Кос: Време е за проширување на проширувањето - Канал 5

Кос: Време е за проширување на проширувањето

На земјите кандидати за членство им треба време за реформи, а понекогаш на нашите земји членки им треба време да одлучат, време кое денешниот свет повеќе не ни го дава.

Кос: Време е за проширување на проширувањето

Во актуелниот геополитички контекст време е за „проширување на проширувањето“, за да не ја изгубиме контролата врз безбедноста и стабилноста на Европа, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос во обраќањето на „Форумот за проширување на ЕУ 2025: Заокружување на Унијата, обезбедување на нашата иднина“ што се одржува денеска во Брисел.

- На земјите кандидати за членство им треба време за реформи, а понекогаш на нашите земји членки им треба време да одлучат, време кое денешниот свет повеќе не ни го дава. Ако не дејствуваме брзо и решително, ризикуваме да ја изгубиме контролата врз безбедноста и стабилноста на нашиот континент, рече Кос.

Таа нагласи дека политиката на проширување на ЕУ одигра централна улога во клучните моменти во поновата историја на Европа и затоа таа е неопходна и денес со цел уште еднаш да се спротивставиме на силите што имаат за цел да го дестабилизираат европскиот континент.

- Треба да го исчистиме нашиот континент од автократии, треба да го одбраниме нашиот простор на слобода и демократија и уште еднаш сме свртени кон политиката на проширување за да обезбедиме одговори за пополнување на јазот во просперитетот, слободата и стабилноста низ цела Европа и да ја затвориме празнината што се повеќе ја користат нашите противници, трговците со луѓе и криминалците, рече Кос.

Таа порача дека ЕУ и денес како и нејзините основачи во 50-те години на минатиот век се соочува со прашањата како да се обезбеди војните во Европа засекогаш да бидат испратени во учебниците по историја, како да се заштитат демократиите од автократски тенденции, како да се максимизира европската способност за дејствуваме и како Европа да одлучува за сопствената иднина.

Според неа, ЕУ делумно одговори на овие прашања во минатото, кога во 80-те години на минатиот век и се приклучија новите демократии Грција, Шпанија и Португалија и на почетокот на 20-от век, кога и пристапи голем дел од Централна и Источна Европа.

- Денес повторно се подготвуваме за нови членки и го правиме тоа повторно водени од прашањата за мир, демократија и безбедност, рече Кос.

Според неа, проширувањето не само поттикнувач на промени во земјите кандидати за членство, туку и можност ЕУ да даде одговори на загриженоста на нејзините граѓани во врска со социјалните или економските модели, миграцијата, корупцијата или организираниот криминал.

Таа потенцира дека проширувањето како „сила што предизвикува промени“, премногу често буди негативни асоцијации, па затоа обврска на сите е да се стави крај на ваквите асоцијации и да се дадат веродостојни одговори за обезбедување посилна Европа и за нејзино обединување првпат во историјата.

- Овие фундаментални прашања за иднината на Европа бараат отворена дебата, на сите што сакаат да се чуе нивниот глас – владите, граѓанското општество, европските институции, но исто така и националните парламенти на сегашните и идните земји членки, додаде Кос.

Според неа, 2025 е добра година за проширувањето на ЕУ, со придвижување на многу работи и значителен напредок во европскиот пат, што е доказ дека спроведувањето на реформите се исплати.

- За да бидеме во чекор со геополитичката итност на нашето време постепено ја забрзавме интеграцијата, вклучително и преку Украинскиот инструмент и плановите за раст на Западниот Балкан и Молдавија, што уште отсега ја прави Европската Унија реалност во кандидатите за членство, рече Кос.

Таа порача дека и покрај актуелните предизвици, проширувањето мора да остане кредибилен процес и да се базира на заслуги, без скратени или забрзани постапки, без да се затвораат очите пред недостатоците како одговор на геополитичките аргументи.

- Кога демократските структури се слаби или не се почитува владеењето на правото, тоа може да ги отвори вратите за штетни влијанија, корупција и организиран криминал. Нашата Унија е изградена врз доверба меѓу своите членки. Успех во проширувањето е можен само кога има доверба заснована на достигнувања базирани на заслуги, рече Кос.

Според неа, паралелно и ЕУ треба да се прилагоди за проширувањето за да овозможи одржување на нејзиниот социјален модел, зајакната контрола на границите, почитување на владеењето на правото и свое непречено и ефикасно функционирање.

Таа нагласи дека во времето кога нејзината земја Словенија се подготвуваше за членство во ЕУ на проширувањето главно се гледаше низ призмата на просперитет, но денес тоа исто така е и прашање на безбедноста.

- Гледаме дека ако нашите соседи изберат европска иднина, тие се напаѓани. Нашите земји кандидатки гледаат кон ЕУ заштита од овие напади и затоа ние мора да ја направиме европската интеграција реалност денес, а не утре, истакна Кос.

Според неа, Унијата не треба да се плаши да размислува за следните чекори во проширувањето, туку треба да работи на тоа како може да ги интегрира земји кандидати за членство и во некои други нејзини структури.

- Потребата за обнова на дискусијата за иднината на проширувањето и за проширената Унија денес е од огромно значење. Затоа овој Форум за проширувањето се одржува токму навремен, за да ја започнеме таа дебатата заедно денес, заклучи Кос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна хаосот во Париз: Маскирани демонстранти кршат и ограбуваат (ВИДЕО)

На крајот од денешниот протест, јавниот ред и мир повторно беа нарушени.

Почна хаосот во Париз: Маскирани демонстранти кршат и ограбуваат (ВИДЕО)

Во Париз, полицијата за немири користи палки за да ги растера групите маскирани млади луѓе кои ги кршеа прозорците на автосалоните на авенијата Кур де Венсен, јавува Би-Би-Си. Воздухот беше исполнет со густи облаци солзавец, а полицијата исто така интензивно користеше водни топови.

Претходно, протестот беше целосно мирен, а повеќе од 100.000 луѓе маршираа по рута што минуваше далеку од центарот на градот.

Полиција: 410.000 луѓе протестираа денеска во Франција

Вкупно 410.000 луѓе учествуваа во протестите низ Франција во саботата, вклучувајќи 110.000 во Париз, изјави за АФП француското Министерство за внатрешни работи. Излезноста беше малку помала од минатата недела, кога 550.000 луѓе излегоа на улиците.

Од друга страна, според податоците на синдикатот што ги организираше пријавените собири, 800.000 луѓе учествуваа во протестите во саботата низ целата земја, од кои 250.000 беа во главниот град. Судири избувнаа во неколку градови, вклучувајќи ги Париз, Лион, Рен, Нант, Бордо, Ница и Марсеј.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

10 Попова Шапка, 14 Крушево, 16 Лазарополе, 18 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, Берово, Маврови Анови, 19 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Виница, 20 Битола, Велес, Штип, 21 Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица, 22 Демир Капија, 23 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини имаше појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец.

Попладнево ќе се задржи променливо облачно, а до крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама намерно го отстрани Курти од фотографијата од Самитот во Црна Гора (ФОТО)

Албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од самитот во Црна Гора каде намерно не се гледа премиерот на Косово, Албин Курти!

Рама намерно го отстрани Курти од фотографијата од Самитот во Црна Гора (ФОТО)

Рама на својот официјален Фејсбук профил објави две фотографии од Самитот на лидерите од Берлинскиот процес што се одржа во Милочер кај Будва, пренесе Телеграф. Официјалната фотографија од самитот, кој го отворија црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и германскиот канцелар Фридрих Мерц, ги прикажува лидерите од регионот како стојат еден до друг. Курти може да се види и како стои во првиот ред недалеку од Рама, но албанскиот премиер објави уште една фотографија, зголемена, но Курти веќе го нема.

Фотографијата е отсечена токму таму каде што се наоѓал.

Албанските медиуми, меѓу кои и Бота Сот, наведуваат дека тоа не е случајно и дека се знае дека односите меѓу Рама и Курти се лоши со години, а таквиот гест на албанскиот премиер, како што велат, е едноставно продолжение на нивните несогласувања. Голема бура, сепак, се крена и во коментарите под фотографиите, каде едни го критикуваа Рама за спорната фотографија, а други го оправдаа неговиот потег.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер