Кошаркарска легенда побарала тајм-аут ,па направил нешто невидено (ВИДЕО) - Канал 5

Кошаркарска легенда побарала тајм-аут ,па направил нешто невидено (ВИДЕО)

Шарунас Јасикевичиус, легендарниот литвански кошаркар, кој сега е тренер на Барселона, стана хит поради реакцијата на лошата игра на неговиот тим.

Кошаркарска легенда побарала тајм-аут ,па направил нешто невидено (ВИДЕО)

Откако Јасикевичиус, кој четири години го носеше дресот на Барселона како кошаркар, повика една минута одмор на натпреварот против Валенсија, играчите стигнаа до клупата и тој реши да замине од нив. Со рацете во џебови, тој молчеше, а кога кошаркарите сфатија дека тренерот не планира да им се обрати, почнаа да се договараат како да ја продолжат играта и се охрабруваа едни со други.

Ниту тоа не им помогна. Барселона загуби со 90: 100. Каталонците се третиот тим во лигата, а Валенсија е на 11-то место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјално: Мечот на Ѓоковиќ е одложен!

Организаторите на Вимблдон во текот на ноќта потврдија дека четвртфиналниот меч на Новак Ѓоковиќ ќе биде одложен.

Официјално: Мечот на Ѓоковиќ е одложен!

Според распоредот, Ѓоковиќ требаше да игра втор на Централниот терен во вторник, но сепак ќе настапи трет.

Пегула и Коф ќе излезат први на теренот, како што претходно беше планирано, а по нив ќе продолжи дуелот меѓу Зверев и Лехечка, кој претходната вечер беше прекинат поради „полицискиот час“ при резултат 2-0 во сетови и 3:3 во гемови.

Тоа значи дека дуелот меѓу Ѓоковиќ и Оже-Алијасим ќе започне веднаш потоа; почетокот може да доцни околу половина час, но и многу повеќе доколку Чехот го освои третиот сет и ја искомплицира ситуацијата.

Претходно се очекуваше мечот да се одигра околу 16:00 или 16:30 часот... Ситуацијата на Теренот 1 останува непроменета – први ќе играат Синер и Штруф со почеток во 14:00 часот, а по нив ќе настапат Осака и Мухова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдено тело во близина на Киев; Дали станува збор за атентаторката?

Во близина на Киев е пронајдено безживотното тело на жена. Се претпоставува дека таа е осомничената за обидот за атентат врз украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев во Монако.

Пронајдено тело во близина на Киев; Дали станува збор за атентаторката?

Според украинските медиуми, телото е пронајдено во понеделник, а според неофицијални информации, починатото лице е застрелано. Инаку, на 3 јули Интерпол издаде црвена потерница по Анастасија Березовски, 39-годишна државјанка на Украина, која е назначена за главен осомничен за експлозијата во Монако во која беше ранет украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев вечерта на 29 јуни.

Интерпол исто така објави две фотографии од осомничената, придружени со известување дека таа има тетоважа на десната рака – од рамото до лактот – за која се верува дека прикажува змија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аморим: Милан е поголем предизвик од Јунајтед

Рубен Аморим призна дека преземањето на Милан претставува уште поголем предизвик од оној со кој се соочи кога го презеде Манчестер Јунајтед. 

Аморим: Милан е поголем предизвик од Јунајтед

Португалскиот тренер официјално ја презеде функцијата шеф на стручниот штаб на италијанскиот гигант на 6 јули; по пристигнувањето во Италија, тој разговараше со медиумите и објасни зошто ја прифатил новата работа, иако претходно изјавуваше дека би избрал помалку захтевен проект.

„Ако погледнете некое мое старо интервју, ќе видите дека ова е клуб што навистина ми значи многу. Тоа е огромен предизвик. По претходниот (Манчестер Јунајтед), си ветив дека ќе изберам помал предизвик. Но, еве ме тука – а предизвикот е уште поголем“, изјави Аморим.

Поранешниот тренер на Спортинг потпиша двегодишен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер