Кошта и Фон дер Лајен на вечера со Вучиќ во Брисел, а Соренсен во посета на Белград - Канал 5

Кошта и Фон дер Лајен на вечера со Вучиќ во Брисел, а Соренсен во посета на Белград

Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен утре во Брисел ќе имаат заедничка вечера со српскиот претседател Александар Вучиќ

Кошта и Фон дер Лајен на вечера со Вучиќ во Брисел, а Соренсен во посета на Белград

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен утре во Брисел ќе имаат заедничка вечера со српскиот претседател Александар Вучиќ, додека специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, Петер Соренсен од денеска до среда ќе престојува во посета на Белград, јави дописникот на МИА од Брисел.

- Вечерата ќе биде можност да се разговара за голем број прашања и сигурно и актуелните протести што се одржуваат во Србија ќе бидат дел од дискусиите, изјави главната портпаролка на Европската комисија Паула Пињо, додавајќи дека Унијата ја охрабрува Србија да работи на спроведување на реформите што треба да ги направи.

На новинарско прашање „дали вечерата претставува поддршка“ од ЕУ за Вучиќ, Пињо изјави дека Фон дер Лајен има средби со лидери од целиот свет на редовна основа и тие се можност да се разговара за прашања за кои понекогаш се имаат различни ставови, како и за различни аспекти од тековната агенда.

Запрашана дали покрај со Вучиќ, се планираат такви одвоени вечери и со други лидери од земјите од Западниот Балкан, Пињо одговори дека таквата можност не е исклучена во наредниот период.

- Ако има можности претседателката ги разгледа и под услов да има простор во нејзината агенда, најчесто дава позитивен одговор, особено кога лидерите доаѓаат во Брисел, додаде Пињо.

Во врска со обвинувањата на Вучиќ дека Западот ги организира протестите во Србија, Пињо изјави дека ЕУ „сигурно не стои зад овие протести“, но дека причините за незадоволството што доведоа до нив „може да биде предмет на дискусија на утрешната средба со претседателот“.

На прашање дали ЕУ е во контакт со Вашингтон околу случувањата на Западниот Балкан, портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер изјави дека Унијата соработува со САД и со останатите партнери кога станува збор за дијалогот Белград-Приштина и за останатите балкански прашања, но дека засега нема што „поконкретно да додаде“ за тие контакти.

- Кога станува збор за дијалогот, ЕУ е многу посветена на него. Патот кон Европската Унија за двете страни оди преку дијалогот со посредство на ЕУ, додаде Хипер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер