Коронавирусот продолжува да се шири во Кина - Канал 5

Коронавирусот продолжува да се шири во Кина

 Коронавирусот продолжува да се шири во Кина. Земјата е зафатена од најлошиот бран на инфекции со Ковид-19 од почетокот на пандемијата, јави ДПА.

Коронавирусот продолжува да се шири во Кина

Нови 5.154 инфекции беа евидентирани во земјата во текот на вчерашниот ден, според денешниот извештај, поставувајќи нов максимум во сегашниот бран на коронавирус.

Нови инфекции се регистрирани во 20 региони во земјата, а провинцијата Џилин во североисточна Кина и понатаму е најтешко погодена со откриени 4.067 нови инфекции.

Во Пекинг, Шангај и во Шенжен, исто така, има нови лица заразени со вирусот.

Шенжен и Чангчун, главниот град на провинцијата Џилин, се моментално се во локдаун, што, исто така, ја погодува економијата.

Во Чангчун, производителот на автомобили Фолксваген мораше привремено да прекине со работење во три фабрики, каде работи заедно со кинескиот партнер FAW.

Во Шенжен, добавувачот на Епл, Фокскон, го запре производството во својот погон.

Кина спроведува строга нулта-Ковид стратегија, реагирајќи на локални епидемии со локдаун, масовно тестирање, рестрикции во транспортот, како и карантини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите - врз кои параметри е одобрена употреба на техничка вода во Гостивар?

Наместо минисерот за здравство, денеска Панче Тошковски - министерот за хиперхлорирање, најави техничка вода во Гостивар.

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите - врз кои параметри е одобрена употреба на техничка вода во Гостивар?

Но, резултати и анализи за водата не се објавени, Тошковски се повикува на „потврда од експерти“.

Техничката вода се користи за миење улици, наводнување паркови, противпожарни системи и за испирање тоалети.

За туширање и лична хигиена тоа зависи исклучиво од микробиолошките наоди. Врз основа на тие наоди здравствените власти може да препорачаат таа вода дали може или не може да се користи, особено кај деца, постари лица и други ранливи категории граѓани.

Одговори треба да дадат надлежните здравствени институции а не министерот за полиција.

Прашањето е следното:

Врз основа на кои параметри од анализите заклучија дека водата може да се користи како техничка?

И дали граѓаните можат безбедно да ја користат за лична хигиена?

Второ:

За ова не може да зборува инженер од животна средина или раководител на сектор за санитарна контрола од Водовод Скопје.

Институтот за јавно здравје и Марија Андоновска треба да излезат и јасно да објаснат за што точно смее да се користи оваа „техничка“ вода.

Кој стои зад оваа одлука?

Нека Тошковски и владата на Мицкоски го објават официјалниот документ со анализите на водата.

Кој го потпишал?

Кој институт?

Објавете го официјалниот документ.

Граѓаните имаат право да знаат, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преживеан босански планинар од Елбрус, каде му загинаа петмина пријатели: Не бевме неподготвени, прогнозата беше погрешна (ВИДЕО)

Харис Адиловиќ, еден од двајцата преживеани алпинисти од босанско-херцеговската експедиција на Елбрус, ги опиша околностите на трагедијата во која животот го загубија петмина негови колеги. 

Преживеан босански планинар од Елбрус, каде му загинаа петмина пријатели: Не бевме неподготвени, прогнозата беше погрешна (ВИДЕО)

Во интервју за руските медиуми, тој тврдеше дека несреќата се должи на неточна временска прогноза, а не на недостаток на подготовка.

Неточна прогноза

Адиловиќ за рускиот медиум Известија изјави дека тимот бил добро обучен, но временските услови се покажале потешки од очекуваното. Тој рече дека проблемите започнале уште од самиот почеток на искачувањето.

Групата немала водич, а веќе во почетната фаза еден од учесниците почнал лошо да се замрзнува, па водечкиот тим морал да се врати назад.

„Другиот тим продолжил да се искачува, но по околу 100-150 метри и ние решивме да се откажеме од искачувањето. Кога ги обезбедивме јажињата на дел од рутата и се искачивме повисоко, видовме дека ситуацијата на врвот е уште полоша. Решивме да се вратиме“, се присети тој.

Искуството не беше спорно

Тој нагласи дека сите членови на тимот се искусни и добро се познаваат. Објасни дека во Босна и Херцеговина, алпинистите тренираат речиси секој викенд бидејќи планините се блиску до нив. „Значи, не стануваше збор за недостаток на подготовка.

Алпинистите неколку дена пред искачувањето

Мислам дека главната причина беше неточната временска прогноза“, рече Адиловиќ. Пет алпинисти од Зеница загинаа во трагедијата на Елбрус: Мелиха Чаушевиќ, Алма Окановиќ, Денис Окановиќ, Алмир Кривдиќ и Нермин Талам.

Еден од преживеаните се симнал од планината сам и побарал помош, додека другиот подоцна бил пронајден од спасувачите. Руските спасувачки служби сè уште спроведуваат сложена операција за извлекување на телата, а нивната работа е отежната од снежна бура, силни ветрови и екстремно ниски температури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: За случувањата во Гостивар СДС правилно да ја лоцира одговорноста и да побара оставка и кривична одговорност од Лимани

Не не чудат лицемерието и двојните аршини на СДС, кои со настаните во Гостивар повторно излегоа на површина.

ВМРО-ДПМНЕ: За случувањата во Гостивар СДС правилно да ја лоцира одговорноста и да побара оставка и кривична одговорност од Лимани

СДС недела дена креира хаос во јавниот медиумски простор, со цел креирање заблуда кај граѓаните за надлежностите и вистинските одговорни лица за загадената вода во општина Гостивар.

Водоводните системи и контролата на квалитет на водата за пиење е под надлежност на локалната власт и тоа СДС многу добро го знаат.

Затоа ги прашуваме, како на СДС до сега не им текна да бараат оставка и кривична одговорност за случувањата во Гостивар од градоначалникот Валбон Лимани, како најповикан и најодговорен за целата ситуација.

Или пак, двојните аршини повторно стапија на сила кога се работи за нивни кадри, лица блиски до СДС или пак поддржани лично од претседателот на партијата, Венко Филипче.

Затоа што, Филипче на последните локални избори силно го поддржаа и ги повика, и така малку останати членови и симпатизери, на СДС да го поддржат Лимани, за на тој начин да станат дел од локалната власт.

Или сега дојде тешкото, па СДС се прават како да имаат амнезија.

Ако сакаат СДС да повикаат на одговорност за Гостивар, ги упатуваме одговорноста да ја лоцираат онаму каде што се наоѓа, а тоа е во нивните редови и во луѓето кои силно ги поддржаа, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер