Скандал го тресе Даунинг стрит: Британскиот премиер се допишувал со лажна шефица на кабинетот на Трамп
1Скандал го тресе Даунинг стрит: Британскиот премиер се допишувал со лажна шефица на кабинетот на Трамп
3Трамп му нареди на Пентагон да ги намали заедничките воени вежби со Јужна Кореја оти тој има добар однос со Ким
1Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
КошаркаКошаркарите на Хапоел Тел Авив останаа во сала до 1.25 часот по полноќПо поразот на домашен терен од Баерн Минхен (64:79) кошаркарите, раководството, стручниот штаб и сопственикот на клубот Хапоел Тел Авив останаа во салата до 1.25 часот по полноќ. Најмногу лут беше главниот тренер Димитрис Итудис. Ова за неговата екипа беше втор последователен пораз во Евролигата. Тренерот Итудис не се појави ниту на задолжителното интервју по дуелот, како и на прес конференцијата. По двата пораза во Евролигата, Хапоел не е веќе лидер на табелата и е во групата на екипи кои имаат 16 победи, додека на чело на табелата Фенербахче со 17 победи. Инаку, во победничката екипа Баерн, Македонецот Нено Димитријевиќ реализираше 11 поени.Тагови: Хапоел Тел Авив Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСкандал го тресе Даунинг стрит: Британскиот премиер се допишувал со лажна шефица на кабинетот на Трамп Новиот британски премиер, Енди Барнам, разменувал пораки со лице за кое верувал дека е Сузи Вајлс, шефицата на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп.Неколку пораки биле разменети и откако Барнам ја презел премиерската функција на 20 јули. Британски официјални лица подоцна се посомневале дека од другата страна не е секретарката на Трамп. Контактот бил прекинат, а британската амбасада во Вашингтон го известила тимот во Белата Куќа. Од Даунинг стрит не сакале да навлегуваат во детали, повикувајќи се на националната безбедност. извори запознаени со случајот, сепак, тврдат дека разменетите пораки немале значајна или чувствителна содржина.Тагови: Даунинг стрит Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаУапсени 11 возачи за безобѕирно управување со возило, малолетник возел без дозвола Лишени од слобода 11 возачи за безобѕирно управување со возило, осум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник.Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив, осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник. Додека, тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување со возило. Со одговорно однесување сите заеднички придонесуваме за поголема безбедност во сообраќајот, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп му нареди на Пентагон да ги намали заедничките воени вежби со Јужна Кореја оти тој има добар однос со КимАмериканскиот претседател Доналд Трамп вчера нареди значително намалување на претстојните заеднички воени вежби со Јужна Кореја, повикувајќи се на својот „многу добар однос“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.Трамп исто така навести дека годишните вежби со јужнокорејските сили би можеле на крајот целосно да се укинат. „Не сум задоволен од фактот што САД одамна се согласија да учествуваат во заеднички воени вежби со Јужна Кореја“, напиша Трамп на својата платформа трут соушал. „Овие вежби не само што се скапи, при што голем дел од трошоците ги покриваат САД, туку испраќаат и сигнал што е целосно несоодветен и непријателски кон земја која, во текот на целиот мандат на Доналд Трамп како претседател, не претставуваше закана и се однесуваше со почит“, додаде тој.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook