Коснет: Србија е во прегратките на Русија и Кина, а Косово се третира како непослушно дете - Канал 5

Коснет: Србија е во прегратките на Русија и Кина, а Косово се третира како непослушно дете

Поранешниот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Косово, Филип Коснет ги оцени како неуспешни напорите на меѓународната заедница да ја привлече Србија кон Западот, додека го критикува, според него, погрешното однесување кон Косово.

Коснет: Србија е во прегратките на Русија и Кина, а Косово се третира како непослушно дете

Во интервју за „Еурактив“ (Euractiv.com), кое го пренесуваат медиумите во Приштина, Коснет изјави дека Србија е „очигледно влезена длабоко во прегратките на Русија и Кина“.

- Мислам дека Србија е очигледно влезена длабоко во прегратките на Русија и Кина. Значи, какви и да се напорите што меѓународниците ги преземаа сите овие години за да го повлечат Белград кон Запад, сè уште не покажаа никакви резултати, рече Коснет.

Коснет, кој беше амбасадор од 2018 до 2021 година, вели дека последните 15-20 години напори да се постигне договор меѓу Косово и Србија, постоела некаква тенденција на фрустрирање во однос на Косово, кое се третира како „непоослушните деца кои мора да прават како што им е кажано“.

- Ова, во комбинација со идејата дека Србија е најважна во регионот и дека треба „да ја прибереме во европското јато и да не ја туркаме во прегратките на Русија и Кина“, не беше најмудриот пристап, додаде тој.

Според поранешниот амбасадор, Русија активно се обидува да го дестабилизира Западен Балкан, додека нагласува дека признавањето на Косово од петте земји на ЕУ кои сé уште не го признале „би било важна манифестација на европската и западната солидарност“.

- Мислам дека ова ќе биде добро време за САД и Европската унија да упатат силен апел до оние европски земји кои се членки на НАТО кои не го признаа Косово да го сторат тоа, додаде Коснет.

Американскиот дипломат, кој моментално е виш соработник за трансатлантската програма за одбрана и безбедност во Центарот за анализа на европската политика, истакна дека Европа и Западот треба да бидат пореални. Според него, воведувањето санкции на Косово и можноста за санкционирање на Србија, не се најдоброто решение.

- Морковите се поефикасни од стапчињата, стимулациите се поефикасни од заканите во дипломатијата. И двете имаат свое место, но мислам дека би било подобро меѓународната заедница да се фокусира на економски, политички и безбедносни стимулации, наместо на санкции, заклучи поранешниот американски амбасадор во Косово, Филип Коснет во интервјуто за „Еурактив“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Пратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет.

За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругата

Жак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал  сопругата

Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале.

Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер