Кошта: На Македонија треба да и се дадат гаранции дека нема да има нови барања на патот кон ЕУ - Канал 5

Кошта: На Македонија треба да и се дадат гаранции дека нема да има нови барања на патот кон ЕУ

Ја разбираме фрустрацијата на Македонија од евроинтегративните процеси, но тоа што е договорено мора да се спроведе -  порача претседателот на ЕС Антонио Кошта по средбата со бугарскиот премиер Желјазков.

Кошта: На Македонија треба да и се дадат гаранции дека нема да има нови барања на патот кон ЕУ

Кошта истакна дека е лично вклучен во процесот за деблокада на македонските евроинтеграции, и додаде дека ги разбира негодувањата кои доаѓаат од Македонија бидејќи како што кажа, земјава до сега го променила уставот, знамето и името. Според него, сосема очекувано е да се бара конкретизирање на пристапниот процес и изрази надеж дека е можен некаков напредок по завршување на локалните избори во земјава.

-Македонија чека долго време на овој процес, ја разбирам нивната фрустрација. Тие веќе еднаш го променија уставот, знамето, го променија дури и името на земјата и природно очекуваат да го можеме да го конкретизираме овој пристапен процес. Но, тоа што е одобрено е одобрено, тоа што е договорено е договорено и тие мора да испорачаат. Но, во исто време, многу е важно да се гради доверба.- Антонио Кошта – Претседател на ЕС

Бугарскиот премиер Желјазков пак, покрај барањата Македонија да ги спроведе уставните измени, упати и критики за иницијативата пред уставниот суд со која се оспорува вториот протокол од договорот за добрососедство. Иако нагласи дека неговата земја не се мешала во внатрешно-политичките дебати во Македонија сепак, иницијативата пред Уставен ја оцени како неоправдана.

-Сметам дека е апсолутно неоправдана и непотребна беше жалбата до Уставниот суд на Македонија за потпишаниот протокол од договорот за добрососедство. Ние никогаш не сме барале аргументи во внатрешно-политичките дебати во Македонија. Но, се надеваме дека говорот на омразата и почитувањето на правата на бугарското малцинство, вклучително и обврската да бидат вклучени во уставот на Македонија ќе бидат исполнети. - Росен Желјазков – Премиер на Бугарија

Иницијативата за оспорување на протоколот се најде и во писмото кое шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев го испрати до европските колеги, а каде иницијативата ја нарече провокација. На тоа реагираше претседателката Сиљановска Давкова која ваквиот потег го оцени како непримерен и додаде дека одлуките на судовите се конечни и не треба да се коментираат. Од Уставен пак, посочија дека во тек е претходната постапка за иницијативата, а според информациите на Канал 5, како дел од постапката, свое мислење до судот ќе треба да достават и Владата и МНР, пред да се носи одлуката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марк Закерберг го разби најголемиот мит за создавањето на Фејсбук

Марк Закерберг, основачот на Фејсбук, откри што, според него, филмот „Социјалната мрежа“ целосно го пропуштил. Тој исто така откри дека го погледнал само еднаш. 

Марк Закерберг го разби најголемиот мит за создавањето на Фејсбук

Еден од најбогатите луѓе на светот, Закерберг, чие богатство денес се проценува на околу 189 милијарди долари, го основал Фејсбук во 2004 година од студентска соба на Харвард, кога имал само 19 години, пишува Унилад.

Филмот од 2010 година е еден од првите големи холивудски филмови што го прикажуваат подемот на модерна технолошка компанија.

YouTube video

Го следи Закерберг од неговите студентски денови и раскинувања, преку создавањето на Фејсбук, до правните спорови што следеа по неговиот метеорски успех, вклучувајќи го и судирот со ко-основачот Едуардо Саверин.

За време на гостувањето во емисијата „The Colin and Samir Show“, Закерберг изјави дека го гледал филмот само еднаш, и тоа заедно со вработените во неговата компанија.

„Знаев дека сите секако ќе го гледаат, па решивме да одиме заедно. Беше прилично необично искуство“, рече тој.

Тој призна дека авторите на филмот точно погодиле некои детали, како на пример облеката што ја носел во тоа време, но смета дека целосно погрешно ги прикажале неговите мотиви.

„Најголемиот проблем беше што филмот сугерираше дека го создадов Фејсбук за да освојам девојка. Тоа едноставно не е точно“, рече Закерберг, додавајќи дека бил во врска со својата сегашна сопруга Присила Чан уште пред да го започне Фејсбук.

