Користела само палети и направила дом од соништата (ВИДЕО) - Канал 5

Користела само палети и направила дом од соништата (ВИДЕО)

Влегла во запуштена шупа и одлучила да живее таму...

Користела само палети и направила дом од соништата (ВИДЕО)

Вложила малку напор, но ѝ се исплатило, ова го може секоја од нас!

Корали Ди е 28-годишна авантуристка од Шкотска која решила својата запуштена шупа да ја претвори во мал дом со стил. Иако нејзиниот дом нема тоалет или туш, таа открива дека го сака својот уникатен простор за живеење.

Сè што ѝ било потребно за овој нов предизвик биле палети. Користејќи ги направила рамка за кревет, и не застанала тука - си направила и фиоки, огледало и сè што и било потребно. На социјалните мрежи, оваа љубителка на проектот „направи сам“ споделила детален поглед на својот уникатен дом, оставајќи многумина без зборови.

Русокосата убавица ја изградила мини куќата од соништата и не крие дека е задоволна од резултатот.

-Својата градинарска шупа ја претворив во спална соба. Ја бојадисав, ги поправив палетите за да направам рамка за креветот, го изолирав таванот, додадов дрво, направив потпирач на столот, фиоки, огледало и завеси - објаснува таа во видеото.

Оваа вредна жена бргу им ја открила на своите придружници својата шупа која е опремена со некои од основните работи кои ѝ биле неопходни за почеток.

Едноставност и мир

Новиот дом ѝ донел целосен мир на Корали и таа ужива во својата нова куќа со поглед на нејзината градина. Таа вели дека вложила малку труд во сето тоа, но вредело.

Видеото на Тикток, објавено под корисничкото име @coraliedee, очигледно остави многумина без зборови бидејќи брзо собра еден куп прегледи. Корисниците на социјалните мрежи беа воодушевени од овој дом кој настанал од шупа.

- Ви благодарам! Чувството да немаш многу работи е толку е човечно - им се заблагодарила таа на своите придружници што ја поддржале, посочувајќи дека ужива во минималистичкиот стил.

Додека едни изразуваа восхит, други поставуваа прашања.

- Одлично! Добро завршена работа!

- Сега имаш сопствен мир...

- Што ако ноќе ве фати дијареја? - беа дел од коментарите.

Ова ја насмеа Корали, која призна дека ќе мора да оди во природа доколку има таква физиолошка потреба, бидејќи сè уште нема тоалет. Таа исто така потврди дека не ги изолирала ѕидовите, туку само таванот. Јасно е дека Корали успеала да создаде удобен и привлечен дом, и покрај предизвиците што ги носи таквиот простор.

@coraliedee It’s so peaceful 🫶🏽 #shed #convertible #diy #fyp ♬ Come and Get Your Love - Redbone

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Единствената земја-членка на ЕУ со нуклеарно оружје изведе симулација на нуклеарен напад

Француските воздухопловни и вселенски сили изведоа симулација на нуклеарен напад како дел од воената вежба „Покер“.

Единствената земја-членка на ЕУ со нуклеарно оружје изведе симулација на нуклеарен напад

Операцијата започна од воздухопловните бази Сен-Дизје и Таверни, кои играат клучна улога во француските нуклеарни сили. Сен-Дизје ја поддржува воздушната компонента на нуклеарното одвраќање, додека во Таверни се сместени командните и оперативните центри на стратешките сили.

Во вежбата учествуваа борбени авиони „Рафал“.

„Користиме вистинска опрема и следиме реални процедури во многу сложени услови, со околу 50 летала во воздух. Единственото ограничување е тоа што не летаме со вистински нуклеарни боеви глави под крилјата“, изјавија припадници на француската војска.

Наместо вистински нуклеарни ракети „ASMP-A“, авионите „Рафал“ носеа инертни макети што одговараа на тежината и димензиите на вистинското оружје. Овие макети можат безбедно да се отфрлат доколку е потребно. Ракетата има максимален дострел од приближно 500 километри и носи нуклеарна боева глава „TNA“ со јачина од 300 килотони.

Сценарио и цели на вежбата

Во симулацијата учествуваа два тима: тимот „Црвени“ го претставуваше непријателот, додека тимот „Сини“ дејствуваше против нив. „Целта е да се осигураме дека ќе останеме способни да извршиме таква мисија во иднина, дури и додека технологијата се развива со сè поголема брзина“, објаснија претставници на француската војска.

Екипажите имаа задача да ја пробијат непријателската одбрана и да ги испорачаат ракетите на прецизни локации во одреден временски рок. За време на ноќниот лет, кој траеше меѓу шест и осум часа, секој екипаж на „Рафал“ неколку пати се полнеше со гориво од еден од 15-те авиони-цистерни. Притоа, пилотот на борбениот авион мора да маневрира при многу големи брзини и на мали височини.

„Целта е одвраќање“

„Целта на нашата мисија е да се спречи војна, а со тоа и употреба на нуклеарно оружје. ’Покер’ е демонстрација на сила, осмислена токму за да се осигура дека тоа нема да се случи“, објасни командантот Жан-Батист, кој ја стекна потребната квалификација преку учеството во вежбата. Тој додаде дека секој пилот мора да учествува во најмалку една таква операција секоја година.

Франција располага со три воздухопловни бази со нуклеарна намена: Сен-Дизје, Истр и Авор. Исто така, планира наскоро повторно да ја активира базата Ликсеј за идните авиони „Рафал Ф5“. Наредбите до базите пристигнуваат од далечина – поточно, од бункер во базата Таверни, која се наоѓа на околу 200 километри од Сен-Дизје. Во тој бункер е сместен команден центар каде што постојано се стационирани околу четириесет припадници на воениот персонал. Франција моментално е единствената држава со нуклеарно оружје во Европската Унија, а во неколку наврати се разговараше за можноста нејзината нуклеарна заштита да се прошири на целиот блок. Франција воспостави систем на „проширена“ нуклеарна одвраќачка моќ, кон кој веќе се приклучија голем број држави.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето

По повод одбележување на Светскиот ден на срцето – 29 септември, министерот за здравство, Сашо Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи, во организација на Институтот за јавно здравје во трговскиот центар ,,Дајмонд Мол",

Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето

По повод одбележување на Светскиот ден на срцето – 29 септември, министерот за здравство, Сашо Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи, во организација на Институтот за јавно здравје во трговскиот центар ,,Дајмонд Мол", со цел подигнување на свесноста за превенција од кардиоваскуларни заболувања.

Годинава Светскиот ден на срцето се одбележува под слоганот „Болеста на срцето може да биде незабележлива: Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“. Фокусот е на препознавање на скриените симптоми, едукацијата на населението и активностите насочени кон обезбедување универзален пристап до кардиолошка нега и превентивни скрининзи.

На пунктот на ИЈЗ граѓаните имаа можност бесплатно да ги измерaт нивото на крвен притисок, шеќер во крвта, холестерол, како и висината и телесната тежина, со што се овозможи пресметување на индексот на телесна маса (BMI) – еден од индикаторите за ризик од срцеви заболувања.

Смртноста од кардиоваскуларни заболувања е еден од најголемите ризици во светот. Факторите кои ги предизвикуваат овие заболувања може да се превенираат и откријат со едноставни прегледи. Апелирам граѓаните редовно да контролираат крвен притисок, гликемија, и доколку има потреба да се зема терапија пропишана од доктор, само на тој начин ќе го заштитиме здравјето, посочи министерот Клековски.

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска истакна дека целта на оваа теренска активност е подигнување на свесноста за кардиоваскуларните заболувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“

Како што објави СДК, Македониумот во Крушево бил изнајмен за околу 500 евра за снимање на спотот „Секси мама“, на косовскиот рапер Дон Џони.

Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“

Директорот на споменикот Македониум во Крушево изјавил дека продукцијата побарала дозвола и тие дале.

„Просторот беше отстапен за снимање спот. И на Управен одбор имаме донесено одлука да може просторот да се отстапува со соодветна цена, се наплатува. Тие имаа доставено до нас објаснување дека просторот ќе се користи за снимање спот. Немаме точно оформена цена, се отстапува на саати, на пример околу 500 евра за 5-6 саати“, ни изјави Миха Оџаклиески за СДК.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер