Косово избори: Самоопределување на Курти 43%, Српска листа води во сите општини со српско мнозинство - Канал 5

Косово избори: Самоопределување на Курти 43%, Српска листа води во сите општини со српско мнозинство

Според првичните резултати на вчерашните  вонредни парламентарни изборите во Косово, Самоопределување освои 43,03% од гласовите, додека Српска листа има 5,89% и води во сите општини со српско мнозинство.

Косово избори: Самоопределување на Курти 43%, Српска листа води во сите општини со српско мнозинство

Движењето Самоопределување на Албин Курти е во водство на вонредните парламентарни избори во Косово, покажуваат прелиминарните резултати на Централната изборна комисија (ЦИК) врз основа на обработени 97,76 проценти од гласачките места.

Самоопределување освои 43,03 проценти од гласовите, односно 294.251 глас, што е помалку во споредба со изборите од декември 2025 година кога партијата доби 49,34 проценти од поддршката.

На второто место е Демократската партија на Косово (ДПК) со 21,15 проценти или 144.618 гласови, додека трета е Демократската лига на Косово (ЛДК) со 17,68 проценти или 120.870 гласови.

Најсилната српска политичка партија во Косово, Српска листа, освои 5,89 проценти или 40.291 глас и, според податоците на ЦИК, забележа убедлива победа во сите општини со српско мнозинство.

Другата српска партија која учествуваше на изборите, „За слобода, правда и опстанок“, освои 0,73 проценти или 4.962 гласа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Битола: Јавен повик за обезбедување услуги за рехабилитација и поддршка на лица со попреченост преку здруженија на граѓани

Општина Битола објавува јавен повик за обезбедување услуги за рехабилитација и поддршка на лица со попреченост преку здруженија на граѓани.

О. Битола: Јавен повик за обезбедување услуги за рехабилитација и поддршка на лица со попреченост преку здруженија на граѓани

Предмет на овој јавен повик е прибирање понуди од здруженија на граѓани (ЗГ) за обезбедување на следните услуги: логопедски услуги, психо-социјална поддршка, рехабилитациони услуги, едукативни семинари за родителство и грижа и обуки за правата на децата и лицата со попреченост.

Активностите се насочени кон подобрување на квалитетот на животот и социјалната вклученост на лицата со попреченост и нивните семејства.

Подобрување на општата социјална состојба на лицата со попреченост преку услуги обезбедени од здруженија на граѓани, во партнерство со Општина Битола.

Проектите ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2026 година согласно Програмата за социјална заштита на Општина Битола за 2026 година.

Документацијата се доставува во архива или по пошта во рок од 10 работни дена од денот на објавување на овој повик заклучно со

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Србин убиен во Барселона- Напаѓачот му се приближил одзади и испукал неколку куршуми

Во пукотницата што се случи во Барселона, убиен е маж, за кого шпанските медиуми велат дека е од српска националност.

Србин убиен во Барселона- Напаѓачот му се приближил одзади и испукал неколку куршуми

Според порталот ElCaso.cat, пукотницата се случила во недела околу 21 часот во внатрешниот двор на зграда во населбата Зона Франко, кога маж облечен во црно испукал неколку куршуми во грбот на човекот.

И покрај напорите на соседите, медицинските работници и агентите на Мосос, кои брзо излегле на терен, човекот починал. Некое време, целата населба била блокирана, но напаѓачот не бил пронајден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: „Центарска симфонија“ во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје

Општина Центар ги поканува граѓаните во сабота, 13 јуни, со почеток во 19:30 часот, на „Плочник“ во Градски Ѕид (Клуб на новинари), на „Центарска симфонија“ ,  музички спектакл под отворено небо во срцето на Скопје.

Герасимовски: „Центарска симфонија“ во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје

„Ќе имате можност да уживате во македонски шлагери инспирирани од домашната кинематографија од седумдесеттите години до денес, како и во безвременски мелодии од светските филмски класици, претставени во моќно и современо симфониско издание“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

На концертот ќе настапат Сонора Колектив оркестар и вокалните солисти Иван Наумовски и Елена Васова. Влезот е слободен.

„Оваа манифестација стана традиција. Првото издание лани привлече голем инетерес, што покажува дека ваквите настани му се потребни на Скопје. Во летните денови тие го раздвижуваат градот и ги сплотуваат граѓаните. Се надевам дека и годинава ќе го имаме истото силно и емотивно доживување,“посочи Герасимовски.

Проектот е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер