Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат
2Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат
Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
ЗдравјеКошаркарите Дамјан и Војдан Стојановски им приредија вистинско изненадувањe на децатаВо Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со низа активности се одбележа Денот на Дишенова мускулна дистрофија. Најголемо изненадување за децата беше дружбата со познатите кошаркари од МЗТ, браќата Дамјан и Војдан Стојановски, кои им подарија дресови со своето име и медали. На дружбата претходеше и проекција на филм „Живот во моите чевли“, приказна за предизвиците на децата со мускулна дистрофија и нивните семејства, а беа проследени и мотивациските говори од д-р мед. науки Наталија Ангелкова, специјалист по педијатрија - невролог и доц. д-р Владимир Чадиковски, специјалист по детска хирургија, супспецијалист по детска кардиохирургија. Во организација на настанот активно се вклучи и здружението Асоцијација за мускулна дистрофија Македонија, а со поздравен говор присутните ги поздрави претседателот Ване Петридов. Во духот на одбележување на денот на лицата со ДМД, секаде во светот се осветлуваат објекти во црвена боја, па така изминатата седмица во црвено светло блескаше и Одделот за педијатрија во „Аџибадем Систина“. Во дворот на болницата се пуштија црвени балони, а сите вработени носеа црвени маички под мотото „Ниту еден мускул не е посилен од твоето срце“ во знак на поддршка на овие деца. Со овие активности се испрати силна порака дека и децата со мускулна дистрофија се дел од општеството и дека треба да бидат прифатени со своите различности. „7 септември се одбележува веќе десет години по ред, на глобално ниво, како ден за подигнување на свеста за мускулната дистрофија на Дишен. На ваков ден се потсетуваме на неопходноста од еднакви можности за функционирање на пациентите со мускулна дистрофија во општеството. Оваа година настанот се одвива под мотото: 'Рушење на бариерите - надминување на сите пречки и остварување на комплетна инклузија во секојдневниот живот'. Тоа значи: достапност на здравствена нега на секое ниво со примена на меѓународните стандарди за нега и терапија, физичка достапност до јавните институции, училишта, факултети, согледување на предизвиците во секојдневниот живот и ангажирање на целата заедница за нивно надминување, вклучување во редовна настава во основно и средно училиште, олеснување на можностите за студирање и вработување, вклучување во широки социјални активности и овозможување ресурси за поткрепа“ – изјави д-р мед. науки Наталија Ангелкова, специјалист по педијатрија – невролог. ЗАЕДНО ВО СПОРТОТ Со овој настан се одбележа и продолжувањето на договорот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и трофејниот кошаркарски клуб МЗТ. Втора година по ред, болницата е медицински спонзор и се грижи за здравјето на кошаркарите. Д-р Владимир Аврамовски, заменик медицински директор во „Аџибадем Систина“, објаснува дека оваа соработка за болницата, како врвна здравствена установа, која е посветена на здравјето и на унапредувањето на спортските вредности, е од големо значење. „’Аџибадем Систина’ во континуитет е посветена на одржување на здравјето на граѓаните, а во нашата работа во која се вклучени врвни професионалци во сите специјалности, особено внимание посветуваме на поддршката на спортот. Тоа го докажуваме низ годините – се грижиме за промоција на спортот во земјата, секако како докажан лидер во превенција и третман на спортските повреди, но и со поддршката на спортски клубови, федерации, поединци. Соработката со МЗТ Скопје, со овој трофеен клуб, ја продолжуваме и оваа сезона, искрено веруваме во нивните идни успеси. Да аплаудираме заедно на новите спортски резултати, а нашиот тим ќе овозможи темелна поддршка за здравјето на играчите“ – изјави заменик медицинскиот директор Владимир Аврамовски. Од МЗТ, пак, изјавија дека им е особена чест што за здравјето на нивните играчи ќе биде задолжен медицинскиот персонал од најдобрата болница во земјава, а оваа поддршка сигурно ќе вроди со многу победи и трофеи. „Горди сме што ја продолжуваме соработката, најдобрите секогаш се поддржуваат. Од наредната година се надеваме дека ќе го продолжиме трендот на успешност како на домашните натпревари така и надвор. За нас е од големо значење тоа што зад нас стои еден голем бренд во здравството како што е клиничката болница 'Аџибадем Систина'“ - Филип Ѓоревски, извршен директор на МЗТ. ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА МУСКУЛНА ДИСТРОФИЈА Светскиот ден за подигање на свеста за мускулна дистрофија е настан што се одржува секоја година на 7 септември. На овој ден се промовираат иницијативите за образование, залагање и социјална вклученост, со цел подобрување на квалитетот на животот на луѓето што живеат со дистрофинопатии. Овогодишното мото е: „Разбивање на бариерите и заедничко градење на подобра иднина“. Во светот приближно едно од 5 000 момчиња се раѓа со оваа болест, а болеста е предизвикана од мутација на хромозомот Х, поради што се засегнати главно мажите. Во нашава земја со невромускулни заболувања се соочуваат околу 100 деца. Со ДМД се дијагностицирани околу 50 деца.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајмалку осуммина загинати и 17 повредени во уривање на зграда во Њујорк (ВИДЕО)Осум лица загинаа кога се урна трикатна зграда покрај градилиште во Бруклин, објави градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани. Најмалку 17 лица се повредени, вклучувајќи тројца пожарникари, рече Мамдани, додавајќи дека спасувачките операции продолжуваат. Противпожарната служба на градот претходно изјави за Ројтерс дека четири лица се во критична состојба. Несреќата се случила кога трикатна зграда во населбата Флатбуш во Бруклин се урнала во среда околу 16 часот по локално време и паднала врз соседното градилиште каде што се вршеле градежни ископувања. Телевизиската станица Њујорк WABC-TV објави дека најмалку четири преживеани, вклучувајќи една бремена жена, биле извлечени од урнатините околу два до два и пол часа по уривањето. BREAKING: 8 people are dead and more than dozen injured after massive building collapse in Brooklyn, New York City https://t.co/WPuUagHAYr — Insider Paper (@TheInsiderPaper) November 12, 2026 Службениците објавија дека во времето на уривањето на зградата, изградена во 1930-тите, не било веднаш познато колку луѓе биле во своите домови. Тие не открија колку работници биле на градилиштето во тоа време. Градската противпожарна комисија, Лилијан Бонсињор, изјави дека меѓу погодените од уривањето има седум деца, но не прецизираше дали меѓу жртвите има деца или возрасни. Bystanders watch as people climb out of rubble, assisted by rescue crews, after a building collapsed in Brooklyn, New York. At least two people are dead and over a dozen others are injured, according to New York City authorities. https://t.co/j5NVr646et — ABC News (@ABC) November 12, 2026 Непознат број на исчезнати Мамдани рече дека градскиот Оддел за згради и полицијата ја истражуваат причината за уривањето. Пожарникарите, кои биле во близина, пристигнале на местото на настанот во рок од една минута по уривањето и помогнале да се извлечат првите жртви од урнатините, изјавија властите за новинарите на прес-конференција во среда вечерта. Снимките од локалната телевизија покажаа спасувачи со кучиња трагачи како ги чешлаат урнатините и ги отстрануваат остатоците во кофи, барајќи знаци на живот за луѓето кои можеби биле заробени во шуплините под урнатините. Џон Еспозито, шефот на градската противпожарна служба, рече дека ќе бидат потребни неколку дена за спасувачките екипи да ги „пребараат сите потенцијални жртви“ во областа. „Не знаеме колку луѓе се исчезнати вкупно“, рече Еспозито. Околу 250 членови на противпожарната и итна медицинска помош беа испратени на местото на настанот, објави противпожарната служба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЗдравјеЗа првпат отворена стоматолошка ординација за деца со посебни потребиСо нов апарат видео ларингоскоп што претставува побезбедна интубација на децата кои се со аутизам и со деца со посебни потреби е обезбедена новата ординација за деца со посебни потребни на Клиниката за стоматологија. Директортката на клиниката Николоска објаснува дека со новите услови им се помага на децата без проблеми и болки да имаат интеревенции на стоматолог. Министерот Клековски посочи дека за здрави заби е потребна во сите установи да има општа анестезија, а барања за отворање на ординации за деца со посебни потреби има и во други градови. Министерот за здравство посочи дека во клиниката има многу новини и нова опрема обезебедена од страна на министерството за здравство и фондот за здравство во вредност од 40 милиони денари и учество на општествено одговорни компании. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПолициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваатПолициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер на 15 март лани, кога се случи трагедијата во дискотеката Пулс, не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат во КочаниПолициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер на 15 март лани, кога се случи трагедијата во дискотеката Пулс, не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат во Кочани, туку само добиле усна наредба дека треба да вршат службени активности во Кочани. Ова денеска пред судот го изјави сведокот Даниел Василевски, полициски началник од Пробиштип, на рочиштето против 13 полициски службеници, обвинети дека не постапиле согласно акцискиот план при извршена контрола во дискотеката Пулс. Според зборовите на Василевски, полицајците од Пробиштип, однапред не биле воопшто запознати што ги очекува во Кочани, туку само ги следеле наредбите на службените лица од Кочани -Полицајците од Пробиштип пред упатувањето на работните задачи во Кочани не беа запознати со безбедносните ризици со кои можат да се сретнат таму, ниту пак беа запознати со планот за справување со ризици, бидејќи со таков план ОВР Пробиштип не располагаше. Планот за тоа како ќе се постапува таа вечер го имаа во ОВР Кочани и нашите полициски службеници инструкциите за постапување ги добија дури по доаѓањето во Кочани, - Сведок Даниел Василевски, полициски началник од ОВР Пробиштип. Според родителите на жртвите во Пулс пак, неразбирливо е како полициски службеници од Пробиштип добиле усна, а не писмена наредба за контроли во Кафулиња во Кочани. - Денес слушаме дека полициските службеници од Пробиштип не биле информирани за целта и точките на акциската контрола. Дали е професионално да се спроведува акција без соодветна информираност и координација на службите? Кој требало да знае, кој требало да постапи и кој ја презел одговорноста?- изјави Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова. Судењето против 13 полициски службеници за непостапување при извршување на службените активности во дискотеката Пулс во Кочани, се наоѓа во доказна постапка, а по испитување на сите сведоци на одбраната, ќе се изведуваат и материјалните докази. Во пожарот на 15 март лани по активирање на пиротехнучки средства за време на настап на групата ДНК во дискотеката Пулс во Кочани, загинаа 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter