Косово има 1.586.659 резидентни жители, според прелиминарните резултати на пописот - Канал 5

Косово има 1.586.659 резидентни жители, според прелиминарните резултати на пописот

Агенцијата за статистики на Косово (АСК) ги објави денеска прелиминарните резултати од пописот на населението, според кои Косово има 1.586.659 резидентни жители, од кои 795.046 се мажи, а 791.614 се жени, јави дописникот на МИА од Приштина.

Косово има 1.586.659 резидентни жители, според прелиминарните резултати на пописот

Досега, како што информира вршителот на должноста директор на АСК, Авни Кастрати на прес-конференција на која присуствуваа премиерот Албин Курти, министри, градоначалници и амбасадори, регистрирани се и околу 600 илјади нерезидентни жители.

Соодносот на половите не е променет и останува ист, односно жени се 49,90 отсто а мажи 50,10 отсто.

Само во девет од 38 општини има зголемување на бројот на жители, додека во другите 29 има намалување.

Според првичните податоци, просечната возраст на населението е 34,82 години.

Според АСК, има намалување на бројот на жители во возрасната група од 0-15 години и зголемување на бројот на жители над 64 години.

Густината на населеност, според АСК, е 145,5 жители на еден квадратен километар.

Општини со најголема густина се Косово Поле со 762 жители на квадратен километар, Мамуша со 513 жители и Приштина 434 жители на квадратен километар.

Просечниот број на членови во едно домаќинство во 2024 година е 4,5 жители.

Според АСК, во четирите северни општини на Косово, населени со мнозинско срспко население - Лепосавиќ, Зубин Поток, Звечан и Северна Митровица, имало масовен бојкот, но дел од жителите биле попишани.

Премиерот Албин Курти по повод објавувањето на податоците рече дека тие се мошне значајни за носење одлуки во иднина.

- Без точни податоци, без статистики, и одлуките ќе бидат неточни. Во демократијата, носењето политички одлуки е многу важно. Горд сум како премиер на посветеноста и заложбите на оние кои учествуваа во овој процес. Јас лично за кратко време неколку пати разговарав со АСК за да ја дадам мојата поддршка. Европската унија, УСАИД се потпираат на други статистички податоци за да донесат други одлуки. Оваа посветеност ја зголемува интеграцијата на меѓународната сцена. Моќна агенција за статистики која обезбедува важни статистики е драгоцена агенција за земјата, рече Курти.

Вршителот на должноста директор на АСК, Кастрати, истакна дека целиот процес на попис бил дигитален.

Според него, податоците се објавени за резидентните жители но и за дијаспората. Тој рече дека процесот на попис за дијаспората ќе продолжи до крајот на август и ги повика иселениците да ја искористат можноста за попишување.

Кастрати најави дека конечните резултати од процесот ќе бидат објавени во декември годинава, но тие „не се очекува да се разликуваат многу од прелиминарните“.

Годинешниот попис на населението се одржа од 5 април до 24 мај, а според претходниот, одржан во 2011 година, во Косово имало 1.739.825 резидентни жители. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриено зошто портпаролката на Трамп беше отпуштена по само пет дена

Закарија беше отпуштена од функцијата портпаролка на Белата куќа по само пет дена на работа.

Откриено зошто портпаролката на Трамп беше отпуштена по само пет дена

Кејти Закарија беше отпуштена од функцијата портпаролка на Белата куќа по само пет дена на работа, по критиките за нејзиното прво интервју со новинарите и прашањата за нејзиното прикажување како адвокат, иако не го положила правосудниот испит, објавува „CBS News“.

Службеник изјави за „CBS“ дека Закарија била невообичаено изолирана во текот на неделата и не ги извршувала своите должности како портпаролка на очекуваниот начин.

„Никој не мислеше дека ќе остане доволно долго за да биде вклучена во вистинското донесување одлуки“, рече помошник на Белата куќа.

Закарија, која беше избрана од американскиот претседател Доналд Трамп да ја замени Каролин Левит, се најде под оган по нејзиниот прв и единствен брифинг во Белата куќа во вторник, за време на кој таа читаше подготвени изјави околу десет минути, а потоа одговараше на прашања од новинари од три медиуми.

Прашањата за нејзините професионални квалификации привлекоа дополнително внимание.

Закарија дипломирала на Правниот факултет на Универзитетот Пепердин, но не го положила правосудниот испит во Калифорнија во 2011 година, тврдење што го изнела.

Таа ги негираше тврдењата дека се претставила како адвокат, велејќи дека никогаш не тврдела дека има лиценца за практикување адвокатура.

Според извори запознаени со дискусиите, се очекува Закарија наскоро да заземе друга позиција во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во петокот, Трамп за нејзината позиција рече дека ја советувал да размисли дали сака да продолжи како прес-секретар во Белата куќа.

„Тие беа толку груби кон неа“, рече Трамп, осврнувајќи се на медиумите, додавајќи дека ѝ рекол да ја преиспита својата одлука, со оглед на нејзиното семејство и притисокот под кој се наоѓаше.

Пократок мандат од Скарамучи

Закарија му се заблагодари на Трамп и ја изрази својата поддршка за американскиот претседател во објава на социјалните мрежи.

„Беше чест да работам за него“, напиша таа.

Белата куќа сè уште не објавила кој ќе ја наследи како прес-секретар во Белата куќа.

Нејзиното заминување потсетуваше на краткиот мандат на Ентони Скарамучи, кој помина само 11 дена како директор за комуникации во Белата куќа за време на првиот мандат на Трамп, потсетува американскиот телевизиски канал.

„Рекордите се тука за да се соборат, но јас не уживам во страдањето на другите“, напиша Скарамучи на социјалната мрежа „X“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ ги изненади сите со својот најмал „Xbox“ контролер

Полесен е од вашиот телефон, лесно се става во џеб и сè уште ги има сите копчиња што ви се потребни.

„Microsoft“ ги изненади сите со својот најмал „Xbox“ контролер

„Xbox“ го најави „Nano Controller“, најмалиот контролер што компанијата некогаш го направила. Дизајниран е за деца, гејмери ​​со помали раце и луѓе кои сакаат да играат игри надвор од дневната соба. „Nano“ е долг нешто повеќе од 12 сантиметри и тежи околу 99 грама.

И покрај својата големина, „Xbox“ не отстранил никакви контроли. Ги добивате сите 18 стандардни влезови, така што распоредот на копчињата се совпаѓа со „Xbox“ контролерот со кој веќе сте запознаени.

„Nano“ користи батерија што може да се полни, иако „Xbox“ не откри колку долго ќе трае едно полнење. Исто така, постои и програмабилно копче за акција што можете да го поставите да прави снимки на екранот, да снима игра или да стартува кратенка што често ја користите.

Се поврзува преку „Xbox Wireless“ и „Bluetooth“, така што можете да го користите со кој било компатибилен уред. „Xbox“ го позиционира и „Nano“ како контролер за целото семејство.

„Xbox Nano Controller“ е достапен за преднарачка за 50 долари. Испораката започнува во ноември во 36 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Канада, Јапонија и Австралија, а дополнителни пазари ќе бидат додадени подоцна. Цените ќе варираат во зависност од пазарот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника во Русија: Шпионски авион кружел со часови во близина на границата

Американски шпионски авион денес кружел два часа над Естонија и Латвија, десет километри од нивната граница со Русија, по што се вратил во својата база во Романија, според податоците од летот од авионот.

Паника во Русија: Шпионски авион кружел со часови во близина на границата

Според податоците пренесе РИА Новости, авионот полетал од меѓународниот аеродром „Михаил Когалничеану“ во Констанца, Романија, околу 9:42 часот наутро и прелетал над Унгарија, Словачка, Полска и три балтички земји, каде што неколку пати кружел во близина на нивните граници со Русија.

Авионот, за кој РИА Новости вели дека редовно се користи за летови околу регионот Калининград и над Црното Море, долж Крим и други јужни региони на Русија, се вратил во својата база во Романија денес околу 16:33 часот.

Руските власти изјавија дека во последните години се забележани досега невидени активности на НАТО долж западните граници на земјата и дека НАТО ги проширува своите иницијативи, нарекувајќи го тоа „одвраќање од руската агресија“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер