Кошта: ЕУ мора да извлече поуки од новата американска стратегија, односите се променети - Канал 5

Кошта: ЕУ мора да извлече поуки од новата американска стратегија, односите се променети

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта изјави дека Европската Унија мора да извлече поуки од новата американска стратегија за национална безбедност.

Кошта: ЕУ мора да извлече поуки од новата американска стратегија, односите се променети

– Треба да се фокусираме на градење на Европа која мора да разбере дека односите меѓу сојузниците и сојузите по Втората светска војна се променети, изјави Кошта на настан во Париз.

Кошта остро ги критикуваше тврдењата дека во Европа се цензурира слободата на говор, како и одобрувањето на „растечкото влијание на патриотските европски партии“, како што наведува американската стратегија.

– Она што не можеме да го прифатиме е оваа закана од мешање во политичкиот живот на Европа. Соединетите Американски Држави не можат да ги заменат европските граѓани во одлучувањето кои партии се исправни, а кои погрешни, порача Кошта.

– САД не можат да ја заменат Европа во нејзината визија за слободата на говор, рече тој, додавајќи дека „нашата историја нè научи дека нема слобода на говор без слобода на информирање“.

Кошта го критикуваше влијанието на некои американски технолошки компании, велејќи дека „нема да има слобода на говор доколку слободата на информирање на граѓаните се жртвува за одбрана на технолошките олигарси на САД“.

Кошта, кој е задолжен за постигнување компромиси меѓу лидерите на ЕУ, но и за односите на блокот со меѓународните лидери, ги повика Европејците да продолжат со зајакнување на одбранбените напори, посочува ДПА.

– САД остануваат важен сојузник. САД се важен економски партнер. Но, нашата Европа мора да биде суверена во овој поглед. Ова исто така има последици од гледна точка на нашата безбедност и од воена гледна точка, рече тој.

Кошта изјави дека Европа треба да може да ги замени САД во раководството на НАТО во блиска иднина.

Безбедносната стратегија на САД, исто така, покажува дека интересот на Вашингтон за ставање крај на војната на Русија во Украина не е само праведен и траен мир, туку крај на непријателствата за повторно воспоставување врски со Москва.

Кошта предупреди дека многу европски лидери мислеле дека имаат добри врски со Русија додека војната не ги научила на спротивното.

– Верувам дека никој не може да го игнорира фактот дека не можеме да имаме стабилна врска со Русија, бидејќи Русија останува закана за нашата безбедност, заклучи Кошта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит

Лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, деветмина управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Д.(26) од Скопје, М.Б.(29) од с.Црн Врв, скопско, М.П.(18) од с.Мршевци, скопско, 15-годишник од с.Студеничани, скопско, Н.Б.(48) од Битола, А.А.(44) од Битола, И.К.(51) од с.Виничани, Општина Градско, 16-годишник од Велес и Љ.М.(61) од с.Стамер, делчевско.

Со активна забрана и под дејство на алкохол управувале Б.Б.(60) од с.Зајас, кичевско и М.М.(37) од Велес. Додека пак, под дејство на алкохол управувал Љ.Џ.(48) од с.Разловци, делчевско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерц и Зеленски во Киев оддадоа почит на загинатите украински бранители

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска во Киев им оддадоа почит на загинатите украински бранители.

Мерц и Зеленски во Киев оддадоа почит на загинатите украински бранители

„Ние го цениме почитувањето кон нашите војници и солидарноста со украинскиот народ. Важно е што во овој тежок момент Германија е со нас – во поддршка и во сеќавање. Вечна почит кон сите бранители на украина кои ги дадоа своите животи за доброто на Украина и цела Европа“, објави Зеленски на телеграм, пренесува Укринформ.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги прекине нападите врз Украина.

-„Господине Путин, запрете ја оваа. Бесмислена војна! Подготвени сме за преговори, подготвени сме да разговараме за нејзино прекинување. Но, овие варварски напади врз цивилното население на Украина мора да престанат“, изјавил Мерц.Тој и Зеленски ја посетија националната академија на науките во Киев, која беше погодена во напад со дрон во понеделникот.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Есенска дератизација во Општина Аеродром

Есенска дератизација деновиве се спроведува на целата територија на Општина Аеродром, со цел уништување на глодачите и заштита на здравјето на населението.

Есенска дератизација во Општина Аеродром

Опфатени се 3.000 шахти, во кои се поставуваат 9.000 мамци, како и во сите основни училишта и градинки на територијата на општината.

Есенската и пролетната дератизација се важна превентивна мерка за заштита на населението од појава и ширење на болести што ги пренесуваат глодачите и се спроведуваат во соработка со Центарот за јавно здравје - Скопје.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер