Кошаркарите на Пелистер убедливи на гостувањето кај Феникс - Канал 5

Кошаркарите на Пелистер убедливи на гостувањето кај Феникс

 Пелистер вечерва во скопската населба Маџари постигна убедлива победа против екипата на Феникс со 95:80.

Кошаркарите на Пелистер убедливи на гостувањето кај Феникс

Ова беше четврта победа на исто толку средби за битолчани во календарската 2026 година кога станува збор за натпреварите во „МТЕЛ“ Супер лигата.

По нерешените (20:20), во првата четвртина, многу работи се сменија на теренот, во корист на гостите од Битола, затоа што втората четвртина ја одиграа скоро до перфекција избраниците на тренерот Борче Даскаловски. За десет минути направија огромни (29:13), и полувремето го дочекаа со високи (49:33).

Се беше полесно за нив во второто полувреме. Она во чиј трет дел натрупаа уште поголема позитива, имаа и плус 20 (76:56), пред последната четвртина. Сосема доволно за продолжение на победничката серија во вториот суперлигашки дел.

По одличниот почеток, Вилсон застана на ефект од 22 поени (и 6 скока). Го следеше Дејвис, кој дојде до двоен скор од 21 поен 10 скока, А двоен број на реализации имаа и Стајиќ, кој на 14 поени придодаде и шест асистенции (плус четири скока), и Малешевиќ кој финишираше со 10 поени) девет скока и три асистенции).

Кај Феникс 2010, кој не успеа да изненади уште еден фаворит за највисок пласман. Мејтус даде 14 поени (плус пет скока), Наумоски имаше 13 поени (и шест скока), додека Савиќевиќ и Дајсон поделија по 12 поени.

На вториот денешен натпревар од 15. коло, Ангели – Куманово 70:99.

Вечерва играат МЗТ Скопје и Гостивар.

Водечки на табелата се ТФТ и МЗт Скопје со по 13 победи и еден пораз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула.

Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона.

„Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com.

Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид.

Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација.

Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху ја напушти Белата куќа по средбата со американскиот претседател Трамп

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја напушти Белата куќа по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, која, според Белата куќа, била „позитивна и продуктивна“.

Нетанјаху ја напушти Белата куќа по средбата со американскиот претседател  Трамп

„Претседателот Трамп ги заврши средбите во Овалната соба со претседателот (на Украина, Володимир) Зеленски и со премиерот (на Израел, Бенјамин) Нетанјаху. Двете средби беа позитивни и продуктивни“, напиша портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, на платформата „Икс“ (X) по одвоените средби на Трамп со Нетанјаху и Зеленски, пренесува Си-ен-ен (CNN).

Израелски функционер запознаен со средбата меѓу Нетанјаху и Трамп ги потврди оценките на Белата куќа, наведувајќи дека „средбата беше многу позитивна и се одржа во добра атмосфера, во присуство на високи претставници на администрацијата“.

Тој додаде дека лидерите ја потврдиле својата заедничка цел – „на Иран во никој случај да не му се дозволи да поседува нуклеарно оружје“. Двајцата лидери разговараа и за партнерството меѓу Израел и Соединетите Американски Држави, кое е „посилно од кога било“, како и за разни можности на Блискиот Исток. Двете средби се одржаа без присуство на медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

БМВ го претстави продолжениот X5 за кинескиот пазар

Кина веќе не е „ветената земја“ ниту за BMW. Бројките на продажба опаѓаат, а баварскиот гигант се обидува да го сврти тој тренд. 

БМВ го претстави продолжениот X5 за кинескиот пазар

По неодамнешното претставување на кросоверот iX3 и седанот i3 со продолжено меѓуоскино растојание, сега и новиот BMW X5 доби верзија со продолжено меѓуоскино растојание наменета за кинескиот пазар.

Овој луксузен SUV, кој е достапен со мотори со внатрешно согорување, како и во електрична варијанта iX5, се одликува со поголеми задни врати – резултат на продолжувањето на меѓуоскиното растојание за 130 мм (со што вкупната должина сега изнесува 3.165 мм).

BMW исто така го измени дизајнот на предните светла; LED-светлата повеќе не ја формираат буквата „X“, форма што во кинеската култура носи негативни конотации. Покрај тоа што нуди повеќе простор за нозете на патниците одзади, овој X5 воведува и нова карактеристика:

„Theatre Screen“ (театарски екран). Овој екран со дијагонала од 31,3 инчи и резолуција 8K – првпат виден кај Серијата 7 – е наменет и за работа и за забава, овозможувајќи видеоповици, стримување содржини и играње видеоигри.

BMW целосно ги редизајнираше седиштата во верзијата на X5 со продолжено меѓуоскино растојание, која стандардно доаѓа и со адаптивна воздушна суспензија на двете оски. Кинеските купувачи сакаат екрани, па затоа не изненадува што покрај централниот инфозабавен систем со екран на допир од 17,9 инчи, поставен е и екран од 14,6 инчи наменет за совозачот.

Системот „Panoramic Vision“, кој се протега низ целата ширина меѓу А-столбовите, сега е веќе познат елемент од опремата на BMW; тој вклучува три фиксни елементи во видното поле на возачот и до шест приспособливи виџети на десната страна. Што се однесува до опсегот на движење, моделот iX5 ќе може да помине 845 километри со едно полнење во Европа, според WLTP циклусот на тестирање.

Во Кина, електричниот SUV ветува уште повеќе – до 1.000 километри – иако тоа првенствено се должи на кинеските стандарди за мерење, кои се значително поблаги, пренесува Motor1.com.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер