Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
1Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
МакедонијаКос: Доаѓам во Скопјe за да охрабрам прогрес во преговорите за пристапувањеВо пресрет на утрешната посета на земјава, еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека Европската Унија има историска можност да го заврши процесот на проширување.Во пресрет на утрешната посета на Скопје, еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека Европската Унија има историска можност да го заврши процесот на проширување кое е високо на агендата на Брисел, но дека напредокот на Македонија зависи од исполнувањето на преземените обврски. Во интервју за МИА, Кос ја пофали земјава за спроведувањето ан реформската агенда но и порачува дека истата решителност е потребна за пристапните преговори. - С.Македонија покажа дека може да испорача резултати кога има политичка волја. Ова јасно го гледаме во нејзините силни перформанси во рамките на Реформската агенда. Ќе дојдам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото во преговорите за пристапување. Сега имаме можност, што се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето. Ова доаѓа со јасни избори. Оние што ги исполнуваат своите обврски напредуваат. Ова го гледаме најјасно во Црна Гора и Албанија. Оние што не ги исполнуваат своите обврски, заостануваат. Во моменти на забрзување, застојот значи фактичко назадување. - Марта Кос – Еврокомесар за проширување на ЕУ. Како примери за исполнети обврски таа ги посочува Албанија и Црна Гора, но и додава дека оние што не ги исполнуваат обврските заостануваат, одговарајќи на прашањето дали има предви нова иницијатива за деблокада на македонската евроинтеграција. Довербата меѓу земјите кандидати и членките на Унијата е клучно за напредок во преговорите, вели Кос, укажувајќи на добрососедските односи. Но и посочува дека нема случај на давање гаранции на земја кандидат дека нема да се појави друг спор додека траат преговорите. -Вистината е дека ниедна земја кандидат никогаш не добила гаранција дека нема да се појави друг спор за време на процесот на пристапување сè до моментот кога последната земја-членка ќе го ратификува договорот за пристапување,- - Марта Кос – Еврокомесар за проширување на ЕУ. За време на посетата на земјава, Кос ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали. Во фокусот на разговорите ќе биде патот на земјата кон ЕУ, спроведувањето на Реформската агенда во рамките на Планот за раст за Западен Балкан Тагови: Марта Кос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПедијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџеритеДури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин.Енергетските пијалаци се популарни меѓу децата и тинејџерите, а нивната консумација дополнително ја поттикнуваат социјалните мрежи, инфлуенсерите и рекламите, кои ги претставуваат како брз начин за зголемување на енергијата и концентрацијата. Една лименка енергетски пијалак од половина литар може да содржи дури 55 грама шеќер – што одговара на приближно 11 ќесички шеќер од по пет грама. Покрај шеќерот, овие пијалаци често содржат големи количества кофеин, како и други состојки, на пример таурин, ароми и бои. Дури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин. Немир, анксиозност и срцеви проблеми Педијатрите предупредуваат дека редовната консумација на енергетски пијалаци може да предизвика низа непријатни симптоми: забрзано или силно чукање на срцето, чувство на немир и анксиозност, како и треперење. Консумирањето на овие пијалаци кај младите го нарушуваат срцевиот ритам, предизвикувајќи проблеми со спиењето, како и симптоми на анксиозност или напади на паника. Младите развиваат толеранција кон кофеин, што значи дека телото се навикнува на неговото дејство, па лицето ќе почне да пие сè поголеми количини за да го постигне истото ниво на будност. Рекламите што ги привлекуваат младите луѓе Една од причините за популарноста на енергетските пијалаци е нивниот начин на рекламирање. Шарените пакувања, соработките со инфлуенсерите и врските со видеоигрите, спортот и забавата создаваат впечаток дека ваквите пијалаци се неопходен дел од активниот живот. Дополнителна забуна се верзиите без шеќер, кои понекогаш се перципираат како поздрав избор. Сепак, елиминирањето на шеќерот не ги елиминира ризиците поврзани со кофеинот, особено кај децата и адолесцентите. Во Македонија сè уште нема активна законска регулатива што ја ограничува или забранува продажбата на енергетски пијалаци на малолетници, иако во собраниска процедура во минатото беа поднесувани предлози и иницијативи за изменување на законите со цел да се воведе ваква забрана за лица под 18 години. Забраната за продажба е само еден аспект од превенцијата. Важно е да се разговара со младите за тие да ги разберат последиците од ваквата консумација. Некои ги пијат од љубопитност, други за да се вклопат во друштвото на врсниците, а некои поради замор, стрес или тешкотии со концентрацијата. Сепак, преку Извештај на Институтот за јавно здравје, се препорачува воведување на даноци за засладени пијалаци, строги правила за обележување и ограничување на рекламите за производи со висока содржина на шеќер и кофеин. Од таму препорачуваат, особено за младите лица, водата да биде прв избор, потоа чајот и домашно цедениот сок без додаден шеќер, младите да имаат доволно сон, редовна исхрана и физичка активност. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЗнаци дека во домот имате стеници и чекори што мора да ги преземете веднашСтениците се многу здодевни штетници кои предизвикуваат чешање доколку ве каснат, предизвикувајќи алергиски реакции и секундарни инфекции на кожата. Според стручните лица од Bed kingdom, ова се знаци на кои треба да обратите внимание, пренесува Мирор. Чудна миризба: Стениците испуштаат необичен мирис, а експертите објаснуваат: „Еден од раните знаци на наезда од стеници е чуден мирис на застоено во спалната, дури и кога нема очигледна причина за тоа – како на пример, куп валкана облека. Кога стениците се загрозени, испуштаат таканаречени феромони за тревога, кои имаат слаб мирис на малини, коријандер или нешто слично. При сериозни наезди, овој мирис може да се измеша со мирисот на мртви стеници и отфрлени чаури, создавајќи мирис што потсетува на 'рѓа.“ Каснувања: Ако се разбудите со „црвени каснувања што чешаат“, тоа може да биде знак за присуство на стеници. Тие обично се хранат со крв во текот на ноќта, често каснувањата се во групи или поединечни. Според стручните лица, тие генерално не се опасни, но некои луѓе може да бидат алергични – доколку забележите отоци, побарајте лекарска помош. Јајца: Јајцата на стениците тешко се забележуваат бидејќи се ситни – долги се само 1 мм – но можете да барате сè што наликува на мали зрна ориз во вашиот кревет. Тие можат да се залепат на различни површини, најчесто по должина на рабовите и споевите на душекот или зад наслонот на креветот. Обвивки: „Стениците се „преслекуваат“ неколку пати во текот на својот животен циклус, што значи дека отфрлената кожа може да варира по големина“, објаснуваат експертите. „Можете да ги препознаете по нивниот жолтеникав, проѕирен изглед на рабовите, наборите и процепите на душекот, па дури и на други места, како што се пукнатини во ѕидовите или во мебелот.“ Дамки од крв: Откако ќе завршат со хранењето, од телото на стеницата може да истече крв доколку ја згмечите додека спиете – на пример, при ненадејно движење или превртување во креветот. Ако забележите вакви траги, а нема друга очигледна причина за нив, најверојатно тие се знак за наезда. Темнокафеави траги: Мали, темни дамки од изметот на стениците со големина на врв од молив може да се појават на душеците, чаршафите, наслоните за глава, па дури и на ѕидовите. Бидејќи се многу помали од дамките од крв, тие се потешки за забележување. Исто така, тие испуштаат слаб мирис на 'рѓа, што придонесува за непријатна, застоена миризба. Живи стеници: Возрасните единки се долги околу 5 мм и имаат тенденција да се кријат на најразлични места, почнувајќи од самиот кревет па сè до неговата околина. Со малку труд, тие можат да се забележат, што е прв чекор кон нивно отстранување. Ако забележите некои од овие значи, постелнината, навлаките и облеката за кои се сомневате дека биле изложени на стеници, исперете ги на висока температура согласно упатствата за одржување. Темелно извакуумирајте ги достапните процепи и рабови на душекот, а содржината безбедно одложете ја во затворена кеса. Избегнувајте прскање на креветот со случајно избрани хемикалии или преместување на потенцијално заразените работи од една во друга просторија. Ако најдете живи стеници или јасни знаци за нивно присуство, најдобро е да повикате служба за дезинсекција. Стениците може да се појават и во уредни домови, најважно е што порано да се препознаат зашто проблемот полесно се решава пред да се прошират низ целиот дом. Извор: vecernji.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСрпски медиуми: Бака Прасе го исценирал сопственото приведување, следуваат кривични пријавиТврдењата дека маскирани лица го привеле јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се лажни.Ова е утврдено по истрагата спроведена од Вишото јавно обвинителство во Белград и службеници од полициската станица „Савски венац“. Претходно, на профилот на Илиќ на Инстаграм се појави објава во која се тврди дека маскирани лица го однеле од неговиот стан. Илиќ ѝ објаснил на полицијата дека ја објавил таа информација како дел од снимањето на видео кое планира да го објави на својот Јутјуб канал. Поради ширење паника преку лажни информации на Инстаграм, против него ќе биде поднесена кривична пријава до Посебното одделение за високотехнолошки криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград. Пријавата се однесува на кривичното дело предизвикување паника и неред. Што содржеше објавата На профилот на Илиќ на Инстаграм беше објавено соопштение од неговиот тим, во кое се тврди дека тој бил приведен околу 06:00 часот наутро. Во објавата, потпишана од „Тимот на Бака Прасе“, исто така се наведува дека за ситуацијата бил известен и неговиот адвокат. Неговите соработници спомнаа и наводна поврзаност со „Алта банка“, тврдејќи дека Илиќ се доведува во врска со сомневања за перење пари. Оваа информација не е потврдена. Обвинителството нареди истрага Вишото јавно обвинителство во Белград претходно ѝ наложи на полицијата итно да ги провери тврдењата дека маскирани лица го однеле Илиќ од неговиот стан. Полициските службеници требаше да ја проверат информацијата на терен и да преземат други неопходни мерки за да утврдат што се случило. По извршените проверки, обвинителството и полицијата утврдија дека наводите се лажни. Извор: Индекс.хрТагови: Бака Прасе приведување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter