Кос: Чувствувам одговорност кон Србија, сакаме реформите да се спроведат што е можно поскоро - Канал 5

Кос: Чувствувам одговорност кон Србија, сакаме реформите да се спроведат што е можно поскоро

Чувствувам одговорност кон Србија која треба да се врати на европскиот пат.

Кос: Чувствувам одговорност кон Србија, сакаме реформите да се спроведат што е можно поскоро

Чувствувам одговорност кон Србија која треба да се врати на европскиот пат. Тој пат стагнира изминатите месеци, изјави комесарката за проширување на Европската унија Марта Кос, јави МИА од Белград.

Во интервју за ТВ Н1 Словенија таа наглaси дека на средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ изразила директен протест поради обвинувањата против невладините организации во таа земја, пренесоа српски медиуми.

„Секогаш ќе се залагам да разговараме со политичарите, со оние луѓе кои можат да направат нешто. Кажете ми со кого можеме да разговараме во Србија во овој момент за да постигнеме реформи, што сe во основа на барањата на демонстрантите, студентите и опозицијата. Тоа беше темата на мојот разговор со претседателот Вучиќ“, рече Кос.

Кос и Вучиќ се сретнаа на 19 март во Брисел, по што следеше нејзина објава на социјални мрежи во која средбата со српскиот претседател ја опиша како „конструктивна“.

Следеа критики од политичарите во Словенија, при што поранешниот европратеник Клемен Грошељ истакна дека најавата е „срам за Словенија“, додека претставниците на словенечките невладини организации повикаа на јасна осуда на властите во Србија.

Кос додаде дека објавата не е напишана од неа, туку од нејзиниот тим.

„Тоа е тимски напор, има 16 луѓе во мојата канцеларија. Целосно разбирам дека луѓето не се согласуваат со објавата, само ве молам за разбирање дека не ја оценувате мојата работа врз основа на 280 знаци“.

Еврокомесарката истакна дека Србија мора да направи многу чекори напред пред да продолжат преговорите.

„Да речеме: многу важни закони во областа на медиумите, изборното законодавство и многу повеќе. И секако, според мене, некоректното однесување на српската влада кон претставниците на невладините организации или воопшто невладините организации. Моја задача е да работам на тоа и работев на тоа во разговор со претседателот Вучиќ некое време“, оцени таа.

„Кога реков претходно дека бараме реформи од Србија, за што зборуваше претседателката на ЕК во вторникот - сега имаме и уверување од српскиот претседател дека ќе ги исполни тие реформи. Моја задача е да контролирам дали тоа навистина ќе се случи, бидејќи без тие реформи таа нема да може да напредува Србија.

Кос оцени дека тоа што студентите го бараат од српските власти го бара и самата Европска комисија.

Кос рече дека неодамна имала контакти со невладини организации од Србија и дека со некои објавувала разговори, а со други не поради заканата што ја чувствуваат нивните претставници во Србија.

„Протестирав до претседателот Вучиќ за насилството и заплашувањето на невладините организации. Како можам да го направам тоа освен да се сретнам со него и да му го кажам ова отворено? А знаете, сите оние кои ме критикуваат за средбата со Вучиќ, од друга страна, бараат Европската комисија да разговара со Путин“, рече таа.

Кос потоа истакна дека и на претседателот на Србија му го изразила својот протест за настаните во таа земја, каде што веќе четири месеци траат студентските блокади.

„Да, директно. Како што реков. Тоа не беше средба еден на еден, беа присутни моите соработници. Му протестирав поради обвинувањата дека Европската унија финансира невладини организации кои сакаат да го соборат него и српската влада... Ние ги финансираме невладините процеси во Србија државата да напредува во преговорите“.

На прашањето кога Србија мора да ги спроведе потребните реформи, Кос рече дека тоа се очекува многу наскоро.

Таа рече дека во разговорот со Вучиќ се разговарало и за политичката ситуација во земјата во која се уште не се знае дали ќе има нови избори или ќе се избере нова влада.

Кос повтори дека ниту една земја, вклучително и Србија, нема да стане членка на ЕУ без да ги почитува медиумските слободи, невладините организации и човековите права.

Таа рече дека се восхитува на извонредната енергија на демонстрантите.

„Барањата на демонстрантите, студентите и сите други може да ги постигне само српскиот народ со избирање свој претседател и влада. ЕУ не назначува шефови на влади и држави. Според тоа, понатамошната судбина на Србија е во рацете на српскиот народ“, оцени таа.

„Се надевам дека сега истрагите, вклучително и онаа во Европскиот суд за човекови права, ќе покажат што всушност се случило. Затоа што слушаме многу различни информации и ги имам од прва рака од невладините организации, кои ме информираа точно што се случува“, рече Кос во врска со потенцијалната употреба на звучен топ на последниот протест.

Едно од прашањата беше покренато во врска со неодамнешното интервју дадено за руската новинска агенција РИА Новости од поранешниот директор на Безбедносно информативната агенција (БИА) Александар Вулин. Меѓу другото, тој им се заблагодари на руските разузнавачки служби за помошта во борбата против студентските протести, нагласувајќи дека Србија, според него, никогаш нема да биде членка на ЕУ.

„Се надевам дека г-дин Вулин нема да биде во новата влада. Затоа што некој што се однесува антиевропски не може истовремено да ја води Србија во ЕУ“, рече Кос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Легендарниот Титаник имал близнак, но и неговата судбина е кобна!!

„HMHS *Britannic“, третиот и последен брод од класата *Olympic* на компанијата „Вајт стар лајн“ (White Star Line), потонал на 21 ноември 1916 година во Егејското Море, во близина на островот Кеа, за време на Првата светска војна. 

Легендарниот Титаник имал близнак, но и неговата судбина е кобна!!

Овој луксузен прекуокеански брод, кој бил пренаменет во болнички брод, се сметал за најбезбедното пловило од својата класа; сепак, една експлозија — речиси сигурно предизвикана од поморска мина поставена неколку дена претходно од германската подморница U-73 — го испратила на дното за 55 минути.

Од 1.066 луѓе кои се наоѓале на бродот, 30 ги загубиле животите. До ден-денес, *Britannic* останува најголемиот потонат патнички брод во светот.

Изградба и пренамена во болнички брод Бродот *Britannic* бил поринат на 26 февруари 1914 година во бродоградилиштето „Харланд и Волф“ (Harland & Wolff) во Белфаст, како сестрински брод на *Olympic* и *Titanic*. Бил долг приближно 269 метри и имал нешто поголем тонажен капацитет од Титаник.

По трагедијата од 1912 година, биле воведени дополнителни безбедносни мерки, вклучувајќи зајакнати прегради, проширен систем на водонепропусни комори и значително поголем број чамци за спасување. Бродот никогаш не стапил во комерцијална употреба. Со избувнувањето на Првата светска војна во 1915 година, тој бил пренаменет во болнички брод — под ознаката HMHS *Britannic* — со бел труп, црвени крстови и зелена лента.

Бил опремен со операциони сали и повеќе од илјада болнички кревети, а екипажот вклучувал и медицински персонал — меѓу кои била и Вајолет Џесоп, која преживеала и на Титаник, а подоцна и на *Britannic*.

Во ноември 1916 година, бродот пловел кон Мудрос на островот Лемнос. На 21 ноември, околу 8:12 часот наутро, додека минувал низ каналот Кеа, одекнала силна експлозија на десната страна од прамците. Водата брзо навлегла во неколку предни оддели, предизвикувајќи бродот да се навали и незапирливо да тоне.

Капетанот Чарлс Бартлет се обидел да го насука бродот на брегот, но не успеал. Евакуација и жртви Евакуацијата била многу поуспешна отколку на „Титаник“.

Вкупно биле спуштени околу 35 чамци за спасување, повеќето од нив без поголеми проблеми. Најголемата трагедија се случила кога два чамца биле спуштени прерано, додека пропелерите сè уште работеле, поради што биле вовлечени и уништени. Во тие несреќи загинале 30 луѓе – што биле и единствените жртви при потонувањето.

„Британик“ исчезнал под површината во 9:07 часот. Повеќето патници и членови на екипажот биле спасени благодарение на брзата реакција на бродовите во близина, како и на релативно топлото море за доцна есен.

Остатоците од бродот биле откриени од Жак Кусто во 1975 година. Бродот лежи на својата десна страна, на длабочина од приближно 120 метри, и е исклучително добро зачуван. Денес, тој е заштитен со грчкиот закон, а пристапот е дозволен само за искусни технички нуркачи.

Иако останува во сенката на „Титаник“, судбината на „Британик“ е подеднакво фасцинантна: бродот, кој никогаш не служел како патнички брод, го завршил својот век како симбол на воената трагедија, медицинската храброст и големите технолошки амбиции од почетокот на 20. век.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на британските воздухопловни сили: Ова може да биде последниот борбен авион со пилот

Следниот британски борбен авион би можел да биде последниот во чија пилотска кабина ќе има пилот, изјави ер-маршалот сер Харв Смит, висок командант во Кралските воздухопловни сили (РАФ), во интервју за „Телеграф“. 

Шефот на британските воздухопловни сили: Ова може да биде последниот борбен авион со пилот

Смит смета дека борбените авиони без екипаж, потпомогнати од вештачка интелигенција, целосно ќе ја трансформираат воената авијација – промена што тој ја спореди со преминот од авиони со пропелери кон авиони со млазен погон.

Се очекува новиот борбен авион да биде подготвен до 2035 година.

Британија развива борбен авион од шестата генерација наречен „Темпест“ (Tempest), кој ќе вклучува „стелт“ технологија. Тој се развива како дел од меѓународна иницијатива позната како „Глобална програма за борбена авијација“ (GCAP).

Во проектот, вреден повеќе милијарди фунти, се вклучени британската компанија „BAE Systems“, италијанската „Leonardo“ и јапонската фирма „Japan Aircraft Industrial Enhancement Company“. Планот е новото летало да влезе во оперативна употреба до 2035 година.

„Леталото од програмата GCAP би можело да биде последното борбено летало со екипаж што некогаш ќе го изградиме – не затоа што луѓето ќе станат помалку важни, туку напротив“, изјави Смит за „Телеграф“.

Смит објасни дека британското Кралско воено воздухопловство (RAF) во иднина ќе ги комбинира постојните борбени авиони со автономни системи – односно, со летала способни самостојно да извршуваат одредени задачи.

„Доколку се користат правилно, вештачката интелигенција и машините ќе ги преземат најопасните задачи наместо луѓето; сепак, технологијата мора да го подобри човечкото расудување, а не да ја замени човечката одговорност“, рече Смит.

Британското Кралско воено воздухопловство моментално управува со борбените авиони „Еурофајтер тајфун FGR4“ (Eurofighter Typhoon FGR4) и „Ф-35Б лајтнинг“ (F-35B Lightning). Вториот модел го користи и Кралската морнарица, бидејќи е способен да полетува и слетува на носачи на авиони.

Смит најави дека првите беспилотни борбени летала ќе почнат да летаат низ британскиот воздушен простор уште следната година. Ова ќе го означи почетокот на нова фаза во развојот на воената авијација, во која луѓето сè повеќе ќе управуваат со леталата од далечина.

„Беспилотните борбени летала ќе почнат да летаат во британскиот воздушен простор следната година. Ова е истовремено возбудливо и неопходно“, изјави првиот човек на британското Кралско воено воздухопловство.

Велика Британија веќе го користи беспилотното летало „Протектор“ - долго приближно 11 метри - дизајнирано и за извидување и за вооружени операции.

Се управува од RAF Waddington, база лоцирана во англискиот округ Линколншир. „Протектор“ може да остане во воздух приближно 40 часа и е способен да носи ракети „Бримстоун“ и прецизно водени бомби „Пејввеј“.

За разлика од целосно автономните системи, ова летало е контролирано од оператори на земја.

САД веќе тестираат борбени беспилотни летала заедно со борбени авиони.

Минатиот месец, воздухопловните сили на САД спроведоа тест што демонстрираше како би можела да изгледа таквата соработка.

Борбен авион „Ф-22 Раптор“, пилотиран од човек, полета од воздухопловната база „Едвардс“ во Калифорнија. За време на тестот, пилотот на „Ф-22“ дал тактички инструкции на беспилотното летало „ЈФК-44А Фјури“ што летало во близина. Дронот потоа независно ги толкувал овие команди, ги избирал своите маневри и извршувал симулирани борбени задачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Кардашијан во провокативно издание го поддржа своето момче Луис Хамилтон

Американската старлета Ким Кардашијан уште еднаш ја искористи можноста да ги покаже своите бујни облини на еден настан, привлекувајќи ги погледите на љубопитните набљудувачи. 

Ким Кардашијан во провокативно издание го поддржа своето момче Луис Хамилтон

Вчерашната трка во Формула 1 за Големата награда на Лас Вегас собра бројни ѕвезди од светот на шоу-бизнисот.

Присутни беа неколку познати убавици, кои го збогатија настанот со своите внимателно одбрани модни комбинации.

Меѓу истакнатите дами беше и Ким Кардашијан, ѕвездата од реалните шоуа дојде да му даде поддршка на своето момче седумкратниот свтески шампион во Ф1, Луис Хамилтон.

За оваа прилика Ким одбрала две различни модни комбинации.

Најпрво заблеска во црна кожна комбинација која ги истакна нејзините бујни облини и бујни гради, а потоа се пресоблече во посветла – но подеднакво впечатлива – облека.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер