3Сиљановска Давкова: Ги охрабрувам жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи
СветКошта и Фон дер Лајен во посета на Јапонија и Кина Утре, Кошта и Фон дер Лајен во Токио ќе ги посетат компанијата која развива напредна индустриска опрема и прецизна машинерија „Хитачи“ и Токискиот центар за спречување на катастрофи. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, придружувани од високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, од денеска до четврток ќе престојуваат во посета на Јапонија и Кина, во чии рамки ќе учествуваат на самитите меѓу ЕУ и двете земји. Денеска на првиот ден од посетата на Јапонија, европската делегација ќе престојува во Осака каде ќе го посетат саемот ЕКСО, на кој свој штанд има и Европската Унија, насловен „Негување на утрешнината“. Штандот ги презентира европските активности поврзани со одржливоста, поврзаноста, инклузивноста и безбедноста. Утре, Кошта и Фон дер Лајен во Токио ќе ги посетат компанијата која развива напредна индустриска опрема и прецизна машинерија „Хитачи“ и Токискиот центар за спречување на катастрофи. Во попладневните часови по локално време, Кошта и Фон дер Лајен ќе се сретнат со јапонскиот премиер Шигеру Ишиба, по што заедно ќе учествуваат на Самитот ЕУ-Јапонија. Самитот ќе биде фокусиран на понатамошно зајакнување на односите меѓу ЕУ и Јапонија, пред се во областите на безбедноста, одбраната, трговијата и економската отпорност, како и за поддршката на мултилатерализмот и меѓународниот поредок базиран на правила. Лидерите ќе разговараат за резултатите од Договорот за економско партнерство и поблиска соработка во развојот на робусни синџири на снабдување и на иновациите и во зелената и дигиталната транзиција. Тие ќе говорат и за унапредување на односите во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Јапонија, вклучително и во справувањето со манипулациите и ширењето на дезинформации, зголемувањето на поморската безбедност и соработката во одбранбената индустрија. - Јапонија е наш најблизок стратешки партнер во Индо-пацифичкиот регион. Во денешната нестабилна меѓународна средина, ова партнерство е поважно од кога било. Овој самит е уште понатамошно продлабочување на нашата соработка на различни полиња, порача Кошта во пресрет на заминувањето за Јапонија. В четврток Кошта и Фон дер Лајен во Пекинг ќе присуствуваат на самитот ЕУ-Кина, со кој ќе биде одбележана и 50-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи. - Овој Самит е можност да се ангажираме со Кина на највисоко ниво и да имаме искрени, конструктивни дискусии за прашања што се важни за двете страни. Сакаме дијалог, вистински ангажман и конкретен напредок. Се стремиме кон фер, избалансиран однос што им носи резултати на двете страни, порача Кошта. Покрај учеството на Самитот, европските лидери ќе имаат и билатерални средби со кинескиот претседател Си Џинпинг и со премиерот Ли Чијанг. Според најавите, европските лидери со Си ќе разговараат за односите ЕУ-Кина и за актуелните геополитички предизвици, вклучително и за војната во Украина. Со Ли, пак, Кошта и Фон дер Лајен ќе разговараат за трговските и економските аспекти на односите меѓу ЕУ и Кина. Тагови: Антонио Кошта Урсула фон дер Лајен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск. „Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“. Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници. Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаСерафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемитеМинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.Тагови: Борче Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Измамникoт од Tinder“ лансира апликација – се бара од „Apple“ и „Google“ да ја блокираатШимон Хајут, попознат како „Измамникот од Tinder“ – по документарниот филм за измамите што ги вршел – сака да лансира сопствена апликација за запознавање.Идејата на Хајут е да го искористи своето искуство со измами за да развие платформа наречена „Safe Love“, дизајнирана да ги штити корисниците од луѓе како него. Хајут тврди дека неговото познавање на методите на лажење, манипулација и измама му овозможува да создаде систем што може подобро да ги спречи таквите активности. Сепак, неговата идеја веќе предизвика реакција во индустријата за онлајн запознавање. Организацијата „Online Dating and Discovery Association (ODDA)“ испрати писмо до „Apple“ и „Google“, повикувајќи ги да не дозволат апликацијата поврзана со Хајут да се појави во нивните продавници за апликации. Организацијата наведува дека неговата вклученост во апликацијата би претставувала сериозен ризик за корисниците, особено за жените. Деталите за тоа како „Safe Love“ всушност треба да ги штити корисниците остануваат непознати. Хајут спомна верификација на корисници, модерација и системи за заштита од измами, но не објасни како би функционирале овие системи или точно кога апликацијата би станала достапна. Во исто време, ваквата апликација покренува дополнителни прашања во врска со довербата. Современите платформи за запознавање сè повеќе користат верификација на идентитетот и други безбедносни механизми, барајќи од корисниците да споделуваат лични податоци. Со апликација основана од некој што е озлогласен по романтични измами, довербата во начинот на кој се чуваат тие податоци ќе биде од особено значење. Засега не е познато дали „Apple“ и „Google“ ќе го прифатат барањето на „ODDA“. „Safe Love“ сè уште не е објавена како широко достапна апликација, а нејзиното евентуално појавување во продавниците за апликации ќе зависи од усогласеноста со нивните политики и регулаторни барања. Извор: Б92Тагови: Tinder Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05