Лишени од слобода 14 возачи и со двајца малолетници е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“
Министерот Серафимовски потпиша девет договори за промоција на домашното производство и развој на руралните средини
1Лишени од слобода 14 возачи и со двајца малолетници е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“
2Министерот Серафимовски потпиша девет договори за промоција на домашното производство и развој на руралните средини
Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици
1Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици
КошаркаКошаркар на Бостон потпиша најголем договор во историјата на НБА од 304 милиони долариЏејлен Браун (26) го потпиша најголемиот договор во историјата на НБА.Кошаркарот на Бостон го продолжи договорот со Селтикси и за пет сезони ќе заработи дури 304 милиони долари. Договорот стапува во сила од сезоната 2024/2025, а на Браун му е гарантирана целосна исплата. Договорот, исто така, вклучува и трговски удар, односно финансиски бонус во случај Браун да се тргува. Рекордниот договор претходно беше во сопственост на Никола Јокиќ, кој минатата година ја продолжи верноста кон Денвер Нагетс на пет години за 276 милиони долари. Браун оваа година би можел да добие 28 милиони долари повеќе од Бостон поради зголемувањето на платата за претстојната сезона. Продолжување на договорот како она што го доби Браун е можно само доколку играчот продолжи да игра за својот прв тим во лигата, што е случај со него. Во исто време, тој мора да има одиграно најмалку седум сезони во НБА, а Браун одиграл токму толку. На крајот, за да може играчот да добие такво продолжување на договорот, тој мора да исполни еден од трите услови: 1) Мора да биде именуван во еден од сите-НБА тимовите во сезоната пред продолжувањето или во две од трите сезони пред продолжувањето. 2) Мора да биде прогласен за одбранбен играч на годината во сезоната пред продолжувањето или во две од трите сезони пред продолжувањето. 3) Мора да биде прогласен за МВП најмалку еднаш во трите сезони пред продолжувањето. Браун го исполнил овој прв услов. Минатата сезона тој беше вклучен во втората најдобра петорка во лигата и со тоа го заслужи правото на т.н. продолжување на договорот со супермакс. Во исто време, можеби ќе се запрашате што ќе се случи со Џејсон Тејтум, кој се уште е прва ѕвезда на Селтикси, додека Браун е нивниот втор најдобар играч. Следното лето и Тејтум ќе има право на вакво продолжување на договорот бидејќи веќе ги исполнил потребните услови, па Бостон би можел да одвои 70% од салари капот за двајцата играчи. Да додадеме дека Браун, покрај тоа што минатата сезона беше вклучен во втората најдобра петорка во лигата, досега во кариерата беше само два пати Ол-стар - во 2021 и 2023 година. Минатата сезона беше негова најдобра досега и имаше просек од 26,6 поени, 6,9 скока и 3,5 асистенции по натпревар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 14 возачи и со двајца малолетници е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“Еден возел под дејство на алкохол, а останатите без возачка дозвола.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 14 возачи и со двајца малолетници е извршен службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 13 управувале возило без положен возачки испит и тоа: З.Т.(39), М.Л.(22), Х.В.(23), Б.Ф.(24), сите од Скопје, Х.Д.(19) од с.Морани, скопско, М.Т.(29) од Прилеп, В.И.(18) од Битола, Р.Н.(47) од с.Брезница, општина Македонски Брод, И.Ѓ.(42) од Кочани, Г.Н. (46) од Кавадарци, Ш.Р.(34) од Тетово, Б.А.(26) од Гостивар и Л.Ф.(22) од с.Чегране, гостиварско, кој удрил во паркирано возило. Исто така, со двајцата малолетници од Велес, во присуство на родител е извршен службен разговор затоа што управувале мопеди без возачка дозвола. Додека пак, под дејство на алкохол управувал Д.Ј.(39) од Делчево. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометМакедонија заедно со Словенија и Србија се кандидира за домаќин на ЕП во ракомет во 2034. Српската ракометна федерација објави дека, заедно со федерациите на Словенија и Македонија, официјално поднела кандидатура за организација и домаќинство на Европското првенство во ракомет во 2034 година.Како што е наведено, кандидатура за домаќин поднеле и Австрија, Хрватска, Данска, Луксембург, Холандија, Шведска и Турција, а Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе донесе одлука следната година на својот редовен Конгрес. - Заедничката кандидатура ќе претставува проект кој, покрај спортскиот сегмент, ќе вклучува и институционална поддршка од владите на Србија, Словенија и Македонија, а во текот на следниот период, трите федерации и надлежните институции ќе работат на подготовка на комплетна кандидатура, која ќе ги вклучува сите потребни организациски, инфраструктурни, логистички и други аспекти важни за организацијата на еден од најголемите европски спортски настани - соопшти Српската ракометна федерација. Се додава дека за Србија, Словенија и Македонија, заедничката кандидатура претставува и потврда за намерата трите земји дополнително да го поврзат својот спортски потенцијал и да настапат заедно на европската спортска сцена. - Српската ракометна федерација, како и федерациите на Словенија и Македонија, ќе продолжат интензивна соработка во подготовката на кандидатурата во наредниот период, со цел заедничкиот проект да се претстави пред ЕХФ како сериозна и сеопфатна кандидатура за домаќинство на Европското првенство во 2034 година - соопшти Српската ракометна федерација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Серафимовски потпиша девет договори за промоција на домашното производство и развој на руралните срединиМинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес потпиша девет договори за техничка поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој. Вкупната вредност на договорите изнесува 1.283.889 денари. Поддржаните манифестации се посветени на промоцијата на домашните земјоделски производи, подобрувањето на нивната препознатливост, непосредното поврзување на производителите со потрошувачите, како и афирмацијата на локалната традиција, гастрономијата и руралниот туризам. „Најкраткиот пат од нивата до пазарот понекогаш започнува на локалниот плоштад, место каде што производителот може лично да застане зад својот производ, да го понуди и да му овозможи на потрошувачот да ја препознае неговата вредност. Со оваа поддршка отвораме простор локалните заедници да го претстават најдоброто што го создаваат, а манифестациите да донесат конкретна придобивка за изложувачите и локалните производители“, истакна министерот Серафимовски. Поддршка за организирање манифестации добија: -„Еко кам мед“ од Македонска Каменица за „Денови на медот во Македонска Каменица“; - „Ума Сто“ од село Умин Дол за „Есенско пазарче“; - „Слоу фуд Лихнидос“ од Охрид за „Вкусови на ферментацијата – органско производство на храна“; - Општина Босилово за „Ајверијада во Општина Босилово 2026“; - Општина Василево за „Ден на празот“; - Општина Ново Село за „Костенијада“; - Општина Чучер-Сандево за „Традиција на Скопска Црна Гора“; - Општина Ресен за „Преспански јаболкобер“; - Општина Кочани за „Денови на кочанскиот ориз“. Избраните манифестации ќе се реализираат во периодот од 10 септември до 31 декември 2026 година. Преку нив ќе се промовираат производство на мед и органска храна, локални земјоделски производи и традиционална гастрономија. Со реализацијата на оваа мерка, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја продолжува поддршката за здруженија и единици на локалната самоуправа во организирањето манифестации што ја зголемуваат видливоста на домашните производители, ја поттикнуваат локалната економска активност и придонесуваат за развој на руралните средини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter