Кос: ЕУ е загрижена за владеењето на правото во земјите кандидатки од Западен Балкан - Канал 5

Кос: ЕУ е загрижена за владеењето на правото во земјите кандидатки од Западен Балкан

 Споменувајќи ги Албанија, Црна Гора, Македонија и Србија, таа рече дека патот до членство во најголем дел ќе зависи од тоа колку земјите членки напредувале во владеењето на правото.

Кос: ЕУ е загрижена за владеењето на правото во земјите кандидатки од Западен Балкан

Европската унија останува загрижена за владеењето на правото во земјите-кандидатки, иако има опиплив напредок во оваа област, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос по вчерашниот совет за општи работи во брисел посветен на владеењето на правото.

Споменувајќи ги Албанија, Црна Гора, Македонија и Србија, таа рече дека патот до членство во најголем дел ќе зависи од тоа колку земјите членки напредувале во владеењето на правото.

На состанокот присуствуваше и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој оцени дека Извештајот за Македонија во оваа сфера потврдува реален напредок, но и дека истовремено остануваат предизвици кои не смеат да се игнорираат..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на Министерството за финансии, УЈП и Царинската управа – буџетските приходи за 8% повисоки од лани

Буџетските приходи заклучно со август изнесуваат околу 3,75 милијарди и се за 8 проценти повисоки во однос на истиот период лани, додека даночните приходи бележат раст од 8,2 проценти.

Средба на Министерството за финансии, УЈП и Царинската управа – буџетските приходи за 8% повисоки од лани

Овие податоци биле разгледани на средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со директорите на УЈП и Царинската управа, Елена Петрова и Бобан Николовски.

Од Министерството оценуваат дека буџетот засега се реализира согласно планираната динамика, без позначајни отстапувања.

Средбата доаѓа само неколку дена откако Димитриеска-Кочоска не ја исклучи можноста за нов ребаланс или прераспределба на средства поради случувањата на глобалните пазари и влијанието на кризата врз цените на енергентите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крвав напад во Пакистан- најмалку 16 загинати во експлозија во џамија (ВИДЕО)

Најмалку 16 лица, вклучувајќи пет полицајци, беа убиени во напад врз џамија во северозападен Пакистан откако возило натоварено со експлозив се удри во неа. 

Крвав напад во Пакистан- најмалку 16 загинати во експлозија во џамија (ВИДЕО)

Висок полициски службеник во Пешавар ја потврди веста, според Би-Би-Си.

Борби на местото на настанот

Нападот се случил во округот Кохат, во покраината Хајбер Пахтунхва, каде што сè уште се водат престрелки меѓу напаѓачите и безбедносните сили. Еден официјален претставник изјави дека еден напаѓач е убиен и дека се во тек спасувачки операции.

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари испрати „најдобри желби за брзо закрепнување на повредените во експлозијата“ во официјално соопштение.

Никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападот. Премиерот Шехбаз Шариф, исто така, ја осуди експлозијата.

Активноста на милитантите во граничните области на Пакистан нагло се зголеми во последните месеци, а цел беа армијата и полицијата.

Исламабад тврди дека милитантите користат безбедни засолништа во Авганистан за обука и планирање напади во Пакистан. Талибанската влада во Авганистан ги негира обвинувањата и вели дека милитантното насилство е внатрешен проблем на Пакистан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Том Круз открива за што разговарал со Тејлор Свифт: „Таа е брилијантна“

Том Круз откри за што разговарал со Тејлор Свифт откако заедно го гледаа натпреварот со кој тимот „Канзас Сити Чифс“ ја започна сезоната, претходно оваа недела.

Том Круз открива за што разговарал со Тејлор Свифт: „Таа е брилијантна“

Актерот гостуваше во емисијата на Џими Фалон во четвртокот и раскажа како музичката ѕвезда го учела на правилата на американскиот фудбал додека навивале за Тревис Келси од трибините.

Лекција по американски фудбал

Водителот Џими Фалон го праша 64-годишниот актер за што разговараат најголемата филмска ѕвезда и најголемата музичка ѕвезда во светот кога ќе се најдат еден до друг. Круз, кој го промовира својот нов филм „Digger“, одговори: „Таа ме учеше за американскиот фудбал“.

На изненадување на Фалон, актерот потврди дека зборува сериозно. „Таа навистина го познава спортот. Како прво, таа е генијалец. Ја следам уште од времето кога беше дете. Сите што беа таму, сите нивни пријатели... тие се прекрасен пар и магични се сами по себе. Целата екипа во таа ложа“, рече Круз.

Тој додаде дека дружењето на стадионот „Ароухед“ било посебно искуство за него. „Не бев бил на натпревар уште од пред пандемијата бидејќи постојано работев. Беше навистина забавно да се дружиме таму и да го доживеам тој момент. Таа навистина се разбира во тоа“, изјави тој.

„Брилијантен текстописец и музичар“

Круз и Фалон исто така спомнаа како 36-годишната Свифт претходно признала дека не знаела ништо за американскиот фудбал кога првпат го запознала Келси. „Таа рече: 'Знаеш, тој е толку трпелив'“, раскажа Круз. „Јас одговорив: 'Верувам дека е така'. Мислам дека секој би бил многу трпелив со неа“.

Актерот истакна дека пејачката сега целосно ја разбира играта и дека разговарале и за музика и за филмови. „Таа е духовита. Има одлична смисла за хумор. Плус, таа е брилијантен текстописец. Брилијантен музичар и режисер. Таа е многу талентирана“, заклучи Круз говорејќи за пејачката која стои зад албумот „Opalite“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер