Кошутиќ: Префиксот загубар веќе не е соодветен за „Железници Транспорт"

Загубите беа од некомпетентно и несовесно работење.

Изминатите шест месеци докажавме дека може да се смени сликата на „Железници Транспорт" и неблагодарно е зад претпријатието да стои префиксот загубар. Довербата на добавувачите е вратена, тие веќе немаат кочница дали сме клиент, а вратена е целосно и довербата кон доверителите. Сите деловно-технички релации со компаниите за одржување во регионот и пошироко се обновени. Сега сме во 24-часовна комуникација со кој било од железничкиот бизнис во југоисточна Европа и тоа зборува на која патека сме, рече денеска генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „ЖРСМ Транспорт“ Дејан Кошутиќ.

Тенденцијата е, нагласи Кошутиќ, е „Железници Транспорт" да достигне просечен годишен приход меѓу 12 - 13 милиони евра како што беше во 2012 година.

Како што изјави Кошутиќ, 70 отсто од долгот на „Железници Транспорт", 13,5 милиони евра, колку што вкупно бил пред пет месеци, не е од оперативното работење, туку од некомпетентност и несовесно работење. Многу е едноставно, истакна директорот, да се направи долг кога не се плаќало апсолутно ништо, независно дали станувало збор за 7 500 денари за електронско следење на Службен весник или пет милиони денари за струја.

-Жално е, а има низа субјективни причини поради кои изминативе години е направена црна слика за железницата. Невозможно е секаде товарната железница да биде профитабилна, само кај нас да е непрофитабилна во изминатите пет години, а имаме 220 километри пруга од Табановце до Гевгелија, напомена Кошутиќ, одговорајќи на новинарски прашања.

Тој ги оправда ланските протести на врабоптените со образложение дека очекувале работа и месечни примања, но, никој, нагласи, не се грижел за тоа.

-Главен предизвик кога бевме избрани беше луѓето во трите големи претрпиајтија, „Железници Транспорт", „Железници Инфраструктура“ и „Македонски пошти“ да земаат плата. Од јули лани нема никаков проблем со тоа, а гледаме и први добри резултати. Пристапивме менаџерски, прво гледавме да ја стабилизираме компанијата, а потоа и да доаѓаат резултати, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски по посетата на „Железници Транспорт".

Москва: Американските компании загубија 300 милијарди долари со напуштање на рускиот пазар

 Директорот на рускиот Фонд за директни инвестиции (РДИФ), Кирил Дмитриев, изјави денеска, пред почетокот на руско-американските преговори во Ријад, дека американскиот претседател Доналд Трамп е „човек кој решава проблеми“.

„Навистина гледаме дека претседателот Трамп и неговиот тим - тим кој решава проблеми, луѓе кои многу брзо, многу ефективно и многу успешно се соочија со голем број големи предизвици“, рече Дмитриев.

Тој посочи дека американските компании изгубиле околу 300 милијарди долари со напуштањето на рускиот пазар поради војната во Украина.

„Она што е важно е изнаоѓање заеднички економски патишта и позитивни решенија, пред се за САД и за многу други земји кои почнуваат да сфаќаат дека рускиот пазар е исклучително атрактивен и дека е неопходно да се биде присутен таму“, рече тој.

„Се разбира, денешните разговори со американската делегација се исклучително важни. Сите очи се вперени во тоа дали САД и Русија ќе успеат да ги подобрат своите односи, бидејќи нашите подобри односи ќе ни овозможат да решиме голем број глобални задачи и проблеми со кои се соочува светот во моментов“, им рече тој на новинарите пред руско-американските разговори во Ријад, додавајќи дека тој ќе биде одговорен за разговорите за „економскиот аспект“.

Дмитриев, поранешен банкар на Голдман Сакс, образован во САД, одигра голема улога во првите контакти меѓу Москва и Вашингтон за време на првиот претседателски мандат на Трамп.

СДСМ: Намалување на ДДВ за струја на 5 отсто ќе донесе значително намалување на сметките

Прифаќање на предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ за електрична енергија од 18% на 5%, ќе донесе значително намалување на сметките за струја на над 600.000 домаќинства.

За сметка од 3.000 денари, заштедата за граѓаните ќе изнесува околу 400 денари месечно.

Во услови кога животот станува сè поскап, сè повеќе семејства се соочуваат со финансиски тешкотии мерката на СДСМ за намалување на ДДВ за струја на 5% ќе донесе директно финансиско олеснување за граѓаните.

Евростат измери дека граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја во регионот.

Владата на Мицкоски покажа голема неспособност и незаинтересираност, наместо да им помогне на граѓаните ги остави сами.

Граѓаните се жалат дека јануарските сметки за струја им се зголемени од 20% до 30%, со што им е зададен уште еден сериозен удар врз нивните семејни буџети по серијата поскапувања на цените на производите, на храната но и на парното.

СДСМ ја повикува Владата и сите пратеници во македонското Собрание, да го прифати предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ на струја од 18% на 5%, за да им се помогне на граѓаните да го прребородат овој тежок период.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Во Ријад почнаа преговорите помеѓу руската и американската делегација

 Во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад почнаа преговорите помеѓу руската и американската делегација за завршување на војната во Украина.

Како што јавија руските медиуми, преговрите се водат во една од палатите на кралското семејство, Дирија во комплексот Албасатин,

Во Ријад допатуваа шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и помошник-претседателот на Русија, Јуриј Ушаков. Американската делегација е предводена од државниот секретар Марко Рубио.

притисни ентер