Косово гласа на парламентарни избори, први редовни од прогласувањето на независност - Канал 5

Косово гласа на парламентарни избори, први редовни од прогласувањето на независност

Во косово се одржуваат парламентарни избори, на кои партијата на Курти е апсолутен фаворит за победа.. 

Косово гласа на парламентарни избори, први редовни од прогласувањето на независност

Без поголеми непреавилности, под будното око на меѓународните набљудувачи и со засилено присуство на КФОР во Косово се одржуваат парламентарни избори, на кои право на глас имаат вкупно 2 милиони граѓани од кои нешто над 100 илјади се гласачи од дијаспората. Од вкупно 120 пратенички места 20 се загарантирани за малцинствата и тоа 10 се за Србите додека останите 10 се за другите малцински заедници. Србите на Косово за разлика од минатите избори кога беа повикани да бојкотираат сега излегуваат масовно уште од раните утрински часови со цел да се вратат активно во косовските институции. На границата беа регистрирани и повеќе автобуси кои од србија носеа граѓани со право на глас а гласачките места на северот на косово каде доминантно се србите уште од утринските часови масовно беа посетени од гласачите.

Очекувам да биде многу подобро за народот на Косово и Метохија особено за они од српската националност бидејчи сметам дека се доста обесправени во последниот период.

Она што е во фокусот на овие избори на Косово е дали досегашниот премиер Албин Курти и неговата пратија ќе имаат мнозинство од 61 пратеник за да формира влада. Аналитичари сметаат дека тој нема коалициски капацитети и доколку не освои мнозинство нема да може да формира влада туку тоа ќе го преземе опозицијата. Засега уште е рано да се прогнозира исходот од изборите но како сериозен удар се смета директната порака од Ричард Гренел кој е прв човек на новиот американски претседател Трамп, кој отворено на пет дена пред изборите му порача дека тој е факторот на нестабилноста на Балканот и САД во него не гледа кредибилен партнер во својата мисија за мир во светот. Според аналитичарот Мерсел Биљали оваа порака од САД најмногу се однесувала за опозициските партии да се обесхрабрат да коалицираат со Курти.

Ова се деветти парламентарни избори во земјата од прогласувањето на независноста и први редовни.

Според предизборните анкети и анализите на политичките експерти, главната битка се очекува да се води помеѓу Движењето Самоопределување на Албин Курти, Демократската лига на Косово, Демократската партија на Косово и Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп – Битола e со одлична динамика, првите километри следната година

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година.

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп – Битола e со одлична динамика, првите километри следната година

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира денеска потпретседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој со премиерот Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Прилеп.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цената на бакарот руши рекорди – новиот максимум е 14.912 долари за тон

Светот „во трка“ по бакар. Цената руши рекорди, па на Лонодонската берза за метали достигна историски максимум од 14.912 долари за тон.

Цената на бакарот руши рекорди – новиот максимум е 14.912 долари за тон

Причината е растечката побарувачка, но и стравувањата дека новото производство нема да може доволно брзо да го следи растот. Според долгорочните проценки, светската побарувачка за бакар може да надмине 50 милиони тони годишно до 2050 година, од околу 34 милиони тони денес. Македонија има бакар – но сè уште нема јасен одговор дали може да го искористи потенцијалот кој е под земја, без да ја загрози животната средина.

Најголемиот потенцијал го има Иловица, но неизвесноста околу реалзиацијата на проектот продолжува. Дел од жителите на Иловица организирани преку иницијативата „И Здравје и Работа“ даваат поддршка. Дел од неа е и Никола Стаменов, поранешен претседател на Федерацијата на фармери на Македонија, кој за Канал 5 вели дека има начин како да имаме финансиски бенефит како држава и да ја заштитиме животната средина, ако се почитуваат светските еколошки стандарди.

-Ние граѓаните, мнозинството од двете населени места, па можам да кажам и општина Босилово и регионот и граѓаните од таму со кои комуницираме, сме „за“ отворање на рудникот за бакар и злато „Иловица“. Имаше неколкумина кои беа противници на отворањето со напомената дека со рудникот ќе се загрозат животната средина, воздухот, почвата, меѓутоа, со најсовремена европска и светска технологија имаме целосна гаранција дека до тоа нема да дојде. - Никола Стаменов – Иницијатива „И здравје и работа“

Бакарот е неопходен за електричните мрежи, обновливите извори на енергија, електричните возила, но и за изградбата на центри за податоци кои се потребни за развојот на вештачката интелигенција. Поради ова, побарувачката расте, а отворањето нови рудници трае со години. Дополнителен притисок на пазарот периодов создаваат и САД, каде поради очекувањата за царини се пренасочуваат големи количества физички бакар кон американскиот пазар, а тоа ја намалува достапноста на металот на другите пазари.

Каја нас, бакар веќе се експлоатира во Бучим, каде годишно се преработуваат повеќе од 4,5 милиони тони руда, но Иловица-Штука според проценките би произведувала околу 16 илјади тони бакар годишно, во период од околу 20 години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Истиот познат вкус, со освежен изглед

Скопско го претстави освежениот изглед на своите етикети и новиот Скопско мурал

Истиот познат вкус, со освежен изглед

Со одлична енергија и супер дружење во препознатлив шмек, СКОПСКО го одбележа освежувањето на изгледот на своето портфолио со отворен настан на 20-ти август, во Дебар Маало, на кој се собраа сите пријатели и љубители на СКОПСКО.

Освежениот изглед на етикетите ја задржува длабоката врска со традицијата и клучните симболи што го дефинираат брендот низ децениите и истовремено воведува современ израз, што е прилагоден на времето што доаѓа.

Како дел од прославата присутните имаа можност да го видат уникатниот СКОПСКО мурал, потпишан од уметникот Драш и специјалната СКОПСКО фонтана, која донесе вистинско, но и визуелно освежување.

За спектакуларната завршница на настанот беа задолжени дечките од Дупер, кои со својот енергичен настап ја кренаа атмосферата на следно ниво и ја затворија оваа незаборавна вечер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер