Во недела попладне по локално време , односно во 20.48 часот по средноевропско, вселенското летало се врати на Земјата и слета во океанот покрај брегот на Пенсакола, Флорида.
Оттаму, екипите на „СпејсИкс“ ќе ги пренесат на аеродром до вселенскиот центар Џонсон во Хјустон, Тексас.
Мисијата, официјално назначена како SpaceX Demo-2, беше демонстративен лет на леталото на SpaceX, а враќањето ја означи последната фаза во повеќе од 60-дневен лет до Меѓународната вселенска станица. Мисијата одбележа првиот пат во скоро една деценија што астронаутите на НАСА ги лансирале од американско, наместо од руско тло до ISS.
Бенкен и Харли полетаа од вселенскиот центар Кенеди во мај, кога ракетата „Фалкон 9“ го лансира леталото „Dragon“ во орбитата 250 милји над Земјата.
Ова беше историско , прво слетување на НАСА по 45 години, откако заврши програмата Аполо.