Корона вирусот најверојатно пристигна и во Европа , расте бројот на загинати

Кинеските власти во средата го прогласија најголемиот карантин во историјата за да го спречат ширење на новиот коронавирус за кој во моментов нема лек или вакцина.

Досега болеста однесе 18 животи, а повеќе од 660 луѓе се заразени .Вистинските бројки би можеле да бидат повисоки.

Експертите од Империал колеџ од Лондон процениле дека симптомите се развиле кај 4.000 луѓе до 18 јануари. Пријавени се случаи на заразени во Јапонија, Филипини, Јужна Кореја, Сингапур, Тајван, Тајланд и САД, како и во кинеските административни региони Хонг Конг и Макао.

Пациент со симптоми на коронавирус е примен во болницата во Белфаст, Северна Ирска. Тестирањето е во тек за да се утврди дали е позитивен за вирусот.

Попладнево се задржани и три лица во болницата во Единбург и едно во Глазгов , во Британија , откако пристигнале со директен лет од Вухан со симптоми на инфекција од коронавирус.

Три истражувачки тимови, поддржани од глобална коалиција формирана за борба против епидемии, ќе започнат со работа на развој на потенцијални вакцини против новиот коронавирус, идентификуван во Кина.

Процесот на развој на новата вакцина обично трае со децении, но Коалицијата за епидемиолошки иновации и стандарди (CEPI), која финансира два проекти и кофинансира една третина, рече дека целта е вакцината да се развие многу побрзо.

Планот е ЦЕПИ да има барем една потенцијална вакцина во фазата на клиничко испитување до јуни, што значи дека вакцината може да биде целосно развиена и одобрена во рок од една година.

Истражувањето го спроведува фармацевтската компанија ,,Модерна” во соработка со американскиот Национален институт за алергија и заразни болести, американската фирма Иновио Фарма и тим научници од австралискиот универзитет во Квинсленд.

Секој од трите проекти ќе користи различен научен пристап за развој на вакцината.

Аеродромите ширум светот вршат безбедносни проверки на патниците кои можат да бидат заразени со коронавирусот.

На пример, во Италија, утрово, патниците се пренасочени од директен лет од Вухан со специјален „здравствен превоз“ кон римскиот аеродром Фиумичино, каде била измерена нивната телесна температура.

Италијанското Министерство за здравство вчера објави воведувањето на овие специфични здравствени мерки.

Кинеските власти ја потврдија првата смрт надвор од жариштето на болеста, пренесува АФП. Кинеската здравствена администрација соопшти дека починал 80 годишен болен од коронавирусот надвор од провинцијата Хубеи, каде започна епидемијата. Пациентот починал во средата, но дури сега е потврдено дека бил заразен со вирусот.

Бројот на смртни случаи од коронавирусната инфекција до сега официјално се искачи на 18.

Австралијка на суд, откако со печурки ги отрула свекорот и свекрвата- сопругот едвај преживеал

Австралијката Ерин Петерсон (49), која е обвинета дека отрула три лица со печурки кои ги зготвила за ручек, се изјаснила за невина за убиство и обид за убиство.

Откако била уапсена, Ерин тврдела дека е невина.

„Не е моја вина, жими честа“, рече Ерин за време на сослушувањето.

Ерин се сомнева дека со отровни печурки ги убила бившиот свекор и свекрва и снаата.

Минатиот јули им послужила стек во сос со зелени пупки, кои се многу отровни.

Еден ден подоцна нејзината свекрва и свекорот Гејл и Дон Патерсон, снаата Хедер Вилкинсон и нејзиниот сопруг Иан завршиле во болница со стомачни проблеми.

Следниот ден нивната состојба нагло се влошила, поради што итно биле префрлени во болница во Мелбурн. И покрај максималните напори на лекарите, Гејл и Хедер починале на 4 август, а Дон ја загубил битката за живот следниот ден.

Оттогаш, лекарите се борат да го спасат животот на Иан и тој ќе добие трансплантација на црн дроб.

По неколкумесечна истрага, детективите, наводно, откриле дека Ерин направила уште три обиди да го убие Иан помеѓу 2021 и 2022 година, а во ноември таа била уапсена и формално обвинета за вкупно осум кривични дела.

Нејзиниот случај сега ќе оди на судење пред Врховниот суд на Викторија во Мелбурн, а првото рочиште е закажано за 23 мај.

Чудни предмети испливаа на брегот на Тексас, граѓаните добија предупредување (ФОТО)

Жителите на брегот на Тексас се предупредени да бидат свесни за „невообичаени портокалови предмети“ по извештаите за нивно откривање на плажите во Галвстон и Фрипорт.

Мали правоаголни блокови исфрлени на брегот со видно прикажани пораки- веднаш да го контактирате нивниот сопственик.

Необичните предмети се во сопственост на истражувачи на морскиот свет.

Заливскиот центар за истражување на морски желки се обидува да разбере како океанските струи влијаат на движењата на морските желки во текот на годината.

Поради оваа причина тие направиле дрвени блокови кои би требало да имитираат желки, пренесува UPI.com.

„На островот Chandeleur во Мексиканскиот залив беа ослободени 80 блокови, а повеќе од половина се упатија кон брегот на Тексас. Во изминатите неколку дена се пронајдени четири“, соопштија од организацијата.

Научниците апелираат до граѓаните да ги контактираат во случај да најдат портокалови предмети, за да можат да соберат важни податоци.

Масакр во руската војска: Убил шестмина соборци и избегал, потерата е во тек

Според извештаите, полицијата трага по руски војник осомничен за убиство на шест негови соборци во источна Украина.

Потрагата по него доаѓа кога руски офицер се соочува со судење за убиство на седум војници под негова команда, откако минатата година фрли граната во соба, пишува Newsweek.

Од почетокот на инвазијата на Украина, имаше повеќе тврдења за низок морал меѓу руските трупи, со причини кои се движат од незадоволство од обуката и опремата, до преиспитување на раководството на претпоставените.

Воените напори на Москва беа поттикнати од осудениците на кои им е понудена слобода доколку војуваат шест месеци, иако руските сили сега велат дека помалку се потпираат на затворениците од затворските колонии низ целата земја.

Еден осуденик, 57-годишен помлад поручник идентификуван од Телеграмскиот канал База како Јури Г., избегал откако на 4 мај застрелал шест војници од артилериски баталјон во самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) во Украина.

Осомничениот, наводно, имал автоматска пушка АК-12 со придушувач и муниција, а полицијата ги пребарува градовите во близина на границата со Украина во регионите на Ростов, Белгород и Воронеж, објави База во извештајот што го објавија и други руски медиуми. .

Последниот инцидент доаѓа откако започнало судењето на поранешниот вршител на должноста командант на вод, поручникот Дмитриј Лобовиков, кој е обвинет за убиство на седум негови подредени и ранил најмалку 10 други за време на прославите на 13 и 14 јануари 2023 година.

Тој, наводно, не бил задоволен од она што го видел кога дошол да ги провери војниците во касарната и извадил граната RGD-5, го повлекол осигурувачот и побарал од војник да го врати на своето место, пишува весникот „Комерсант“.

Војникот одговорил дека не научил како да го прави тоа. Откако го навредил, Лобовиков влегол во ходникот од каде е обвинет дека фрлил граната во соседната просторија каде спиеле војници од друга чета, при што убиле седум лица и уништиле дел од касарната.

Лобовиков е уапсен и обвинет за убиство, обид за убиство, намерно нанесување телесни повреди, намерно уништување и оштетување на имот, како и за недозволено поседување експлозивна направа.

Извештајот на Комерсант не ја прецизирал локацијата на инцидентот, но неговиот случај е сослушан пред поротата во Западниот воен окружен суд, кој ги покрива европските региони на Русија кои граничат со Украина.

Newsweek го контактирал руското Министерство за одбрана за коментар.

притисни ентер