Косово целосно ја повлече одлуката за зголемените царини

Косовската Влада ја укина во целост одлуката за зголемените царини, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што информира Бектеши на прес-конференција, ова е уште една потврда за добрите односи меѓу двете земји. Одлуката треба да се спроведе од утре откако претходно косовските власти ќе испратат официјално писмо до нивните царински служби.

- Пред неколку минути бев информиран дека Косово ја повлече одлуката во целост, а претходно на владината седница на косовската Влада, биле земени предвид аргументите што беа изнесени од македонската страна на петочната средба во Приштина, истакна Бектеши.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој рече дека за предизвиканите штети од косовската одлука проценка ќе направи Министерството за земјоделство, по што Владата ќе преземе соодветни мерки за да им помогне на трговците производителите што претпреа загуби.

Косово ја воведе одлуката на 18 јули годинава и со неа царините за вкупно 21 земјоделски производ беа зголемени за 30 отсто. По неколку дена одлуката беше делумно повлечена, односно за некои производи, но за седум се уште важеше, а на нив отпаѓаше најголемиот дел од македонскиот извоз на Косово.

- По нашата писмена реакција, следеше измена на одлуката. Мерката остана да важи само за седум производи: домати, пипер, јаболка, грозје, круша, сливи и малини. Ваквата одлука не им одговараше на нашите земјоделски производители бидејќи стануваше збор за сезонски производи на кои отпаѓа најголемиот дел од македонскиот извоз на косовскиот пазар, појасни Бектеши.

Тој се заблагодари јавно за, како што рече, разбирањето од косовска страна.

- Владата ќе биде во целост посветена на регионална соработка и на спроведување на сите договори. Целта е да се обезбеди поголем пазар, не само за македонските компании, туку за сите компании во регионот, а со тоа да се подготвиме да влеземе во големите европски и светски пазари, истакна Бектеши.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер