Копродукциската претстава „Прекината одисеја“ ќе се изведува во Полска - Канал 5

Копродукциската претстава „Прекината одисеја“ ќе се изведува во Полска

„Прекината одисеја“ - копродукциска претстава меѓу Македонскиот народен театар и полскиот театар „Хелена Моджејевска“ од Легница, во режија на Јацек Гломб и со македонски и полски актери во улогите, по премиерата во Скопје на 17 септември, од денеска до 27 ноември ќе гостува во Полска.

Копродукциската претстава „Прекината одисеја“ ќе се изведува во Полска
Како што информира МНТ, во Легница претставата ќе се игра на 18-ти, 20-ти и на 25 ноември, на 19 ноември ќе гостува во Горзов Виелкополски на 33. Горзовски театарски собир, на 21 ноември во Вроцлав, во рамки на фестивалот ECOC, на 22 ноември во Валбрзич - на 14. Валбрзички театарски фестивал, на 23 ноември во театарот „Норвид“ во Јелениа Гора, на 26 ноември во Шлезискиот театар во Катовице и на 27 ноември во театарот „Уажња нова“ во Краков.

- „Прекината одисеја“ е реализирана преку креативна соработка помеѓу полски и македонски уметници заснована на вистинска, но истовремено и необична приказна. Во 1948 година, од подрачја зафатени со брутална граѓанска војна во Грција, од територијата на Егејска Македонија комунистичките партизани евакуираат македонски деца кои се преплашени, прегладнети и кои страдаат. Поминувајќи тежок пат, еден дел од нив пристигнуваат во Полска. Тука наоѓаат вистински дом. Токму Полска им овозможува да ги лекуваат траумите од војната, им обезбедува образование и животна шанса... Потсетувањето на тој факт не претставува само историска занимливост. Современиот живот нè става пред слични предизвици – и денес не е мал бројот жртви од секојдневните војни..., наведува МНТ.

Двојазичната претстава (со превод) се состои од два дела. Во првиот дел зборуваат возрасни Полјаци кои воспоставуваат комуникација со децата-бегалци и стануваат нивни старатели. Вториот дел, во кој учествуваат македонските и полските актери, буди спомени од минатото. Тие се сега возрасни и ги анализираат настаните за кои сведочеле како деца.

Во македонскиот дел од екипата се актерите: Владо Јовановски, Трајче Ѓоргиев, Томе Витанов, Борче Начев, Сашка Димитровска, Билјана Јовановска, Софиа Насевска-Трифуновска и Снежана Коневска. Музиката е на Горан Трајкоски, кореографијата на Александра Кочовска-Начева.
Проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура и национално наследство на Република Полска. По премиерата во Скопје пред два месеца, „Прекината одисеја“ беше на турнеја низ Македонија и изведена во Куманово, Прилеп, Струмица, Велес, Штип, Охрид и во Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар.

Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна.

Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Поранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври.

Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху.

Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан.

Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста.

Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки.

Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката.

Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци.

За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните.

Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер