Кошаркарите на Барселона прифатиле намалување на платите за 70 проценти

Раководството на кошаркарскиот клуб Барселона одлучило да ги намали платите на кошаркарите и стручниот штаб за 70 проценти, се додека сезоната поради пандемијата од коронавирус не продолжи.

Капитенот на Барса Анте Томиќ истакна дека не е херојски чин некој кој толку заработил да прифати намалување на платата во овие тешки моменти.

-Не е херојски чин, како некој кој во кариерата заработил доста пари да се откаже од дел од своите плати. Кога тоа ќе го споредите со она низ што минуваат луѓето кои заработуваат многу помалку, истакнал хрватскиот кошаркар Анте Томиќ.

Шпанските медиуми пренесоа дека Алекс Абринес и Пау Рибас не се согласиле со намалувањето на платата.

- Дополнително да ја појаснам состојбата, бидејќи гледам дека се шират лажни вести. Заедно со останатите капитени на Барселона,Пјер Ориола и јас разговаравме со претставниците на Спортското друштво пред неколку дена. Го прифативме предлогот на клубот за намалување на платите веднаш уште на првиот состанок. Потоа предлогот им го споделивме на играчите и им порачавме дека околу се индивидуално да се договорат со спортските директори, дополни Томиќ.

притисни ентер