АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо
1АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо
СветКорпусот на гардата на исламската револуција погоди танкер за нафта во Ормускиот ТеснецПоморските сили на Корпусот на гардата на исламската револуција (ИРГЦ) соопштија дека танкерот за нафта „Тренд“, кој плови под знамето на Того, бил погоден и запрен откако на него избувнал пожар додека се обидувал да помине низ Ормускиот Теснец.Во соопштението објавено во четвртокот вечерта, контраадмиралот Али Азмаеи, командант во поморските сили на ИРГЦ, изјави дека танкерот се обидел да помине низ овој стратешки воден пат „по поттик и преку измама на американската војска што убива деца“. Според ИРГЦ, танкерот се обидел да помине низ Ормускиот Теснец без дозвола, што ги натерало иранските сили да интервенираат. „Храбрите воини на исламот и одлучните морнари од морнарицата на ИРГЦ продолжуваат цврсто да ја одржуваат контролата врз виталниот воден пат на Ормускиот Теснец и не дозволуваат ниту еден агресор да помине низ него“, се наведува во соопштението. Морнарицата на ИРГЦ соопшти дека бродот „Тренд“ бил „погоден и запрен откако на него избувнал пожар“. Иранските сили го повторија своето предупредување дека – како што тврдат – секој обид за нелегално минување низ Ормускиот Теснец би резултирал со „ништо друго освен уништување на бродот што го прекршил правилото“.Тагови: Иран нафта Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки. При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“. Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл). Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите. Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаМакедонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба Македонија гласаше против укинување на американското ембарго врз Куба во Генералното собрание на Обединетите нации, кое беше воведено во 1960 година по револуцијата предводена од Фидел Кастро.Резолуцијата беше усвоена, бидејќи за неа гласаа 130 земји, 17 беа против, а 25 држави беа воздржани. Поддршката за резолуцијата е намалена во споредба со минатата година кога за неа гласаа 165 земји. Вашингтон ги повика земјите-членки да не ја поддржат резолуцијата, додка кубанскиот министер Бруно Родригез ги обвини САД дека водат економска војна против Куба. Американскиот амбасадор во ОН - Мајк Валц оцени дека гласањето се користи за политичка пропаганда. Резолуцијата во ОН не е правно обврзувачка, но таа ја одразува позицијата на меѓународната заедница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на СкопјеМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации. Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook