Кошаркар ги собра соиграчите за да им каже дека е геј, реакцијата е хит (ВИДЕО)

Австралискиот кошаркар Исак Хемфрис на својот Твитер профил го сподели моментот кога ги собрал соиграчите од Мелбурн Јунајтед и им признал дека е геј.

Во емотивниот говор тој истакнал дека тоа е веројатно најтешката работа што ја направил во животот, признал дека минува низ мрачен период и нагласил дека не сака да крие кој е и што е.

„Пред неколку години паднав во мрачен и осамен простор, не можев да бидам тоа што сум. Ќе си го одземев животот. Главната причина за тоа беше мојата борба со мојата сексуалност, со признавањето дека сум геј . Го мразев тоа во себе и ми се гадеше. Мислев дека не можам да бидам таков во кошаркарска средина“, изјави тој.

"Не сакам да кријам кој сум. Решив дека ако влезам во некој тим, ќе признаам сѐ јавно, за луѓето да знаат дека е можно да се живее без криење само затоа што си спортист. Ние имаме должност да бидам пример за другите, има многу што не знаат да живеат.Знам како им е и сакам да ги претставувам.Можеш да бидеш геј и да бидеш одличен кошаркар.Сакам да бидам тоа што сум “, додаде тој и се расплака.

Неговите соиграчи крајот на неговиот говор го поздравија со аплауз. Секој од нив стана и го прегрна. Пред да потпише за Мелбурн Јунајтед, Хемфрис играл за голем број клубови, вклучувајќи го и ФМП. Тој се обидел да го освои и своето место во НБА лигата, каде накратко настапувал за Атланта Хокс.

Најмалку 17 повредени при судир на два воза во областа на градот Фаенца, Италија

Најмалку 17 лица се повредени при судир на два воза во областа на градот Фаенца, во северна Италија. 

Шест се пренесени во болница, додека на останатите им била укажана помош на лице место .

Како што пишуваат италијанските медиуми , сударот се случил додека возовите се движеле со мала брзина, а сите повредени се здобиле со полесни повреди. Причината за несреќата е под истрага. Судирoт се случил при намалена брзина на возовите на линијата Болоња-Римини, помеѓу Фаенца и Форли.

Две седници на собраниската Комисија за одбрана и безбедност

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ќе одржи две седници. 

Членовите на Комисијата ќе имаат средба со слушателите со чин потполковник/полковник на Сениорскиот курс на НАТО Одбранбениот колеџ во Рим, Република Италија.

Потоа на 55. седница на Комисијата, пратениците треба да ја разгледаат Информацијата за потребата на доделување на договор влада со влада за обезбедување на резервни делови по програмата Cooperative Logisitic Supply Support (CLLSA), помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави со склучување на договор влада со влада.

Цветин со изложба за УНИЦЕФ и по повод Декларацијата за човекови права

На отворањето на изложбата во Кинотека говор ќе одржи  Јордан Плевнеш.

Познатиот уметник и хуманист Живко А. Поповски – Цветин денеска организира изложба на Цвеќиња на мирот по повод 77 години постоење на УНИЦЕФ и 78 години од донесување на Универзалната декларација за човекови права од страна на Генералното Собрание на Обединетите нации.

На отворањето на изложбата во Кинотека говор ќе одржи Јордан Плевнеш, поранешен амбасадор во Франција и УНЕСКО, а со музички нумери ќе настапат баритонот Борис Трајанов, кој воедно е и амбасадор на мирот на УНЕСКО, во пијано придружба на Дарко Мариновски, оперската пејачка Серафина Фантаузо и Драган Мијалковски.

притисни ентер