Космонаутите добија микробранова за да си печат колачиња во вселената (ВИДЕО) - Канал 5

Космонаутите добија микробранова за да си печат колачиња во вселената (ВИДЕО)

Микробранива печка стигна на Меѓународната вселенска станица , за да може космонаутите да прават истражувања со колачи.

Космонаутите добија микробранова за да си печат колачиња во вселената (ВИДЕО)

Карпулата со товар беше лансирана во саботата од американската сојузна држава Вирџинија со специјална „вселенска микробранова печка“ и состојки за колачи.

Астронаутите треба да тестираат како високите температури и нулта гравитацијата влијаат на формата и конзистентноста на колачите.

Тоа ќе биде првото печење колачи во вселената.

Хотелскиот ланец Hilton DoubleTree , кој ги обезбеди состојките, рече дека „историскиот кулинарски експеримент“ треба да донесе „домашен мирис “ при долготрајниот престој во вселената.

Капсулата Cygnus донесе уште понеобична опрема, вклучувајќи делови за спортски автомобили и елек за заштита од зрачење.

YouTube video

Астронаутите ќе ја тестираат удобноста на елекот во станицата, а италијанскиот производител на автомобили Ламборџини испрати примероци од јаглеродни влакна за да утврдат како тие се однесуваат доколку се погодени од директно зрачење во вселената.

Капсулата тежеше 3700 килограми и веќе пристигна на Меѓународната вселенска станица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски од Брисел- Посветно ги спроведуваме реформските процеси и Планот за раст на ЕУ

Поддршка за проширувањето на ЕУ е голема , јавното мислење е со голема подршка за членство во ЕУ. 

Николоски од Брисел- Посветно ги спроведуваме реформските процеси и Планот за раст на ЕУ

Македонија успешно ги спроведува реформските процеси, бележи трет најголем економски раст во Европа од 4,3% раст на БДП во вториот квартал, целосно сме посветени и целосно усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, истакна заменик претседателот на Владата на панел дискусијата посветена на проширувањето на ЕУ, во организација на тинк тенк орагнизацијата “Пријатели на Европа” што се оддржува денеска во Брисел.

“Што се однесува до реформите, генерално добро се справуваме. Беше споменат Планот за раст, сè што беше побарано од нас, направивме. Економијата буквално бележи рапиден раст. Во вториот квартал од оваа година имаме раст на БДП од 4,3%, што е трет највисок во Европа. Она што е многу важно за мојата земја: имаме политичка, економска, но и меѓуетничка стабилност и кохезија, нешто кон кое стремевме во минатото. кога ќе јагледнете целата слика, земјата се движи во добар правец. Целосно сме посветени и усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија — не 80%, не 90%, туку 100%. Единствената причина зошто не напредуваме, за жал е ова вето од Бугарија” – се обрати Николоски.

Тој истакна дека поддршка од ЕУ е голема за Македонија. Голем сигнал е тоа што претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен доаѓа во Скопје.

“Сега работите дефинитивно се менуваат. Секако, ситуацијата со Украина и Молдавија му помага на целиот процес на проширување и тоа треба да се искористи. Постои интерес за регионот. Претседателката Фон дер Лајен доаѓа во Скопје — беше во Албанија, Црна Гора, Косово и доаѓа во Македонија, што е одличен сигнал. Се надевам дека ќе се најде механизам што Европската Комисија ќе може да го искористи и да ги отвориме пристапните преговори. Отворените прашања со соседите мора да се решат на еден или друг начин, но сметам дека атмосферата ќе биде многу порелаксирана и позитивна ако ги започнеме преговорите” – рече Николоски.

На панелот, тој потенцира дека успехот на регионот е заедничкиот настап и тоа веќе се препознава преку економскиот раст на регионот, преку развој на туризмот и развој на ависообраќајкот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби, Бајрами, и уште шест лица

Денеска продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и уште шест лица.

Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби,  Бајрами, и уште шест лица

Според обвинението, тие со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од над 9 милиони евра сите обвинети во досегашниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а судската постапка ја води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху: Копилотот на авионот на „Флајдубаи“ бил подложен на радикална исламистичка индоктринација

Двајца израелски безбедносни претставници рекоа дека првичната проценка на израел е дека копилотот, идентификуван од Израел како државјанин на Оман, веројатно дејствувал сам, иако истрагата е сè уште во тек.

Нетанјаху: Копилотот на авионот на „Флајдубаи“ бил подложен на радикална исламистичка индоктринација

Копилотот на патничкиот авион кој го избоде капетанот во очигледен обид да го собори авионот додека летал кон Израел, бил подложен на радикална исламистичка индоктринација и очигледно имал самоубиствени намери, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

Катастрофата беше избегната на авионот на „Флајдубаи“ од Дубаи до Тел Авив, откако ранетиот капетан успеа да ја отклучи вратата од пилотската кабина, дозволувајќи им на патниците да го совладаат напаѓачот.

Резервен екипаж што бил во авионот го спуштил авионот, во кој имало повеќе од 170 патници, на аеродромот Табук во Саудиска Арабија.

Авионот паднал повеќе од 14.000 стапки за помалку од 30 секунди за време на инцидентот додека летал над Саудиска Арабија на патувањето од Обединетите Арапски Емирати до Израел,.Нетанјаху рече дека е јасно оти копилотот планирал самоубиство.„Изгледа многу веројатно дека тој планирал да го собори авионот“, рече Нетанјаху.„Но, повторно, сè уште не донесувам конечни заклучоци. Но, тоа се индикациите што ги имаме сега“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер