Кос: Членството во ЕУ е најдобар начин како да се заштити идентитетот, јазикот и културата - Канал 5

Кос: Членството во ЕУ е најдобар начин како да се заштити идентитетот, јазикот и културата

Членството во Европската Унија е најдобар начин како да се заштити идентитетот, јазикот и културата, порачува еврокомесарката за проширување, Марта Кос

Кос: Членството во ЕУ е најдобар начин како да се заштити идентитетот, јазикот и културата

Членството во Европската Унија е најдобар начин како да се заштити идентитетот, јазикот и културата, порачува еврокомесарката за проширување, Марта Кос, прашана за коментар за обидите на Софија во извештајот на Европскиот Парламентда ја вметне понижувачката придавка „модерен“. Вели идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, а како едно од обележјата ја наброи и традиционалната македонска кујна. Во пресрет на кучната дебата за извештајот закажана за 8 јули, премиерот Мицкоски предупредува дека очекува секаков вид инженеринг од бугарска страна која нема допирни точки со европските вредности. Вели засега се води од максимата: „Не ги слушај што зборуваат, гледај што прават“.

Дека Бугарија нема намера да крене раце од придавката „модерен“, најавува и еден од најактивните бугарски европратеници, Ивајло Валчев, кој во финалниот извештајот на АФЕТ успеа да добие свое место со издвоена позиција на малцинството. Во него се вели дека секое споменување на македонскиот јазик не треба да се толкува како признание на тој јазик од страна на Бугарија, согласно бугарската декларација од 2022-та.

-Референцата за „македонски идентитет“ треба да се разбере строго и единствено во нејзиниот современ контекст на идентитетот на луѓето кои чувствуваат чувство на припадност кон одредена група, се вели во позицијата на Ивајло Валчев, бугарски европратеник.

-Ние сега очекуваме во салата (на Европскиот парламент) да биде изгласан амандманот, кој предвидува дека кога зборуваме за македонски идентитет и јазик станува збор за „современите“, а не за нешто што може да биде вратено назад во времето и да и даде на македонската страна можност ретроактивно да објавува личности и настани како дел од нивната историја. , изјави за БТВ, Ивајло Валчев, европратеник од Бугарија.

Но, дека битката што ја бие Бугарија не е поврзана само за идентитетот и јазикот, демонстрираат и повеќе примери од компромисните амандмарни кои успеаја да влезат во документот, а чија цел несоменено е да се ослабне македонската позиција. Во делот посветен на „регионалната соработка и надворешната политика“, влезе текстот на Андреј Ковачев за влијанието на таканаречениот „српски свет“ во Македонија, а каде Европскиот парламент изразува загриженост што таквиот концепт го застапуваат и промовираат некои владини претставници. Веднаш под него, во извештајот се потсетува и за потребата на отворање на архивите на југословенските тајни служби (УДБА и КОС), кои се чуваат во Македонија со цел регионот да се справел со тоталитарното минато.

Европскиот Парламент во извештајот нотира и дека Македонија била единствената земја од Западен Балкан што се воздржала од гласањето за европската резолуција за Украина во Њујорк пред пет месеци и наместо тоа била коспонзор на американската резолуција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина загинаа во украински напад кај Москва

Најмалку пет лица загинаа, а десет се повредени во украински напад со дрон врз склад во близина на Москва, соопшти гувернерот на московската област, Андреј Воробјов.

Петмина загинаа во украински напад кај Москва

Нападот предизвикал голем пожар во индустриски објект во Новоселки, околу 70 километри јужно од Кремљ. Според украинските медиуми, цел на нападот бил магацин поврзан со компанијата „Вајлдберис“, која Киев ја обвинува дека обезбедува логистичка поддршка за руската армија. Во текот на ноќта биле погодени и складишта на компанијата во регионите Санкт Петербург и Твер. Mеѓувреме, Русија продолжи со воздушни напади врз Украина. Во нападите врз Миколаев, Суми и други украински градови загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и деца, а повеќе лица се повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба

Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво за технички потреби. 

Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба

Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. На состанокот било одлучено во наредниот период да се интензивираат контролите на квалитетот на водата, се додека не се добијат три последователни исправни микробиолошки анализи. До тогаш, жителите ќе продолжат да добиваат флаширана вода, а според Тошковски, досега се дистрибуирани речиси 600 илјади литри. Во меѓувреме, продолжува хиперхлорирањето на водоводниот систем. Тошковски вели дека присуство на хлор е регистрирано на сите контролни точки, што е показател дека дезинфекцијата се одвива успешно. Паралелно се испира примарната мрежа, за што упати и апел граѓаните да ги отвораат чешмите за да се исчисти и секундарната водоводна мрежа во домовите.

Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека бактеријата Proteus mirabilis ( проетус мирабилис), која беше пронајдена во дел од примероците, е очекувана поради застојот на водата во системот за време на целосната забрана за користење.

Во меѓувреме, Министерството за здравство информира дека вчера биле регистрирани 78 прегледи, шест помалку од претходниот ден. За споредба, на 18 јули, кога беше врвот на кризата, биле евидентирани 650 прегледи. Според здравствените власти, во овој момент состојбата е стабилна, а бројот на пациенти постепено се намалува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

Во Рим денеска почнa седмиот круг преговори меѓу Либан и Израел со посредство на САД, насочен кон спроведување на рамковниот договор постигнат во јуни.

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

Разговорите се фокусирани на постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан, распоредување на либанската армија во ослободените подрачја и решавање на преостанатите гранични прашања. Либанската влада соопшти дека работи на договор што би довел до целосно повлекување на израелските сили, додека Вашингтон нагласува дека процесот мора да се одвива постепено за да се избегнат нови безбедносни ризици. Преговорите во Рим ќе траат до 6 август и треба да постават основа за поширок мировен и безбедносен договор меѓу двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер