ЕвропаКошта до лидерите на ЕУ: Во новиот геополитички контекст потребно е зајакнување на Единствениот европски пазарТреба да направиме повеќе за ефикасно намалување на националните бариери и да ја направиме регулаторната рамка на сите нивоа, вклучително и на европско ниво, поповолна за инвестиции, иновации и раст на компаниите. Во сегашниот геополитички контекст зајакнувањето на нашиот Единствен пазар, повеќе од кога било досега, претставува итен стратешки императив, бидејќи тој може да биде моќен двигател за граѓаните и компаниите, наведува претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во поканата упатена денеска до шефовите на држави или влади на членките на Европската Унија за учество на неформалниот Самит на ЕУ на 12 февруари во замокот Алден Бисен во источна Белгија. - Треба да направиме повеќе за ефикасно намалување на националните бариери и да ја направиме регулаторната рамка на сите нивоа, вклучително и на европско ниво, поповолна за инвестиции, иновации и раст на компаниите. На пример, преку создавање на нов 28-ми режим што може да им помогне на компаниите да се зголемат, вклучително и со намалување на административните оптоварувања. Забрзувањето на работата на Унијата за штедење и инвестиции, за подобро насочување на заштедите кон продуктивни инвестиции во Европа, исто така ќе биде клучна компонента на овој напор, наведува Кошта во поканата. Според него, покрај потребата за продлабочување, хармонизирање и понатамошно интегрирање на Единствениот пазар на ЕУ, на многу од европски компании во клучните сектори како што се дигиталниот, телекомуникациите, пазарот на капитал и енергетиката, им недостигаат потребните-вештини за да ги постигнат нивоата на инвестиции и иновации потребни на глобалниот пазар. - Европа е отворена за трговија. Европската Унија со право ја унапредува својата агенда за диверзификација на трговијата, неодамна со економската сила Индија. Но, нашата отвореност не треба да се меша со слабост. Европа мора и да ја забрза својата амбициозна трговска агенда и да ги заштити своите компании од нелојална конкуренција преку фокусирана заштита во стратешките сектори. Правилата што дозволуваат европски преференции во некои стратешки области и систематски пристап кон економско намалување на ризикот, ќе мора да бидат дел од оваа равенка, наведува Кошта во поканата. Според него, дискусијата на Самитот ќе биде посветена на тоа како треба да се позиционира Европската Унија во актуелниот геоекономски контекст на зголемена и не секогаш фер економска конкуренција и трговски нерамнотежи и кои треба да бидат нејзините главни приоритети, внатрешна стратегија и политики за продлабочување и комплетирање на Единствениот европски пазар. - Ги поканив Марио Драги и Енрико Лета да ни се придружат за да ги споделат своите визии за европската конкурентност и како тие еволуирале од објавувањето на нивните два револуционерни извештаи, додава Кошта во поканата. Неформалните самити се собири на лидерите на ЕУ на кои не се носат никакви формални одлуки, туку само се разговара и се разменуваат мислења за одредени актуелни прашања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПриведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругатаЖак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале. Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар 64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо седум дена борба изгансат пожарот кај Мариово Пожарот во Мариово е целосно изгаснат, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски..По седум дена непрекината борба и огромни напори на сите екипи ангажирани на терен Проданоски упати благодарност до сите институции, пожарникари, војници, полицајци, доброволци, мештани и граѓани кои во изминатите денови беа директно вклучени во справувањето со огнената стихија. „Ова беше тешка и долга битка, во која на терен беа ангажирани голем број екипи, припадници на институциите, доброволци, мештани и поединци кои несебично помогнаа во справувањето со пожарот“, истакна Проданоски. Тој посебно им се заблагодари на Територијалната противпожарна единица од Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, армијата, ЈП „Национални шуми“, МВР, противпожарните екипи од Скопје и Кавадарци, како и на градоначалниците Орце Ѓорѓиевски и Митко Јанчев. Во моментов активни се четири пожари, кај Студеничани и Зелениково и околината, Македонски Брод, кај Тамјмиште и Дарда општина Кичево и општина Гостивар кај село Горна Ѓоница., потврдуваат ЦУК..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter