Косово/Избори: Врз основа на 88 отсто преброени гласачки ливчиња, Самоопределување освои 41,29 - Канал 5

Косово/Избори: Врз основа на 88 отсто преброени гласачки ливчиња, Самоопределување освои 41,29

 Врз основа на 88 отсто преброени гласачки ливчиња, Самоопределување освои 41,29 отсто од гласовите.

Косово/Избори: Врз основа на 88 отсто преброени гласачки ливчиња, Самоопределување освои 41,29

Според најновите податоци на приштинската Централна изборна комисија, врз основа на повеќе од 88 отсто преброени гласови, на вчерашните избори за Парламентот води Самоопределување со 41,29 отсто од гласовите.

На второ место е Демократската партија на Косово со 21,83 отсто, а на трето е Демократската лига на Косово со 17,74 отсто од гласовите.

На четврто место е Алијансата за иднината на Косово со 7,68 отсто од гласовите.

Изборниот ден, кој помина без никакви инциденти, остана во сенка на неуспехот на Централната изборна комисија да ги објави изборните резултати за политичките партии во реално време. Иако новиот Изборен закон предвидуваше прелиминарните резултати на партиите да бидат објавени во рекордно време, тоа не се случи.

Онлајн платформата на ЦИК беше во функција повеќе од три часа.

Првично беше објавено дека се преброени повеќе од 23 отсто од гласовите, а потоа и повеќе од 50 отсто, но имало несовпаѓање меѓу вкупниот број гласови и оние во одредени општини, јавија косовските медиуми.

Првичните податоци објавени од ЦИК на онлајн платформа предизвикаа огромни реакции, бидејќи покажаа победа на Самоопределување со повеќе од 55 проценти. Претставниците на ЦИК подоцна објавија дека имале технички проблеми, дека сајтот имал преоптоварување на системот поради големиот интерес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што може да очекуваме по посетата на Урсула фон дер Лајен во Македонија?

Дали најавата за активен дијалог со Софија може да резултира со некаков епилог во македонските евроинтеграции, може ли да се потпреме на европско посредништво, колку Унијата е подготвена да го оживи процесот во наша корист?

Што може да очекуваме по посетата на Урсула фон дер Лајен во Македонија?

На овие прашања по посетата на Урсула фон дер Лајен побаравме одговори од политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела

По даден совет од претседателката на Европската Комисија - Урсула фон дер Лајен ќе се иницира билатерална средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија следната недела во Софија.

Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела

Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со фон дер Лајен, според која тоа е неопходно за да се придвижи дијалогот, а уставните измени остануваат клучен чекор.

-Се договоривме да го направиме првиот нов чекор следната недела, да се обидеме да го одблокираме процесот, всушност да го претвориме во процес, тоа е најважниот дел. Сега има само еден клучен чекор кој треба да го превземете за да можете да се придвижите напред. Знам колку е ова чуствително, но сакам да бидам јасна околу она за што се залага Европа. Ние и посакуваме добредојде на С.Македонија со нејзиниот јазик и идентитет.- Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европска Комисија

-Не бараме од Унијата да завземе страна, бараме да помогне во создавање услови за оддржливо европско решение во кое договореното ќе биде јасно, обврските ќе важат за сите а процесот на пристапување нема повторно да биде отворен за нови билатерални условувања. // Јас веднаш побарав од министерот (Муцунски) да испрати дипломатска нота да побара време за средба и состанок со неговата колешка.- Христијан Мицкоски, претседател на Влада

Македонија засега не добива патоказ како останатите четири земји кандидатки бидејќи е со блокиран пат, односно тие веќе се длабоко навлезени во преговарачкиот процес.

-Во моментот кога ќе ја деблокираме ситуацијата тука, моето лично мислење е дека можеме да бидеме мошне брзи со Македонија затоа што веќе интензивно работиме на реформите коишто се неопходни. Да, се уште има работа, но импресивно е она што досега го имате направено. Сега се фокусираме многу за да деблокираме, за да можеме потоа да дојдеме со патоказ и во Македонија.- Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европска Комисија

Премиерот Мицкоски укажа дека земјава ги исполнува своите реформски обврски но очекува европскиот пат да е фер и базиран на правила, а дијалогот со Бугарија да се одвива во добра волја, меѓусебно почитување и без нови условувања, барања и толкувања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски во Кичево: Новата болница е цел, но не чекаме — кичевската болница напредува уште сега

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска ја посети Општа болница – Кичев

Клековски во Кичево: Новата болница е цел, но не чекаме — кичевската болница напредува уште сега

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска ја посети Општа болница – Кичево, каде заедно со директорката д-р Маја Цветаноска Трајковска и градоначалникот Александар Јовановски одржа прес-конференција за новата болница и за намената на постојниот објект.

Овој настан е дел од работната посета на здравствените установи во југозападниот регион, која ги опфати и Специјалната болница за нефрологија и Општата болница во Струга.

„Новата болница е наша цел и активно работиме на реализација на овој проект. Но, граѓаните на Кичево и околината не можат да чекаат додека таа се изгради. Затоа, не чекаме — болницата ја зајакнуваме уште сега, со нова опрема, нови услуги и нов кадар“, изјави министерот Клековски.

Министерот ги истакна најзначајните новини во 2025 година, кои за првпат се воведуваат во болницата:

• имунолошки апарат за анализа на тумор-маркери, хормони, Д-димери, срцеви маркери (тропонин) и алерголошки панели;

• гасен анализатор за брза процена на итни и тешки пациенти;

• нов анестезиолошки апарат со капнограф и ново LED операционо светло, а во тек е набавка на видеоларингоскоп и автоклав;

• нов гастроскоп за подобра дијагностика;

• 4 специјализанти и 4 доктори по општа медицина трајно вработени, а за уште 5 специјализанти постапката е во завршна фаза.

„Опрема без кадар не значи ништо, а кадар без опрема не може да работи. Во Кичево ги градиме двете истовремено — за пациентот да добие дијагноза и лекување тука, во својот град, без да патува до Скопје“, истакна Клековски.

Директорката на болницата, Цветаноска Трајковска ја истакна важноста на новата опрема - во радиологијата болницата доби нов дигитален рендгенски апарат, нов дигитален мамограф и ехо-апарат 3D/4D со еластографија, донација од Општина Кичево.

Во РТГ кабинетот во 2025 година се реализирани околу 19.500 прегледи: рендгенски, компјутеризирана томографија, мамографии и ехо-прегледи на дојка.

„Имунолошкиот апарат ,,Siemens ImmuLite 2000 System" ни овозможува анализи кои претходно не можевме да ги правиме во установата, а биохемиската лабораторија годишно опслужува 28.000–30.000 пациенти. Гасниот анализатор EDAN е од особено значење за брза проценка на метаболичкиот и респираторниот статус, особено кај итни и тешки пациенти. Анестезиолошкиот апарат ,,Dräger Fabius plus XL" со капнограф овозможува подетално следење на пациентот за време на интервенцијата, а во оперативниот блок годинава се извршени над 200 хируршки интервенции. Новиот гастроскоп ја подобрува дијагностичката проценка, а со него се направени околу 100 прегледи“, потенцираше директорката.

Градоначалникот на општина Кичево, Александар Јовановски истакна дека кичевчани заслужуваат нова болница и Општината ќе продолжи да дава поддршка за нејзина реализација.

-Веќе покажавме дека даваме поддршка за болницата, со најновата донација на ехо-апарат 3D/4D со еластографија, кој денес им служи на пациентите во Кичево. Сè што е во наша можност, ќе го направиме за граѓаните да добиваат квалитетна здравствена заштита во својот град“, истакна градоначалникот Јовановски, потенцирајќи ја одличната соработка со Министерството за здравство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер