Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
1Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
КошаркаКошаркарските каравани М12 тргнуваат од Скопје, прва станица - СРЦ „Кале“Македонската кошаркарска федерација овој викенд ја започнува сезоната на М12 каравани – проект посветен на најмладите кошаркар(к)и, чија цел е развој на спортскиот дух, пријателство и љубов кон кошарката.Почетната станица на кошаркарските каравани за најмладите ќе биде Скопје, Проектот „трнува“ на 16.ноември, во Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје како прва од многуте локации, а почетокот е закажан за 11.00 часот. Кои се целите на кошаркарските каравани? Прд се, поттикнување на љубовта кон кошарката и фер-плејот. Секако, развој преку игра и забава, без резултатски притисок, но и вмрежување на младите кошаркари и размена на искуства меѓу тренерите, и тоа како потребни во кошаркарското напредување на овие најмлaди возрасни категории. Она што треба да се знае е дека: Натпреварите ќе се играат според правилата на мини-баскет (4 х 8 минути, односно „Бам пасарела“ правило (првите две четвртини се играат со цел состав – првата петорка игра цела прва четвртина (две замени), втората петорка цела втора четвртина (две замени), без резултат, со судии назначени од Македонската кошакарска федерација), и со минимум десет играчи по тим, но не повеќе од 15 играчи, на возраст, односно родени 2014 година или помлади. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ Натпревар Време Терен МКК Куманово – Албатроси 11:00 1 Тиквеш – Вардар 11:00 2 Дино баскет - Водно Санс 11:00 3 Ангели – ИБА 11:45 1 Тетекс – Винеам 11:45 2 Кожув - Црн Дрим 11:45 3 Пониква - Гостивар (ж) 12:30 1 Баскет Кам - Спорт тим (ж) 12:30 2 Дино баскет - Патриот 2016 (ж) 12:30 3 Овче Поле - Патриот 2016 13:15 1 Ангели - Дино баскет 13:15 2 Винеам – Кожув 13:15 3 Гостивар - Патриот 2016 (ж) 14:00 1 ИБА - Тетекс ТТК 14:00 2 Овче поле – Албатроси 14:00 3 Црн Дрим - МКК Куманово 14:45 1 Пониква - Водно Санс 14:45 2 Тиквеш - Патриот 2016 14:45 3 Дино баскет - Баскет Кам (ж) 15:30 1 Спорт тим (ж) Вардар 15:30 2Тагови: Кошаркарската Федерација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУапсен поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум Поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум, е уапсен по налог на УСКОК, потврди хрватскиот портал „Индекс“.Како што наведува тој портал, Керум бил уапсен синоќа, а неговото приведување е поврзано со истрагата за таканаречената афера „Таверна Пршут“, која се однесува на ресторан во сопственост на Керум во Каштела. „Слободна Далмација“ пренесува дека во моментот на апсењето, Керум се наоѓал во Вела Лука, каде што се одржувал настан посветен на Оливер Драгојевиќ. Според неофицијални информации, во случајот се опфатени и неколку други лица блиски до Керум, а „Индекс“ наведува дека е уапсен и внукот на Керум, како и Андрија Полиќ, поранешен виш стручен соработник за просторно планирање и изградба во градот Каштела. Засега не е познато за кои конкретни кривични дела се товарат осомничените, ниту дали во текот на денот ќе има нови апсења или официјални информации за текот на истрагата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕпидемијата се смирува, но пронајдена е нова бактерија во гостиварскиот водоводЕпидемијата во Гостивар полека стивнува, но водата и понатаму може да се користи само за техничка употреба поради тоа што се појавила нова бактерија во водоводна мрежа кажа вчера премиерот Мицкоски. Министерот за здравство Клековски пак рече дека бројот на новоаболени се намалува и очекува гостиварци да добијат питка вода до утре . Сепак, вели крај на епидимијата ќе може да се прогласи дури откако ќе нема ниту еден новозаболен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФранцузите ја открија платата на Зидан во прашање се милиониЗинедин Зидан е новиот селектор на француската репрезентација, а според информациите на францускиот медиум „RMC Sport“, легендарниот фудбалер и поранешен тренер на Реал Мадрид ќе има многу профитабилен договор.Светската фудбалска легенда, Зинедин Зидан е новиот селектор на француската репрезентација, а според информациите на францускиот медиум „RMC Sport“, легендарниот фудбалер и поранешен тренер на Реал Мадрид ќе има многу профитабилен договор со Француската фудбалска федерација. Зидан ќе заработува 300.000 евра месечно, а таа сума би можела дополнително да се зголеми преку бонуси. Доколку ги исполни сите поставени цели, неговата заработка може да достигне и до 450.000 евра месечно. Новиот селектор на „триколорите“ потпиша четиригодишен договор, а негова главна задача ќе биде да ја подготви репрезентацијата за Светското првенство во 2030 година. Тоа значи дека неговиот загарантиран годишен приход ќе изнесува 3,6 милиони евра, додека со максималните бонуси би можел да достигне и до 5,4 милиони евра годишно. Интересно е што Зидан би можел да ги надмине приходите на својот претходник Дидие Дешам, кој ја предводеше Франција 14 години. Според истиот извор, Дешам заработувал околу 3,8 милиони евра годишно. Претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Диало, не сакаше да потврди конкретни бројки кога новинарите го прашаа за договорот на Зидан, но нагласи дека парите не биле клучен фактор во преговорите. „Искрено, не станува збор за пари. Првпат се сретнав со Зидан во февруари 2025 година и не разговаравме за пари. Разговаравме за желбата на Федерацијата француската репрезентација да победува и за играчите што тој сонува да ги види во синиот дрес“, изјави Диало. Зидан ќе го има својот прв натпревар како селектор на Франција во Лигата на нации, кога „Триколорите“ ќе гостуваат во Турција на 25 септември.Тагови: Зинедин Зидан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook