Кошарка У-18: Македонските јуниорки започнаа со пораз од Грција на ЕП - Канал 5

Кошарка У-18: Македонските јуниорки започнаа со пораз од Грција на ЕП

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години со убедлив пораз од Грција го започнува своето учество во Б дивизијата на Европското првенство што се одржува во, Сараево, Босна и Херцеговина.

Кошарка У-18: Македонските јуниорки започнаа со пораз од Грција на ЕП
Избраничките на селекторот Горјан Стојановски, во натпреварот од 1.коло на Ц групата беа поразени од Грција со 41-62 по четвртини 6-14, 15-18, 13-16, 7-14.

Најефикасна во нашата селекија беше Споровска која средбата ја заврши со 11 постогнати поени, еден повеќе од Адамовска.

Денеска е слободен ден за нашите млади кошаркари, кои утре од 21 часот ќе го играат натпреварот од 2.коло против селекцијата на Ирска.

Во групната фаза, црвено-жолтите за противнички ќе ги имаат и репрезентациите на Естонија (во вторник) и Англија (во среда). /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воен хеликоптер со петмина војници се урна во Чешка

Воен хеликоптер на чешката армија се урна денеска во базата во Намешт над Ославу, околу 180 километри југоисточно од Прага. 

Воен хеликоптер со петмина војници се урна во Чешка

Во хеликоптерот имало пет припадници на вооружените сили, пишува чешкиот echo24.

Според информациите од чешките медиуми, едно лице загинало. Службите за итни случаи интервенирале на местото на несреќата. Станува збор за хеликоптерот Venom, односно американскиот повеќенаменски хеликоптер UH-1Y што го користи чешката армија.

Несреќата се случила во 22-та воздухопловна база на хеликоптери. Причината за падот засега не е позната. Чешката армија претходно објави дека ќе објави дополнителни информации кога ситуацијата ќе дозволи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија екипно на делба на петтото место на младинското ЕП во билијард!

За прв пат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. 

Македонија екипно на делба на петтото место на младинското ЕП во билијард!

Билијардските спортови доживуваат невидена експанзија, како на светско, така и на локално ниво, па новата генерација млади македонски играчи со спортски жар и огромна желба за бранење на државните бои настапи на Европското првенство кое се одржа во Подчетртек, Словенија.

За прв пат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. Бидејќи едниот од нив веќе имаше навршено 17 години, тие настапија во категоријата за младинци до 19 години, иако останатите двајца беа далеку помлади. Сепак, и со тој хендикеп, беа забележани две победи во квалификациската фаза, против Шведска и Холандија, за во елиминациската рунда (четвртфинале) да бидат поразени од Германија. Со тоа, на крајот е забележан пласман со делба на петтото место, но мислите и желбите за уште подобар резултат идната година артикулираат уште од сега.



Во индивидуална конкуренција, минатогодишниот освојувач на бронзен медал, Андреј Ѓурчиновски, играше на сите четири турнири за младинци до 17 години (личен скор 18:4 – најдобар досега!), при што два пати стигна до четвртфинале (во дисциплините „осмица“ и „деветка“) и два пати до осминафинале (во дисциплините „осумка“ и „14.1“. Младиот Марио Минов кој за прв пат настапи во оваа конкуренција не успеа да стигне до победа, но стекна драгоцено меѓународно искуство. Илија Димовски за прв пат играше во конкуренција до 19 години, но за жал стигна само до шеснаесетфинале (личен скор 5:9).

Сите учесници се дел од државното првенство, каде што играат во сенорска конкуренција и веќе есенва ќе продолжат со настапите и усовршувањето за идниот континентален собир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот Јанчев го прими Орденот „За заслуги“ – високо државно признание на Украина

Градоначалникот Митко Јанчев денес го прими Орденот „За заслуги“ – високо државно признание на Украина, доделено со указ на претседателот Володимир Зеленски.

Градоначалникот Јанчев го прими Орденот „За заслуги“ – високо државно признание на Украина

Во своето обраќање истакна дека ова одликување го доживува како признание не само за него лично, туку и за целиот град, за неговите соработници, Советот на Општината, институциите, хуманитарните организации и за сите граѓани кои несебично се вклучија во помошта за украинскиот народ. Тој нагласи дека од самиот почеток на воените случувања во Украина, градот покажа дека хуманоста, солидарноста и меѓусебната поддршка немаат граници, а денешното признание е потврда дека ваквите дела оставаат трајна вредност и придонесуваат за зајакнување на пријателството меѓу двата народа.

Посебен и емотивен момент на настанот беше кога децата од Украина, кои бесплатно престојуваат на детското одморалиште Михајлово, му подарија рози на градоначалникот во знак на благодарност за грижата, поддршката и топлото гостопримство што им го овозможи градот.

Градоначалникот упати искрена благодарност до претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за укажаната чест, како и до Амбасадата на Украина за довербата и континуираната соработка. Посебна благодарност изрази и до своето семејство за безрезервната поддршка, љубов и разбирање.

Тој порача дека најголемите признанија не се оние што се носат на градите, туку оние што се заслужуваат преку дела, изразувајќи уверување дека пријателските односи меѓу Македонија и Украина ќе продолжат да се градат врз темелите на заемното почитување, солидарноста и мирот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер