапредување на стандардите во казнено-поправниот систем, во согласност со препораките на Комитетот и европските практики.Тагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11