Кошта: Властите во Македонија знаат што треба да направат - Канал 5

Кошта: Властите во Македонија знаат што треба да направат

Иднината на западен Балкан е во Унијата, а властите во Македонија знаат што треба да направат – ова е пораката која претседателот на ЕС Антонио Кошта ја упати по самитот ЕУ –Западен Балкан во Брисел. 

Кошта: Властите во Македонија знаат што треба да направат

Во писмената изјава, Кошта нагласува дека проширувањето останува меѓу клучните приоритети, како и дека процесот е врз основа на заслуги, а не натпревар меѓу земјите-кандидатки. Проширувањето како што вели ја засилува и самата Унија која како што додава, треба да испорача на очекувањата кои ги созадава.

-Во однос на Македонија, ги поздравуваме чекорите за зајакнување на регионалната поврзаност. И се надеваме на вистински напредок во 2026 година. Нивните власти знаат што треба да направат,- - Антонио Кошта – Претседател на ЕС.

Декларативните заложби синоќа беа преточени и во усвоената декларација по самитот. Во документот од 21 точка стои и дека добрососедските односи остануваат клучни за градење на заедничка иднина, како и спороведување на меѓународните договори со добра волја, за што изрично се наведени се наведени Преспанскиот договор и договорот со Грција.

Дополнително, се нагласува и потребата за изнаоѓање и спроведување на дефинитивни, инклузивни и обврзувачки решенија на спорови и прашања на партнерите. Дел од аналитичарите во земјава велат дека на вчерашниот самит само била потврдена позицијата на Брисел дека без уставни измени нема напредок

-Ова што го гледаме е една хомогенизација на пораката од Брисел која се повторува кон нашите обврски преземени во преговарачката рамка, конкретно уставните измени и се повторува на неколку параметри. Сите упатуваат на една јасна порака дека не треба да очекуваме промена на сегашните услови кои се прифатени во преговарачката рамка. Оваа стратегија на владата дека ќе побара дополнителни гаранции или дополнителни услови е возможна, но таа не може да реферира на условите кои веќе се прифатени. / Позицијата на ЕУ е релативно јасна да бидам колоквијален, ја примивте фактурата, ја потпишавте фактурата, сега платете ја фактурата, во основа на тоа ќе се сведе динамиката на нашите односи во 2026 година,- - Петар Арсовски – Политички аналитичар.

Премиерот Христијан Мицкоски кој ја предводеше македонската делегација во Брисел, упати порака дека земјава треба да биде оценувана според постигнатите резултати, а не според билатералните прашања. Мицкоски истакна дека Македонија со години покажува посветеност кон европските реформи и дека одамна го заслужила своето место во европското семејство, нагласувајќи дека европската идинина на земјата не смее да биде стопирана од политички блокади.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер