Лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
1Лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
2„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
МакедонијаКошта ја почнува петдневната турнеја низ земјите од Западен Балкан: Утре ќе пристигне во СкопјеПретседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ја започна петдневната турнеја низ Западен Балкан, втора од почетокот на неговиот мандат. Европската Унија останува псоветена на процесот на проширување, кој е од геостратешки интерест за континентот- ова е пораката која претседателот на ЕС Антонио Кошта ја упати од Сараево – неговата прва дестинација на петтдневната турнеја низ западен Балкан. Турнејата како што кажа тој, има за цел да испрати јасен знак до земјите од регионот дека пристапниот процес е реален и возможен, доколку и двете страни испорачаат. Во фокусот на разговорите како што најави самиот Кошта во престолнините на шестте земји од регионот ќе бидат процесот на проширување на Европската Унија, постепената интеграција на земјите од регионот, како и актуелните прашања поврзани со безбедноста. „Оваа турнеја испраќа јасен сигнал дека посветеноста на ЕУ кон западен Балкан е реална како и можноста за проширување. / Во ова време на глобална геополитичка несигурност и економска нестабилност, повеќе од можност, проширувањето е геостратешки интерест за Европа. Тоа е инвестиција во мирот, стабилноста и сигурноста за нашиот континент. Од таа причина, исто така со нетрпение го очекувам самитот ЕУ-Западен Балкан овој петок во Тиват, Црна Гора.“ По Сараево, Кошта утре од Тирана доцна попладнето ќе допатува во Скопје, кога е предвидена и заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски. Во пресрет на посетата, премиерот Мицкоски порача дека на средбата со Кошта ќе разговара за изнаоѓање на начини за деблокада на македонските евроинтеграции притоа нагласувајќи дека Владата нема да прифати решение кое како што кажа, би го нарушило достоинството на македонскиот народ. Дел од експертите во земјава пак, велат дека на средбата очекуваат да се повторат пораките дека вратата за членство е отворена, доколку земјава ги спроведе преземените обврски. „Не можеме многу да очекуваме од средбата во однос на евентуални нови модалитети за проширувањето, промена на мнозинството и мислам дека она што ќе го направи Кошта е да ја повтори пораката дека вратата за Македонија е отворена преку внесување на Бугарите во уставот и обврската од преговарачката рамка.“ Посетата на регионот Кошта ќе ја заврши во петок во Тиват, Црна Гора на самитот ЕУ-Западен Балкан каде покрај шефовите на држави и влади на шесте земји од регионот пристуни ќе бидат и шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен, и високата претставничка за надворешна политика Каја Калас. Самитот според најавите ќе биде поделен на пленарна сесија каде главна тема ќе биде интеграцијата на регионот и планот за раст, додека на работниот ручек фокусот ќе биде ставен на проширувањето и усогласувањето со надворешната и безбедносна политика на Унијата. Тагови: Антонио Кошта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, деветмина управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Д.(26) од Скопје, М.Б.(29) од с.Црн Врв, скопско, М.П.(18) од с.Мршевци, скопско, 15-годишник од с.Студеничани, скопско, Н.Б.(48) од Битола, А.А.(44) од Битола, И.К.(51) од с.Виничани, Општина Градско, 16-годишник од Велес и Љ.М.(61) од с.Стамер, делчевско. Со активна забрана и под дејство на алкохол управувале Б.Б.(60) од с.Зајас, кичевско и М.М.(37) од Велес. Додека пак, под дејство на алкохол управувал Љ.Џ.(48) од с.Разловци, делчевско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
СветМерц и Зеленски во Киев оддадоа почит на загинатите украински бранителиГерманскиот канцелар Фридрих Мерц и претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска во Киев им оддадоа почит на загинатите украински бранители.„Ние го цениме почитувањето кон нашите војници и солидарноста со украинскиот народ. Важно е што во овој тежок момент Германија е со нас – во поддршка и во сеќавање. Вечна почит кон сите бранители на украина кои ги дадоа своите животи за доброто на Украина и цела Европа“, објави Зеленски на телеграм, пренесува Укринформ. Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги прекине нападите врз Украина. -„Господине Путин, запрете ја оваа. Бесмислена војна! Подготвени сме за преговори, подготвени сме да разговараме за нејзино прекинување. Но, овие варварски напади врз цивилното население на Украина мора да престанат“, изјавил Мерц.Тој и Зеленски ја посетија националната академија на науките во Киев, која беше погодена во напад со дрон во понеделникот. Тагови: Володимир Зеленски Киев Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕсенска дератизација во Општина АеродромЕсенска дератизација деновиве се спроведува на целата територија на Општина Аеродром, со цел уништување на глодачите и заштита на здравјето на населението.Опфатени се 3.000 шахти, во кои се поставуваат 9.000 мамци, како и во сите основни училишта и градинки на територијата на општината. Есенската и пролетната дератизација се важна превентивна мерка за заштита на населението од појава и ширење на болести што ги пренесуваат глодачите и се спроведуваат во соработка со Центарот за јавно здравје - Скопје. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook