Кос: Македонија направи решителни чекори напред, но треба да ги спроведе уставните измени за да продолжи понатаму - Канал 5

Кос: Македонија направи решителни чекори напред, но треба да ги спроведе уставните измени за да продолжи понатаму

Пофалби за целосното усогласување на Македонија со надворешната и безбедносна политика на Европската Унија, но и потсетување на незавршените обврски во однос на уставните измени. 

Кос: Македонија направи решителни чекори напред, но треба да ги спроведе уставните измени за да продолжи понатаму

Ова, вклучително и потребата од напредок во владеењето на правото, се клучните наоди од извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјава, објавен попладнево. Во заклучоците од документот, се нотира и потребата за доследно спроведување на договорите со соседите.

Сублимирајќи ги извештаите за земјите кандидатки во седиштето на Европската Комисија, еврокомесарката Марта Кос за Македонија ја спомена само во една речница.

-Не е забележан реален напредок измината година во Македонија, Косово и Босна и Херцеговина, а причините се различни.

Претходно, пред Комитетот за надворешни работи во Европскиот Парламент, таа рече дека земјава не направила решителни чекори за напредок, потенцирајќи ги токму уставните измени.

-С.Македонија продолжи со целосното усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика и техничката подготовка за Патоказот и Акцискиот план поврзан со Кластерот 1. Но, земјата на презеде решителни чекори за напредок во пристапниот процес измината година. Треба да го смени Уставот, согласно заклучоците на Советот од 2022, како би напредувала кон патот на ЕУ. , изјави Марта Кос, еврокомесарка за проширување.

Во извештајот се посочува дека властите продолжиле да работат на реформските патокази во областите на владеење на правото, јавната администрација и демократските институции, како и на акцискиот план за заштита на малцинствата, но повторно се нагласува потребата од натамошен напредок во сферата на судството и борбата со корупцијата, каде како што се наведува нема напредок. Во контекст на корупцијата се споменува и трагедијата во Кочани.

Корупцијата останува распространета во многу области и е прашање што предизвикува сериозна загриженост. Трагедијата од 16 март 2025 година во Кочани, за време на која пожар изгоре во клуб, откри трајни системски предизвици во врска со спроведувањето на антикорупциските мерки. Превентивните мерки и ефикасното потиснување на корупцијата треба да се подобрат.

Целокупната независност и финансиска автономија на судството е поткопана од мешањето и притисокот од другите државни гранки, вклучително и обидите на Парламентот да изврши притисок врз членовите на Судскиот совет да поднесат оставка, како и ограничените доделени финансиски ресурси. Недостатокот на персонал во судството е загрижувачки бидејќи влијае на квалитетот и ефикасноста на правосудниот систем., се вели во извештајот.

Во однос на другите кандидатки за членство, Кос денеска ја здвои Црна Гора како лидер меѓу земјите кандидатки, а за Албанија, Украина и Молдавија рече дека постигнале значителен напредок.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Променливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд.

Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Наглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. 

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“.

При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот.

Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард

Секој ден се повеќе СДС личи на расипана грамофонска плоча за ширење на лаги и дезинформации. 

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард

Народната банка и гувернерот се тие кои носат одлуки за банкарскиот систем, а не премиерот и Владата. Не е вистина дека било кога и било каде гувернерот Славески кажал дека одлуката за Алта банка ја донел Мицкоски.

Така да, ова е уште една лага на СДС и со цел да се шири паника и да се прави саботажа со банкарскиот систем на земјава.

Таквата саботажа на СДС, ја потврдува нивната неконструктивна улога од која штета имаат бизнисите, економијата и граѓаните. Премиерот не носи банки. Но очигледно, тие се поучени од времето кога братот на експремиерот Вице Заев, со неговите бизнис партнери земаа кредити без покритие од Еуростандард банка, со што ја уништија банката и ги украдоа граѓаните. Е тоа е криминал.

Разликата помеѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а во случајот со Алта, проблемот е увезен односно престана да постои нејзината матица која е во друга држава. Но за среќа, решение ќе има и граѓаните нема да се дозволи да бидат оштетени, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер