Кошаркарите на Македонија до 20 години почнаа со победа над Ерменија - Канал 5

Кошаркарите на Македонија до 20 години почнаа со победа над Ерменија

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години со победа над Ерменија ги почна натпреварите на Европското првнество Б дивизија што се игра во грчкиот град Халкида. Нашите кошаркари постигнаа победа од 67:56, а решавачка беше последната четвртина. Резултат по периоди: 10:14; 16:15; 15:12 и 26:15.

Кошаркарите на Македонија до 20 години почнаа со победа над Ерменија

Последниот период почна со нерешен резултат 41:41, а на крајот избраниците на селекторот Љупчо Малинков стигнаа до победата. Најефикасен кај Македонија беше Виктор Ефремовски со 21 поен, додека Андреј Магдевски постигна 15, а Филип Бакоч реализира 9 поени со 12 скока. Дејан Србиновски имаше 6 асистенции.

Во другиот натпревар од нашата група Црна Гора со 78:55 ја победи Грузија. Македонија утре во рамките на 2.коло ќе игра против селекцијата на Црна Гора.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трајков од Белград: Жените не треба да бидат само корисници на политиките, туку нивни креатори

Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше на втората Конференција посветена на женското лидерство, организирана од Владата на Република Србија.

Трајков од Белград: Жените не треба да бидат само корисници на политиките, туку нивни креатори

На конференцијата свое обраќање имаше и поранешната прва дама на Република Србија г-ѓа Тамара Вучиќ, на кој беа отворени прашања од значење за унапредувањето на улогата на жените во лидерството, политиката, економијата и општеството.

Во своето учество, заменик-министерката се осврна на потребата од создавање нова генерација жени лидери и посилно регионално поврзување, истакнувајќи дека иднината на Западен Балкан зависи и од квалитетот на соработката меѓу жените од регионот.

„Жените не треба да бидат само корисници на политиките, туку и креатори на политиките“, порача проф. д-р Трајков, нагласувајќи дека политичкото учество на жените не е само прашање на еднаквост, туку и прашање на квалитетот на демократијата.

Таа посочи дека земјите од Западен Балкан се соочуваат со слични предизвици, но токму заедничките искуства претставуваат можност за градење регионални решенија.

Како особено важни области за соработка ги издои образованието и развојот на вештините, економското зајакнување и претприемништвото, политичкото учество на жените, дигиталната трансформација и пристапот до новите технологии, како и спречувањето и борбата против насилството врз жените и девојчињата.

Заменик-министерката за европски прашања посебно ја нагласи важноста на менторството и поддршката на младите жени, посочувајќи дека жените кои денес се на лидерски позиции имаат одговорност да го пренесат своето знаење и искуство на генерациите што доаѓаат.

„Кога една жена ќе успее, таа треба да ја отвори вратата за друга“, истакна проф. д-р Трајков, нагласувајќи ја потребата од создавање систем во кој младите жени ќе имаат пристап до образование, менторство, професионални мрежи, лидерски можности и процесите на донесување одлуки.

Во контекст на технолошкиот развој, заменик-министерката за европски прашања се осврна и на можностите и ризиците што ги носат вештачката интелигенција и дигитализацијата. Таа порача дека жените не треба да бидат само корисници на новите технологии, туку и нивни креатори, иноватори, истражувачки, претприемачки и носители на одлуки.

На настанот беше истакнато и значењето на партнерствата меѓу институциите, бизнис-секторот, академската заедница, граѓанското општество и младите, како основа за создавање поинклузивна иднина.

„Нашата иднина не е однапред напишана. Ние ја испишуваме. И ако ја испишуваме заедно, таа ќе биде посилна, поправедна и поуспешна“, порача проф. д-р Трајков, повикувајќи на посилна регионална мрежа на жени кои заеднички ќе создаваат нови можности и ќе придонесуваат кон развојот на своите општества.

Учеството на заменик-министерката проф. д-р Трајков на настанот во Белград претставува можност за дополнително зајакнување на регионалниот дијалог и размена на искуства во областа на женското лидерство, со посебен фокус на младите жени и нивната активна улога во креирањето на иднината на регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Спутникот на Мицкоски - Левица не гласаше за повисока минимална плата

Кога денеска требаше да се гласа во македонското Собрание за зголемување на минималната плата на 600 евра, пратениците на Левица не беа во салата.

СДСМ: Спутникот на Мицкоски - Левица не гласаше за повисока минимална плата

Заедно со пратениците на ВМРО-ОКГ, ЗНАМ и ВЛЕН кои не гласаа за, а во салата не беа ниту пратениците на ДУИ.

За повисока минимална плата гласаа само пратениците на СДСМ и коалицијата и пратеникот Миле Цеков.

Уште еднаш се потврди дека СДСМ е единствена вистинска опозиција која искрено се бори за работниците, за граѓаните и против криминалот на арамијата Мицкоски.

Спутникот на Мицкоски, неговата партија на далечинско -Левица работи само под команда. Исто како Платромата ЗНАМ 2.0 кои седнаа заедно со Левица.

Јавно лажно се претставува како заштитник на работниците а во Собрание ги остава пред врата. Не влегоа во салата, не дадоа ниту еден глас за повисока минимална плата.

И тоа на кој ден? Токму на Светскиот ден за пристојна работа.

Левица е партија за ништо, против НАТО, против ЕУ, со лажни работнички пароли.

Работниците не живеат од пароли. Не ги плаќаат сметките со соопштенија и не ги полнат фрижидерите со политички претстави. Им треба повисока плата.

СДСМ ќе продолжи да се бори за поголема минимална плата, за работниците, за граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали и Бакер разговараа за пристапувањето во ЕУ и соработката со Холандија

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со заменик-министерката за прашања на Европската Унија на Кралството Холандија, Хелен Бакер. 

Сали и Бакер разговараа за пристапувањето во ЕУ и соработката со Холандија

Во фокусот на разговорите беа процесот на пристапување на Македонија во Европската Унија, спроведувањето на реформите и можностите за продлабочување на билатералната соработка.

Сали изрази благодарност за континуираната поддршка од Холандија за европската перспектива на земјата и за придонесот во зајакнувањето на владеењето на правото, демократските институции и административните капацитети. Тој ја нагласи важноста на соработката преку холандската програма за општествена трансформација МАТРА, особено во областа на владеењето на правото, како и на размената на експертиза меѓу институциите.

Министерот истакна дека пристапниот процес треба да биде праведен, предвидлив и заснован на заслуги, со јасни критериуми што ги вреднуваат реформите и конкретните резултати.

На средбата, Сали го претстави напредокот во спроведувањето на Реформската агенда и приоритетите од Планот за раст за Западен Балкан. Тој нагласи дека постепената интеграција треба да донесе видливи придобивки за граѓаните и стопанството и да поттикне забрзување на реформите кон полноправно членство.

Беа разгледани и можностите за натамошна соработка во зајакнувањето на институциите, размената на искуства и развојот на заеднички проекти.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер