СветКошта: Мирот во Украина не е интерес само на Киев и Европа, туку и на глобалната заедница Единствената суштинска причина за војната во Украина е одбивањето на Русија да го прифати украинското право да ја избере сопствената иднина, порача претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пред Советот за безбедност на ОН во Њујорк. - Мирот во Украина не е само интерес на Украина. Тоа не е само интерес на Европа. Тоа е интерес на глобалната заедница. Ако ја прифатиме инвазијата на Русија врз Украина, ниту една земја никогаш повеќе нема да биде безбедна, истакна синоќа Кошта во обраќање на седница на Советот за безбедност посветена на состојбата во Украина. Според Кошта, во оваа војна Украина се бори за самите принципи на Повелбата на Обединетите нации – суверенитетот, територијалниот интегритет, почитувањето на меѓународно признатите граници и правото на избор на сопствената судбина. - Оваа војна започна со неоправдан и нелегален напад од страна на Русија. Ја повикувам Русија, која е постојана членка на Советот за безбедност, да се согласи да седне на преговарачката маса. Да запрат убиствата. Да запре со уништувањето. Да престане со заканите кон соседните земји, истакна Кошта. Тој воедно ја повикува и меѓународната заедница активно да се вклучи во мировните напори со целосно почитување на Повелбата на ОН, додавајќи дека сакал да ја види и Кина, уште една постојана членка на Советот за безбедност, како придонесува за праведен и траен мир во Украина. - Стремежот кон мир мора да биде врвен приоритет на глобалната заедница. Европската Унија ќе продолжи да работи за да се стави крај на оваа војна и ќе ја поддржува Украина на секој начин. Прекинот на огнот, на кој Украина веќе се согласи, е првиот чекор кон тоа, потенцира претседателот на Европскиот совет. Кошта најави и дека Европската Унија ќе продолжи да врши притисок врз Русија преку санкции за да се стави крај на агресијата и да се обезбеди траен мир со конкретни безбедносни гаранции за Украина. - За да ги исполниме аспирациите на украинскиот народ, ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и на нејзиниот пат кон полноправно членство во Европската Унија. Времето за мир е сега. И сега е време Русија да ја запре оваа агресија, заклучи Кошта во обраќањето.Тагови: Антонио Кошта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураКинотеката во септември: Филмот како историја и отворена културна територијаСептемвриската програма на Кинотеката на Македонија повторно ја потврдува нејзината суштинска улога како простор во кој филмот не е само средство за гледање, туку и начин на паметење, преиспитување и откривање на различните лица на кинематографијатаСептемвриската програма на Кинотеката на Македонија повторно ја потврдува нејзината суштинска улога како простор во кој филмот не е само средство за гледање, туку и начин на паметење, преиспитување и откривање на различните лица на кинематографијата. Програмата обединува дела од македонската продукција, филмови од поширокиот балкански простор, класици на светската кинематографија, неми и класични филмови, како и посебни програмски целини посветени на хрватскиот филм и на филмската и културната традиција. Месецот започнува со „Сведок“ на Митко Панов, драма во која потрагата по сведок на воени злосторства постепено се претвора во сложена приказна за вината, правдата, политичката меморија и границите на поделбата меѓу доброто и злото. Филмот, снимен на македонски, хрватски и ирски локации, отвора простор за преиспитување на едноставните историски и морални категории, особено во општествата што сè уште живеат со последиците од насилното минато. Во продолжение, септемвриската програма се свртува кон класичниот американски филм со неколку значајни остварувања. „Beat the Devil“ на Џон Хјустон, со Хамфри Богарт, Џенифер Џонс и Питер Лоре, е иронична и жанровски разиграна авантуристичка комедија во која режисерот ги превртува конвенциите на авантуристичкиот филм и ги претвора алчноста, измамата и човечката слабост во црна комедија на апсурдот. „Suddenly“, политичкиот трилер на Луис Ален со Френк Синатра, ја гради својата тензија врз идејата за атентат и опасноста што ненадејно навлегува во навидум мирната секојдневност. Филмот е истовремено и интересен пример за атмосферата на американската жанровска кинематографија од педесеттите години, кога стравот, политичката параноја и насилството постепено стануваат дел од популарната филмска имагинација. Посебно место има и „Angel and the Badman“ на Џејмс Едвард Грант, класичен вестерн со Џон Вејн, во кој мотивот на преобразбата станува основа за приказна за насилството, искупувањето и можноста човекот да избере поинаков живот. Традиционалниот вестерн овде добива и морална димензија, спротивставувајќи ги културата на оружјето и логиката на одмаздата со идејата за ненасилство и човечка промена. Септември носи и посебна целина посветена на немиот и класичниот филм, со која Кинотеката повторно ја нагласува потребата од курирано присуство на филмското наследство во современиот културен простор. Ваквите проекции се потсетување дека историјата на филмот е жива уметничка традиција која и денес може да вибрира со својата естетика, јазик и радикалност. Во рамките на месецот е предвидена и програмата „Денови на хрватскиот филм“, која отвора простор за претставување на хрватската кинематографија во нејзините различни историски, естетски и тематски пројави. Во таа смисла, програмата е и можност за повторно согледување на заедничките културни и филмски врски на просторот на поранешна Југославија, како и на специфичните патишта по кои се развивале националните кинематографии. Месецот завршува со „The Man with the Golden Arm“ на Ото Премингер, еден од значајните филмови на американскиот филмски модернизам од педесеттите години. Со својата смела тематизација на зависноста, социјалната маргинализација и човечката слабост, филмот претставува дело што во своето време ги поместил границите на она што холивудскиот филм можел отворено да прикаже. Воедно, визуелниот и графичкиот стил на Премингер останува еден од препознатливите примери за модернизацијата на американскиот филмски израз. Така конципирана, септемвриската програма ја потврдува филмската разновидност како една од најголемите вредности на Кинотеката. Од македонскиот филм до класичниот Холивуд, од балканските трауми до европските културни судири, од вестернот и политичкиот трилер до немиот филм и регионалната кинематографија, септември нуди повеќе увиди во спектарот на кинематографската уметност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Поплави во Кина, евакуирани 54000 жителиВо Кина, околу 54.000 луѓе се евакуирани поради поплави, вклучително и 8.000 преместени во привремени прифатилишта, што е последица на обилните врнежи предизвикани од тајфунот Нара.Поплавите особено го погодија регионот Гуангси, а метеоролозите предупредуваат на нови обилни врнежи во наредните денови, јавува CCTV. Водостоите на 15 реки го надминаа прагот за издавање предупредувања. 8月23日,网友发布视频显示,广西崇左宁明县洪水过境导致县城被淹没。 网友表示:我家被淹了,一夜之间被淹了😭大家注意安全! 有网友发布汽车被洪水冲走的视频,竟然还被举报!是害怕境外势力知道中国又淹水了吗? https://t.co/TDcI6l13ky pic.twitter.com/7iA2DADabD — YiFeng Su (@sam51824016070) August 23, 2026 Снимките емитувани на кинеската телевизија прикажаа поплавени патишта и спасувачи кои газат низ вода длабока до колена, користејќи гумени чамци за да ги евакуираат жителите од поплавените населби. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДрама во Романија, веднаш подигнати два авиона Ф-16 Радарскиот систем за надзор на Министерството за национална одбрана на Романија регистрираше повремени сигнали во воздушниот простор на Република Молдавија, во областа Кахул, утрово околу 6 часот, поради што беа испратени борбени авиони.Како што беше наведено, еден од тие сигнали подоцна се појавил во областа Таргу Бујор, во округот Галац. Според соопштението на Министерството за национална одбрана, два авиони Ф-16 на романското воено воздухопловство и еден хеликоптер биле подигнати за да ја следат ситуацијата, пренесува Аџерпрес. Како што беше наведено, Националниот центар за воена команда го извести Генералниот инспекторат за вонредни ситуации за воспоставувањето мерки за предупредување на населението во зафатеното подрачје. Ова не е првпат Романија да крева борбени авиони поради војната во Украина, бидејќи беспилотните летала, поради попречување на сигналот, често завршуваат во земјите што граничат со Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter