Коронавирусот незапипливо се шири , во светот има над 100 300 заразени - Канал 5

Коронавирусот незапипливо се шири , во светот има над 100 300 заразени

Бројот на заразени со коронавирус ширум светот денес надмина 100.300 , освен во кинеската провинција Хубеи , од каде што почна заразата , а во последните 24 часа нема ново заболени.

Коронавирусот незапипливо се шири , во светот има над 100 300 заразени

Се поголем број луѓе се соочуваат со новата реалност, многу компании бараат од своите вработени да останат дома, се затвораат училиштата, да откажуваат големи собири и настани, нема тоалетна хартија и гел за дезинфекција во продавниците , а маските за лице стануваат вообичаена глетка, пренесува Ројтерс.

Во Франција денес се потврдени 613 случаи на корорнавирус или 190 повеќе од претходниот ден, изјави директорот на Институтот за јавно здравје Жером Соломон.Тој на прес-конференција изјави дека 39 лица биле на интензивна нега.

Бројот на заразени со вирусот во Австрија се зголеми и достигна 55 докажани случаи ова попладне.Повеќето од пациентите се регистрирани во провинциите околу Виена и Долна Австрија, со 23 и 15, тестирани позитивно за Ковид-19.

Досега се извршени 498 тестови за корона вирусот во Словенија и потврдени се вкупно седум случаи на инфекција, тврдат словенечките здравствени власти.Сите заразени се откриени во последните два дена, а последните два случаи се пријавени од вработените во Универзитетскиот клинички центар во Марибор (УКЦ), каде е извршено дополнително тестирање на работниците, дезинфекција на просториите и откажани се неитни активности.

Пет лица со коронавирус во Москва се во критична состојба, додека состојбата на пациент од Нижни Новгород е задоволителна, соопштија руските власти.

Американскиот претседател Доналд Трамп денес потпиша предлог-закон за издвојување 8,3 милијарди долари за борба против коронавирусот.Парите ќе бидат наменети за федералните здравствени услуги за набавка на вакцини, тестови и медицински материјали, како и за да им помогнат на сојузните држави и локалните власти спремно да се соочат со ширење на коронавирусот, објави АП.

Уште две лица починале од вирусот во Франција, соопшти Министерството за здравство на земјата, со зголемување на бројот на починати на девет, со потврден број на загинати од 154 вчера на денешни 577.

Првиот случај на лице заразено со новиот коронавирус е пријавено во Перу, потврди претседателот Мартин Вискара.Пациентот е 20-годишен маж кој престојувал во Шпанија, Франција и Чешка, рече Вискара, додавајќи дека новооткриениот случај претставува почеток на понатамошно ширење на епидемијата во Јужна Америка.

Министерството за здравство на Египет соопшти дека 12 патници на крузер на реката Нил се позитивни на коронавирусот.Бродот се движел од Луксор на југот на земјата кон Асуан на север, соопшти денеска државната телевизија.

Властите во кинеската провинција Хубеи не објавија нови случаи на заболување од коронавирус во последните 24 часа, не сметајќи го градот Вухан.Вчера во Вухан се регистрирани 126 нови случаи, но нема нови инфекции во остатокот од покраината, се вели во соопштението на Националната здравствена комисија.

Австралија го затвори првото училиште поради епидемија на коронавирус, откако беше откриено дека 16-годишен ученик е коронавирус позитивен.Австралија досега регистрира 60 случаи на коронавирус, при што две постари лица починаа како резултат на заразата.

Хрватска го потврди 11-тиот случај на заболен со коронавирус.Според Хина, станува збор за член на семејство на заразен маж од Вараждин.

Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, закажан да се одржи од 3-6 јуни во градот, е откажан поради епидемијата на коронавирус, изјави претседателот на организациониот комитет Андреј Белошов.Белошов рече, обраќајќи им се на новинарите, дека одлуката е донесена заради претходната одлука на Светската здравствена организација да прогласи вонредна состојба со меѓународно значење заради епидемијата на коронавирус и заради информациите за нејзиното ширење во земји чии претставници ќе учествуваат на форумот.

Во Словенија се пријавени вкупно шест случаи на инфекција со коронавирус.Синоќа во земјава се пријавени три нови случаи, потврдени од инфектолози и претставници на Министерството за здравство, така што бројот на заразени се искачи на шест.

Во САД бројот на загинати од корона вирус се зголеми на 12 откако Кинг Каунти во државата Вашингтон објави нова жртва.

Од 12 починати, 11 се од државата Вашингтон и еден е од Калифорнија, пренесува Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром продолжува со ослободување на јавните паркинзи од хаварисани и отпадни возила

Општина Аеродром продолжува со конкретни активности за ослободување на јавните паркинзи и воспоставување комунален ред. 

Општина Аеродром продолжува со ослободување на јавните паркинзи од хаварисани и отпадни возила

По претходно известување на сопствениците и спроведена постапка, општинскиот Инспекторат активно ги отстранува хаварисаните, отпадните и нерегистрираните возила од јавните површини.

Возилата се подигаат со шлеп-служба и се транспортираат на општинското депо, со што се ослободуваат паркинг-места и простор за граѓаните.

Активностите опфаќаат и возила нерегистрирани повеќе од три години, како и камп-приколки и чамци оставени на јавни паркинзи. За утврдените неправилности ќе следуваат отстранување и соодветни санкции согласно со законските прописи.

Општина Аеродром ги повикува сопствениците навремено да ги отстранат возилата што подолг период зафаќаат јавен простор.

Повеќе слободни паркинг-места, повеќе ред и почист Аеродром. Општината продолжува со доследни контроли и спроведување на мерките на целата територија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дмитриев го обвини Зеленски дека е против Трамп и мирот: Остра порака од Москва во пресрет на новите преговори во Абу Даби

Рускиот функционер Кирил Дмитриев го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека им се спротивставува на мировните иницијативи на Доналд Трамп.

Дмитриев го обвини Зеленски дека е против Трамп и мирот: Остра порака од Москва во пресрет на новите преговори во Абу Даби

Украинскиот претседател Володимир Зеленски отсекогаш бил против мировниот договор и против американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска Кирил Дмитријев, специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски држави и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФДИ).

Зеленски отсекогаш бил против Трамп и против светот, и така и постапувал, напиша Дмитријев на социјалната мрежа „Икс“ (X), пренесува агенцијата „Тачно“.

Тој, исто така, изрази уверување дека мировните иницијативи на американскиот претседател ќе бидат успешни, и покрај отпорот од страна на Киев.

Вака Дмитриев го прокоментира објавувањето на интервјуто на Зеленски за Си-Ен-Ен (CNN), во кое тој наводно зборувал за опасноста од идејата на пратеникот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, Русија да се вклучи во дискусиите за идната европска безбедносна архитектура, пренесува „РИА Новости“.

Кушнер, по консултациите во Брисел, претходно најави дека Соединетите Држави имаат намера да ја вклучат Русија во преговорите за формирање нова безбедносна архитектура во Европа, како дел од решавањето на украинскиот конфликт.

Следната рунда трилатерални преговори меѓу Русија, Соединетите Држави и Украина е закажана за 10 и 11 ноември во Абу Даби. Пратеникот на американскиот претседател, Стив Виткоф, изјави дека страните имаат намера да разговараат за безбедносни гаранции, деескалација, хуманитарни прашања и понатамошни чекори кон мирно решение. Кремљ го потврди учеството на руската делегација во преговорите, која ќе биде предводена од помошникот на претседателот, Владимир Медински.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите

„Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран.

Мицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар на изјавата на Бленди Ходаи во однос на студентскиот оброк, порача:

„Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран бидејќи на тој начин да се навредуваат како што тој го направи редовни професори, бидејќи и министерката за образование и јас како претседател на Владата сме сепак редовни професори и генерации, генерации студенти сме помогнале да се стекнат со знаење кое што понатаму би им требало во животот за нив и нивните семејства, во најмала рака е непристојно. Јас жалам што тој не беше на оној состанок каде што беа легитимните претставници на студентските движења за кои што разговараме за студентскиот оброк, нешто што ние го работиме во Владата, во рамките на она за кое што јас зборував да можат студентите да ги користат овие привилегии не само за студентски оброк, туку и онаа сума која што ќе биде одобрена на месечно ниво, да продолжат и понатаму да го користат во ланците за дополнителни попусти, дополнителни привилегии. И би сакал да испратам една порака до студентите дека јас како редовен универзитетски професор сум нивен пријател, поддржувач бидејќи на крајот од денот политиката и оваа денешна моја позиција се минлива и менлива категорија. Кога сето ова ќе заврши, јас повторно ќе се вратам на Универзитетот и повторно ќе работам и другарувам со студентите и ќе се потрудам дел од своето знаење и искуство да го пренесам, кое што се надевам дека на голем дел од нив ќе им значи додадена вредност во нивните животи. Тоа го покажавме и го потврдиме како Влада. Сите оние проекти кои што беа застанати од студентските домови, преку електронските уреди кои што ги обезбедивме за секој еден студент, сите ученички и студентски домови кои што допрва ќе се реализираат, новите универзитетски кампуси на неколку универзитети се само потврда дека оваа влада е пријател на студентите, и така ќе продолжи. Поединци се разбира може нема да се согласуваат со оваа политика, но непристојно е би рекол редовни професори на таков начин бидат понижувани и навредувани на отворена сцена.“

Мицкоски за „Алта банка“: Нема да се реализираат црните сценарија на СДСМ, ќе ја спасиме банката и таа ќе продолжи да функционира

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека опозицијата инсистира на отворање истрага од страна на Обвинителството и прашуваат како Мацура добил лиценца, изјави:

„Видете најпрвин сакам да кажам дека изминативе денови бев многу, лично фокусиран на предметот за „Алта банка“. И денеска сум голем оптимист дека, за жал од опозицијата ќе бидат разочарани, бидејќи нивните црни сценарија и обиди банката да отиде во неизвесност, односно во стечај, нема да се реализираат. Односно ќе имаме финансиска институција, банка којашто ќе биде сопственик на „Алта банка“. Значи ќе ја спасиме банката. Тоа е многу важно и за доверителите, но и за луѓето коишто се во, би рекол некаква релација со „Алта банка“. А тоа е лоша вест нашата опозиција којашто се молеше и на дневна основа водеше кампања дека банката ќе банкротира, ќе иде во стечај и така натаму. Тоа е првата порака којашто уште еднаш ќе сакам да ја кажам.

Второ поврзано со нивната естрада, изминативе денови, апсолутно јас се согласувам да отвори Обвинителството случај, да поведе истрага и да видиме што ќе каже таа истрага. Тоа е прво.

И второ, ние како Влада, секој оној којшто ги исполнува сите законски услови, којшто ги исполнува правилата на работа, а впрочем истиот тој Мацура претходно се стекнал со право да работи и на територијата на Австрија, бидејќи австрискиот регулатор му дозволил да стане сопственик на дел од акциите во „Адико банка“. Исто така, истиот тој Мацура да влезе во, би рекол трговски и деловни односи со „Рајфајзен банка“, една од поголемите финансиски институции во регионот. Само покажува дека тоа што го зборуваат од кај опозицијата, претставува политичка естрада и фолклор и јас ќе го третирам само во таа категорија дека е политичка естрада и фолклор.

Но тука, тој ги исполнил сите услови, сите критериуми ги испочитувал и се стекнал со правото да работи на македонскиот пазар. Ние не можеме, како Влада да бираме кој ќе работи или кој нема да работи. Ако од опозициската СДСМ правеле во минатото, кој може да работи и како да работи, ако само неколку фирми коишто биле блиски до ним и до семејството тогашно знаете кое, можело да работи, ние тоа не го правиме, бидејќи секој оној којшто работи на една слободна, пазарна, демократска и би рекол трговска основа, може да работи тука. Замислете ако на тој начин размислуваат сега кај нашиот северен сосед, да речеме одредени македонски компании по правило на реципроцитет да им биде забрането да работат. Еве „Алкалоид“ да не продава лекови во Србија, „Асп-пак“ да не продава мрежи во Србија, „Витаминка“ да не продава кондиторски производи во Србија, „Стокомак“ да не продава и да не формира свои ланци таму на продажба и така натаму. Ако ние влеземе во вакви односи на билатерална основа со државите, тогаш мислам дека лошо се пишува и на економијата, но и на генерално политичките односи во една држава.

Така што оваа естрада и фолклор којшто доаѓа од опозицијата, јас го класифицирам во таа група. Тоа е политичко мочуриште, но она коешто е поважно е дека тие ќе бидат разочарани и нема оваа банка да заврши со црно сценарио коешто тие од петни жили посакуваа да се случи. Затоа рековме уште на самиот почеток од овој случај, тој е увезен случај и ние и опозицијата имаме различна амбиција. Тие имаат амбиција којашто е испреплетена со црни сценарија, а ние имаме амбиција да ја спасиме банката и банката да продолжи да функционира и во тоа верувајте еве на крајот од овој процес ќе видите дека ќе успееме.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер