Кошаркар на Реал Мадрид заразен со коронавирус

Еден кошаркар на Реал Мадрид е заразен со коронавирус. 

Според шпанските медиуми заболен со коронавирусот е крилниот центар Треј Томпкинс.

Поради новата ситуација целиот тим на Реал го напуштил тренинг центарот во Мадрид и во следните 14 дена сите кошаркари ќе бидат во карантин.

Изолирани најверојатно ќе мора да бидат и фудбалерите на Реал.

Реал вечерва во рамките на Евролигата требаше да и биде домаќин на Црвена Звезда. Но, раководството на Евролигата одлучи да ја суспендира лигата на неопределено време.

притисни ентер