3ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра се потрошиле за коридорите 8 и 10Д а градбата била заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
БалканКошта во тридневна посета на Бугарија, меѓу темите за разговор и проширувањето на ЕУ Претседателот на Европскиот совет истакна дека одбраната и конкурентноста „одат рака под рака“ во напорите за зајакнувањето на европската економија, подобрувањето на безбедноста и зајакнувањето на територијалната кохезија. Претседателот на Европскиот совет Антонио Коста од денеска до вторник ќе престојува во посета на Бугарија во чии рамки со највисоките претставници на бугарските власти ќе разговара за клучните приоритети на ЕУ, регионалната стабилност и важноста од координирана акција за справување со заедничките предизвици. - Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Бугарија за да разговарам за приоритетите на Европската Унија и да дознам повеќе за придонесите на земјата во нашите заеднички напори за поттикнување на иновациите и градење на позелен и попаметен континент. Со нетрпение очекувам да видам со свои очи како нашите заеднички политики се преточуваат во реални, најсовремени проекти кои им користат на животите на луѓето и го подобруваат нашиот заеднички просперитет, изјави Кошта во пресрет на посетата. Претседателот на Европскиот совет истакна дека одбраната и конкурентноста „одат рака под рака“ во напорите за зајакнувањето на европската економија, подобрувањето на безбедноста и зајакнувањето на територијалната кохезија. - Силата на ЕУ лежи во единството. Само со здружување на нашите вештини и способности можеме да се справиме со нашите сегашни предизвици и да обликуваме одржлива, конкурентна и безбедна иднина за сите Европејци, додаде Кошта. Како што соопшти Европскиот совет, предвидено е за време на престојот во Бугарија, Кошта да се сретне со бугарскиот претседател Румен Радев и со премиерот Росен Жељазков. Со нив Кошта ќе разговара за тековните и идните активности во неколку области, вклучувајќи ја европската одбрана, поддршката за Украина, конкурентноста, миграцијата и проширувањето на ЕУ. Кошта ќе се сретне и со локални лидери, бизнис иноватори, студенти и истражувачи, при што ќе ја „потврди посветеноста на ЕУ за поддршка на стратешките сектори на Бугарија и нивно интегрирање во пошироката амбиција на Европа за зголемување на нејзиниот просперитет, одржливост и отпорност“. - Претседателот Кошта, заедно со премиерот Жељазков, ќе има можност да посети неколку важни индустриски и технолошки центри. Посетата ги одразува тековните напори на ЕУ за зајакнување на одбранбените капацитети на Европа, поттикнување на иновациите и конкурентноста и спроведување на зелената и дигиталната транзиција, се наведува во соопштението. Предвидено е Кошта да ги посети фабриката „Арсенал“ во Казанлак, која е водечки бугарски производител на оружје и муниција, како и Центарот за аквапонија при Универзитетот „Тракија“ во Стара Загора, каде се спроведуваат врвни истражувања за аквапонија, како дел од напорите на регионот за диверзификација на својата економија и остварување на амбициите на ЕУ за зелена транзиција и обезбедување на одржливо производство на храна и на нејзина безбедност. Кошта ќе ги посети и Пловдив, уметничкиот центар Филипополис и Институтот за компјутерски науки, вештачка интелигенција и технологија (ИНСАИТ) во Софија, во чии рамки се наоѓа една од шесте европски фабрики за вештачка интелигенција и кој придонесува за тековните напори на ЕУ за поттикнување на иновациите во овој сектор согласно со неодамна објавениот „Акциски план за континентот на вештачката интелигенција“. - Овие посети го истакнуваат разновидниот придонес на Бугарија кон стратешките цели на ЕУ и ја покажуваат важноста на улогата на локалните експертски знаења во европското зајакнување, се додава во соопштението. /МИАТагови: Антонио Кошта Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВрховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот го врати на повторно постапувањеВрховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. Врховниот суд соопшти дека ги укина пресудите на Основниот кривичен суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје во предметот против поранешниот градоначлник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и случајот го врати на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд. Врховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. Кривичен го осуди Јакимовски за две дела – бесправно градење и злоупотреба на службената положба. За бесправната изградба на општинскиот објект судот му изрече казна затвор од една година, а за злоупотреба на службената положба и овластување затворска казна од три години. Тогаш Јакимовски рече дека пресудата е донесена без докази и дека е политички мотивирана. Со најновата одлука, Врховниот суд ги укинува првостепената пресуда од 2025 година и пресудата на Апелацискиот суд од 2026 година и предметот го враќа на повторно постапување пред првостепениот суд.Тагови: Стевчо Јакимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Контролирано судство под Мицкоски ги ослободува виновниците за КочаниГазда Деко и речиси сите обвинети за „Пулс“ се на слобода.Родителите порачаа дека правдата не смее да истече. А што прави власта на Мицкоски? Две и пол години ја контролираат полицијата. Две и пол години ги контролираат обвинителствата. Две и пол години ги контролираат судовите. И каков е резултатот? Виновниците за трагедијата во Кочани, во која загинаа 63 млади животи а 193 беа повредени, излегуваат на слобода. Ова е контролирано судство што ги штити своите, а жртвите и нивните семејства ги остава без одговор, без правда. Како што Мицкоски рече дека ќе се повлече од политиката ако се докаже дека обезбедувањето во Пулс има врска со ВМРО, така и сè што ветил и кажал е лага. Човек кој кога ќе прозбори – лаже. Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот обвинител и испраќа закани, родителите на загинатите во Кочани повторно гледаат како правдата се топи. Го ослободуваат Латас. Го ослободуваат Груевски. Си го враќаат имотот стекнат преку криминал. Ги ослободуваат одговорност телохранителите кои тепаат жени. Ги ослободуваат од одговорност царината и полицијата за 5 тони дрога. Ги ослободуваат градоначалниците… Така изгледа правдата со Мицкоски. СДСМ стои со семејствата на жртвите. Бараме целосна и неселективна одговорност. Бараме правда што нема да истече. Под оваа власт, правдата е заробена. Под оваа власт, виновниците шетаат слободно. Под оваа власт, жртвите остануваат без одговори. До кога? СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра се потрошиле за коридорите 8 и 10Д а градбата била заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИЈО да отвори постапка каде завршиле парите.Државниот завод за ревизија утврдил сериозни отстапувања од планираната динамика во изградбата на Коридорите 8 и 10Д, во должина од 108 километри со проценета вредност од 1,3 милијарди евра. Според ревизорскиот извештај, заклучно со декември 2023 година, само 0,12% од вкупните трошоци се однесувале на градежни работи. Истовремено, ревизорите констатирале сериозни слабости во управувањето со капиталните инвестиции, како и милионски провизии за неповлечени средства кај инфраструктурните проекти. Сдс и Дуи да не моччат и да одговарат. Каде и за што биле трошени средствата? Зошто реализацијата доцнела? Кој бил одговорен за следење на динамиката и контролата на трошењето? Како се управувало со проект вреден над 1,3 милијарди евра, ако до крајот на 2023 година само 0,12% од трошоците биле за градба? И зошто државата плаќала милионски провизии за средства кои не биле повлечени, додека проектите доцнеле? Јавноста заслужува јасни и конкретни одговори. За разлика од катастрофалното владеење на СДС и ДУИ денес разликата е очигледна. Денес јасно може да се направи споредба со реализацијата на инфраструктурните проекти. Денес активно се гради на Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола. На делницата Гостивар–Букојчани, напредокот во 2026 година е речиси 60 проценти, додека градежни активности се одвиваат на околу 14 од вкупно 17,5 километри на делницата Тетово–Гостивар. Сето ова ја покажува посветеноста на Владата на ВМРО ДПМНЕ во реализацијата на капиталните проекти. Денес јасно се гледа разликата во начинот на управување на СДС и ДУИ, и денес се гледа дека кога има институционална посветеност, контрола и следење на реализацијата, инфраструктурните проекти можат да напредуваат. Но денешното засилено темпо на изградба не ја брише одговорноста за начинот на кој проектите биле управувани претходно од СДС и ДУИ. Затоа бараме Јавното обвинителство да постапи по наодите од ревизорскиот извештај на ДЗР. Потребно е да се испитаат договорите, исплатите, провизиите, начинот на управување со средствата и динамиката на реализација, како и да се утврди кој носел одлуки и кој бил одговорен за контролата и управувањето со проектот. Граѓаните имаат право да знаат како се трошеле 1,3 милијарди евра и зошто реализацијата доцнела. За јавните средства мора да има отчетност. За пропустите на СДС и ДУИ мора да има одговорност. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11