Закерберг исто така се осврна на една од најраспространетите приказни за создавањето на социјалната мрежа. „Со текот на годините, на интернет се создаде цела митологија за тоа како настанал Facebook.

Луѓето го поврзуваат Facemesh – мала, шегаџиска страница што ја направив – со Facebook, само затоа што и двете имиња го содржат зборот 'face' (лице). Сепак, Facemesh беше шега и немаше никаква врска со Facebook“, објасни тој.

Тој додаде дека и денес, повеќе од две децении подоцна, луѓето му зборуваат за тоа како Facebook бил создаден како сајт за оценување на изгледот на другите луѓе.

Според Закерберг, Facebook уште од самиот почеток бил замислен како многу поголем и посериозен проект отколку што е прикажано во филмот. Од своето основање, компанијата ги презеде Instagram и WhatsApp, а во 2021 година, целата компанија го промени своето име во Meta.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кучето на Крис Браун ја каснало куќната помошничка. Пејачот мора да плати милиони отштета!

Светската музичка ѕвезда Крис Браун ќе биде посиромашен за дури 13 милиони долари поради совјот домашен миленик какваскиот овчар .

Кучето на Крис Браун ја каснало куќната помошничка. Пејачот мора да плати милиони отштета!

Американскиот пејач Крис Браун ќе мора да ѝ исплати на својата поранешна домашна помошничка речиси 13 милиони долари отштета откако поротата го прогласи за одговорен за нападот на неговото куче во кој жена добила сериозни трајни повреди на неговиот имот во 2020 година, објави BBC News.

По двонеделно судење во Лос Анџелес, поротата пресуди во корист на Марија Авила, која беше нападната од кавкаскиот овчар на Браун, тежок 90 килограми.

Според пресудата, Браун и неговата компанија Black Pyramid LLC мора да ѝ платат 12,9 милиони долари за небрежност. на судскиот процес Авила сведочеше дека кучето, по име Хад, ѝ откинало „големи парчиња кожа“ додека таа го празнела ѓубрето во неговиот дом во калифорнискиот град Тарзана. Нападот, рече таа, резултирал со трајно обезличување на лицето, лузни, губење на видот и оштетување на нервите.

За време на судењето, беше слушнато сведочење дека Браун избегал од местото на настанот наместо да се јави на 911 или да ѝ помогне на повредената жена. Тој ги оставил своите вработени да се грижат за Авила, а на поротата ѝ било кажано дека тоа го сторил бидејќи се плаши од „медиумски циркус“ ако неговиот глас се слушне на повикот за итни случаи или ако бил присутен кога пристигнала полицијата.

Браун му рече на судот дека се подготвувал да се истушира ​​кога слушнал куче како ржи. Се симнал долу и ја нашол Авила како лежи неподвижна, покриена со „многу крв“. „Крвта ме исплаши“, рече тој, додавајќи дека бил „во шок“ и го послушал советот на својот менаџер да го напушти имотот пред да пристигнат службите за итни случаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Меси претресен на аеродром во САД

Еден од најдобрите свтески фудбалери во историјата, волшебникот од Аргентина, Лионел Меси доживеа необично искуство на аеродром во САД, каде што беше темелно претресен пред летот за Мајами.

Фото: Меси претресен на аеродром во САД

Аргентина во петок навечер во Мајами го игра шесаесеттина финалниот дуел против Зеленортските Острови на Мундијалот, што значеше дека „Гаучосите“ мораа да патуваат до Флорида од нивната база во Канзас Сити, Мисури.

Поради строгите мерки на аеродромите, дури и Лионел Меси се увери како изгледаат безбедносните процедури во САД.

Обезбедувањето на аеродромот темелно го претресе куферот на Лионел Меси, а користеа и детектор за метал за да проверат дали можеби подготвил нешто за шверцување во авионот. Погледнете како изгледаше тоа:

Меси само се насмеа на ова и постапи според упатствата на обезбедувањето; не сакаше да прави драма, но сепак е малку неверојатно што на летот кон Мајами – каде што со години игра фудбал и им носи радост на навивачите – мораат од глава до пети да го претресуваат најдобриот стрелец на светските првенства во историјата.

Токму затоа Соединетите Американски Држави важат за добар организатор, но не и за идеален домаќин на Светското првенство, бидејќи многу од мерките што ги презедоа досега делуваа непотребно. Инаку, доколку Аргентина продолжи понатаму, ќе игра против подобриот тим од дуелот меѓу Австралија и Египет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер