3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ЗдравјеКорона вирусот може да се пренесе и со дишење, а не само со кивање и кашлањеПротивниците на идејата дека коронавирусот се шири низ воздухот, вклучително и многу стручни советници од Светската здравствена организација, веруваа дека нема докази дека лебдечките респираторни капки што ги нарекуваме аеросоли содржат живи вируси.Тие се убедени дека ова се само делови од генетскиот материјал на вирусот. Група вирусолози и научници за аеросоли сега потврдија дека заразниот вирус е пронајден во аеросол во воздухот, пишува „Њујорк Тајмс“. „Луѓето го бараа токму тоа. Ова е недвосмислен доказ дека постои заразен вирус во аеросолите“, рече Линдзи Маре. Истражувачки тим од Универзитетот во Флорида успеа да изолира жив вирус од аеросол што го собрале од растојание од два до пет метри од пациент хоспитализиран поради „ковид-19“, што е повеќе од растојанијата што се препорачуваат во упатствата за социјална дистанца. Ова откритие е направено минатата недела и сè уште не ја поминало стручната рецензија, но веќе предизвика забуна кај научниците. „Ако ова не е доказ, тогаш не знам што е“, напиша д-р. Маре на Твитер минатата недела. Доколку се потврдат горенаведените откритија, импликациите може да бидат многу сериозни. Имено, тоа би можело да значи дека ковид-19 може да се транспортира на многу поголеми растојанија отколку што се сметаше претходно, што пак значи дека стандардните правила за одржување растојание од 1,5 метри во некои околности може да бидат недоволни. Капките што го пренесуваат вирусот можат да се создадат на неколку начини - со кивање, кашлање, душкање, пеење, зборување и дишење. Во сите случаи, тие се формираат со слични механизми. Ова прскање на капки може да се случи во различни делови на респираторниот систем, од алвеолите во белите дробови кои се полнат и празнат преку грлото до носот и усните. Во овој процес, се формираат капки со различни димензии. Големите паѓаат на земја побрзо, додека помалите можат да лебдат, пренесени со воздух, на поголеми растојанија. Најмалите капки, помали од 5 микрометри (1/10 од дијаметарот на влакно на косата), обично се нарекуваат аеросоли, и можат да лебдат во воздухот неколку часа. Со воздушните струи, можат да се пренесат на растојанија од неколку метри. Поголемите капки исто така можат да се исушат во воздухот, може да се намалат и да се претворат во аеросол. Бидејќи капките од аеросол можат да останат во воздухот многу долго време, единственото решение е добро проветрување со филтрирање и одржување на влага во воздухот за да се намали ефектот на сушење и да се забрза капките да паднат на земја. Проветрување во кое истиот воздух циркулира без добра филтрација не е корисно. Тука исто така ќе биде неопходно да се испита колку време треба лицето да биде изложено на таков аеросол за да акумулира доволно вирус за да се зарази некое лице. Се очекува продолжената изложеност на аеросолот во затворени простории и во помалите простории да биде проблем. Ова пак значи дека препорачаните растојанија на работнотото место и во училиштата не мора да нè заштитат од инфекција. Но, некои експерти велат дека сè уште е нејасно дали количината на откриениот вирус е доволна за да предизвика инфекција. Аеросолите по дефиниција се мали, со дијаметар до пет микрометри и можат да станат уште помали со испарување. Обидите да се фатат овие чувствителни капки обично го уништуваат вирусот што го содржат. "Многу е тешко да се земе и чува примерок од биолошки материјал од воздухот. Мораме да бидеме паметни кога земаме биолошки материјал за да симулираме услови што постојат при вдишувањето", изјави Шели Милер, инженер за животна средина на Универзитетот во Колорадо Болдер, за Њујорк Тајмс, која се занимава со квалитет на воздух и болестите во воздухот. Претходните обиди се компромитирани во различни фази на процесот. На пример, еден тим користел ротирачки инструмент за ширење на аеросолот и покажал дека вирусот останува заразен и до три часа. Но, критичарите предупредуваат дека ваквите услови се експериментални и неприродни. Друг научен тим користел филтри од желатин или пластични и стаклени цевки за да ги собере аеросолите. Но, силата на воздухот ги исушила аеросолите и го уништила вирусот. Третата група успеа да го изолира живиот вирус, но се покажа дека не може да ги зарази клетките. Во една нова студија, истражувачите смислиле уред за земање мостри што користи водена пареа за да ги зголемат аеросолите доволно за да можат лесно да се соберат од воздухот. Наместо да ги остави во таква состојба, уредот веднаш ги пренесува аеросолите во течност богата со сол, шеќер и протеини, што го зачувува патогенот. „Јас сум импресиониран, тоа е многу паметна техника за мерење“, изјави Робин Шофилд, атмосферски хемичар на Универзитетот во Мелбурн , Австралија. Овој пат, научниците собрале примероци на воздух од просторија во одделот со пациенти со ковид-19 во болница на Универзитетот во Флорида. Ниту еден пациент во просторијата не бил подложен на медицински процедури за кои е познато дека генерираат аеросоли, за кои Светската здравствена организација и други тврдат дека се главните извори на вирусот на воздухот во болнички услови. Научниот тим користел два уреди за земање мостри, еден на два метри и другиот на пет метри од пациентите. На двете растојанија, научниците биле во можност да го соберат вирусот, а потоа да покажат дека вирусот што доаѓа од аеросолот во воздухот може да зарази ќелија во лабораториска чаша. Генетската секвенца на изолираниот вирус била идентична со вирусот од новопримениот пациент од собата. Во споменатата просторија, воздухот се менувал шест пати на час и имал ефективни филтри, ултравиолетово зрачење и други безбедносни мерки за деактивирање на вирусите пред да се врати воздухот во просторијата. „Ова објаснува зошто пронајдовме само 74 честички на вируси на литар воздух. Во затворени простории без добра вентилација, како училишта, може да се соберат многу повеќе вируси во воздухот“, рече вирологот на тимот на Универзитетот во Флорида, Џон Ледники, за „Њујорк Тајмс“. Но, на другите експерти им е тешко да го проценат ризикот од инфекција од овие наоди. "Не сум сигурен дека овие бројки се доволни за да предизвикаат инфекција кај некого. Единствениот заклучок што можам да го извлечам од овој труд е дека одржлив вирус може да се одгледува од воздухот. Но, тоа не е мала работа", изјави Ангела Расмусен, виролог на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Неколку експерти забележале дека растојанието на кое истражувачите го пронашле вирусот е многу поголема од 180 сантиметри, што се препорачува за физичко растојание. „Знаеме дека во затворени простории, овие правила на растојание повеќе не важат. Минималното растојание од 180 см е погрешно затоа што луѓето мислат дека се заштитени во затворено, иако не се“, рече др. Шофилд и додаде дека на малите аеросоли им требаат само пет минути да поминат низ целата просторија. Препораката се заснова на идејата дека „големите капки“ се единствените носители на вирусот. Овие откритија треба исто така да ги охрабрат луѓето да бидат будни и да ја зголемуваат вентилацијата, тврди Сема Лакдавала, експерт за респираторни вируси на Универзитетот во Питсбург. „Сите знаеме дека вирусот може да се пренесе на сите можни начини, но се фокусиравме само на мал број начини“, рече др. Лакдавала. Д-р Ледницки добил повици и е-пошта од истражувачи ширум светот заинтересирани за неговите откритија. Тој рече дека ќе ги провери деталите за да бидат сигурни. На крајот на краиштата, рече д-р. Ледницки, точниот број можеби не е важен: „Можеме да го одгледуваме вирусот од воздух, мислам дека тоа треба да биде важна лекција“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители Во нашата редакција се обрати Скендер Мехмет од Кисела вода, кој во име на станарите тврди дека во два влеза од нивната зграда нема парно греење. Писмото ви го пренесуваме во целост: „Ви се обраќаме како очајни, револтирани и крајно разочарани граѓани, кои повеќе од 24 часа се оставени без парно греење, без конкретно објаснување и без никаква информација кога проблемот ќе биде решен. Од вчера, 07.11.2026 година, пред 09:00 часот, становите со броеви 17, 18, 19, 20 и 21 во влез 1 и истите станови во влез 2, на ул. Локов бр. 5 во Скопје, Кисела Вода, немаат парно греење. Во зградата живеат мали деца, повозрасни и болни лица, семејства кои се принудени да престојуваат во студени станови. Дел од нас веќе се разболени, а ситуацијата станува сè понеподнослива. ДАЛИ ВО 2026 ГОДИНА Е НОРМАЛНО СЕМЕЈСТВА ДА БИДАТ ОСТАВЕНИ БЕЗ ГРЕЕЊЕ СРЕДЕ ГРЕЈНА СЕЗОНА?! Од вчера досега, станарите имаат направено повеќе од 20 телефонски пријави. На секоја пријава го добиваме истиот одговор: „Ќе биде постапено во најбрз можен рок.“ Поминаа повеќе од 24 часа, а тој „најбрз можен рок“ очигледно нема крај! Никој не ни кажува што е проблемот, дали воопшто некој работи на негово решавање и уште колку време треба да поминеме во студени домови. Се чувствуваме целосно игнорирани и оставени сами на себе! Токму затоа, во овој мејл ги вклучуваме и медиумите. ПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИТЕ, ВЕ МОЛИМЕ ЗА ПОМОШ! Ве замолуваме да ја објавите нашата ситуација, да побарате одговори од надлежните и да ни помогнете нашиот глас конечно да биде слушнат. Не бараме ништо повеќе од основни услови за нормален живот. Не бараме привилегии. Бараме греење во сопствените домови, услуга за која редовно плаќаме! Жално е што сме доведени во ситуација да молиме медиуми за помош за нешто што треба да биде најнормална обврска на надлежните служби. До надлежните: Колку пријави се потребни за конечно да реагирате? Колку часа треба да поминат? Дали треба нечија здравствена состојба сериозно да се влоши за да ја сфатите ситуацијата сериозно? Бараме ИТНО воспоставување на греењето, јавно објаснување за прекинот и конкретен одговор кога проблемот ќе биде решен. Апелираме до медиумите да не го игнорираат овој повик. Очајни сме, изморени од празни ветувања и немаме намера повеќе да молчиме!“ Загрижени станари од ул. Локов бр. 5, Скопје Влез 1 и влез 2 Скендер МехметКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државатаСДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем. Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата. Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени. Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат. СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења. Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица Ноќеска кратко по 3 часот, полицијата во Краков отвори оган врз маж (23) кој одел со нож во рака во југозападниот дел од градот, неколку часа откако во масовното пукање во тој град беа убиени девет лица, соопшти локалната полиција.Портпаролката на полицијата во Малополска, Катаржина Цисло, изјави дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците испукале предупредувачки истрели, а потоа еден од полицајците испукал еден истрел кон мажот, но промашил, пренесува RMF24. Цисло нагласи дека инцидентот што се случил преку ноќ не е поврзан со пукањето што се случило вчера на Главниот плоштад во Краков, каде што биле убиени шест лица, додека истиот напаѓач претходно убил уште три лица, чии тела биле пронајдени во неговиот стан. Никој не е повреден во инцидентот синоќа, а мажот го испуштил ножот откако биле испукани истрелите, бил уапсен и однесен во болница. Првичните полициски наоди укажуваат дека уапсениот маж бил психички растроен.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28