Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
3Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна
ФудбалКопија за Челзи, оргиналот за Трамп Претседателот на САД, Доналд Трамп сепак го добил оргиналниот трофеј на ФИФА, наменет за победникот на историскиот премиерен фудбалски Мундијал за клубови. Шампионот Челзи, морал да се „задоволи„ само со копија.Доналд Трамп покрај фудбалерите беше најголемата ѕвездата на Светското клупско првенство, кое за прв пат се одржува во САД во формат со 32 екипи. Американскиот претседател го покажа тоа кога им го украде шоуто на фудбалерите на Челзи за време на церемонијата на доделувањето на вредниот трофеј на ФИФА. Трамп интересно одбиви да го напушти подиумот кога трофејот им беше врачен на фудбалерите на Челзи кои во големото финале на за вредната Мундијалска круна го декласираа актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, ПСЖ со 3-0 и наместо тоа остана да слави со нив во првиот ред. Претседателот на САД сега отрки и интересен детал поврзан со ФИФА трофејот. Тој сега откри дека не само што бил „главен“ на церемонијата, туку на фудбалерите на Челзи им дал копија од трофејот, додека оригиналот го задржал за себе. Пред почетокот на натпреварувањето, Џани Инфантино, претседателот на ФИФА, го донесе оригиналниот трофеј од Светското клупско првенство во Белата куќа за да му го покаже на Трамп. Сепак, потоа го остави во Овалната соба, каде што беше изложен. „Ги прашав: Кога ќе го земете трофејот? Тие рекоа: „Никогаш нема да го земеме. Може да остане во Овалната соба засекогаш. Правиме нов.“ „И тие направија нов.“ „Тоа беше возбудливо, а сега е тука во Овалната соба“, рече Трамп. Челзи ја има репликата, а Трамп го има оригиналот. Трофејот за светскиот клупски шампион е дизајниран од познатата златара „Тифани и Ко.“ и вреди околу 230 илјади долари. Американските медиуми објавуваат дека репликата е идентична по квалитет со оригиналот во однос на изработката и материјалот, а деловите се од 24-каратно злато. Челзи не го доби трофејот во трајна сопственост. Како што е случајот со трофејот освоен од репрезентацијата што е светски шампион, таа мора да го врати во ФИФА за четири години, за следниот Светски куп. Победниците нормално ќе добијат реплики во трајна сопственост, но на Светското првенство победничката репрезентација го добива оригиналниот трофеј за период од четири години. Сепак, Челзи веќе доби реплика во привремена сопственост и не е познато како ФИФА ќе го регулира ова во иднина, со оглед на тоа што оригиналниот трофеј е кај Доналд Трамп. Фудбалерите на Челзи за освојување на вредниот Мундијалски пехар ќе добијат вредна награда од клубот. Лондонскиот клуб богато ќе ги награди играчите за освојување на светското првенство. Дејли Телеграф пишува дека секој од нив ќе добие по 400 илјади евра. Со оглед на тоа што Челзи има 29 играчи, клубот ќе издвои 11,6 милиони евра за бонуси. Англиските медиуми пишуваат дека ваквите високи бонуси се дел од новата структура на Челзи. Клубот одлучи дека во иднина нема да им дава на играчите превисоки плати како досега, туку наместо тоа ќе ги мотивира со бонуси во зависност од нивните успеси.Тагови: Доналд Трамп Челзи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп откри за што ќе зборуваат со Си ЏинпингАмериканскиот претседател Доналд Трамп објави дека вештачката интелигенција (ВИ) ќе биде „голема тема на разговор“ со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој е во тридневна посета на Вашингтон.„Голем ден со претседателот Си на Кина. Суперинтелигенцијата (ВИ) ќе биде голема тема на разговор, но сакам да го оставам точно како што е. Тоа е ставот на Кина. Нашиот бедем е Министерството за правда (DOJ)“, напиша Трамп на својот профил на социјалните мрежи Truth Social. Денешната средба меѓу Си и Трамп се случува во време на трка во вооружување меѓу САД и Кина за ВИ, при што многумина повикуваат на меѓународна регулација, според CBS News. Трамп досега се спротивставуваше на повиците за регулација, велејќи им на светските лидери на Генералното собрание на ОН претходно оваа недела: „Победник е оној што ќе ја победи ВИ“. Си пристигна во среда на тридневна државна посета на САД, за време на која ќе ја посети и Белата куќа, каде што ќе се одржи гала вечера, на која ќе присуствуваат многу претставници на технолошкиот сектор.Тагови: Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗлатеска: Владата активно се справува со предизвиците од светската кризаБисерка Златеска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница наменета за пратенички прашања, постави две прашања.Бисерка Златеска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница наменета за пратенички прашања, постави две прашања, од кои едното беше во делот на земјоделството, шумарството и водостопанството, а другото беше поврзано со економијата. ,,Земјоделството е егзистенција за илјадници семејства. Тоа е домашно производство на храна. Тоа се цели семејства кои зависат од тоа дали нивниот род ќе биде откупен, по која цена ќе биде откупен и подеднакво важно кога ќе ги добие средствата што им следуваат. Затоа секогаш кога зборуваме за субвенциите мора да имаме предвид дека не зборуваме само за буџетски средства. Зборуваме за пари, кои за еден земјоделец значат набавка на семе, ѓубриво, гориво и заштитни средства“, рече Златеска. Прашањето што го постави Златеска, а до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство беше поврзано со исплатата на субвенциите: ,,Според официјалните информации на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во текот на 2026 година се реализираат исплати по програмата за финансиска поддршка на земјоделството, а Агенцијата за финансиска поддршка паралелно реализира исплати по мерки од претходните програмски години. Тоа е важно да се разграничи. Во август и септември агенцијата реализирала повеќе конкретни исплати, меѓу кои значајни средства за сточарите и полделците. Почитуван министре, моето прашање до вас е како тече исплатата на годинешните субвенции?“. Второто прашање од страна на пратеничката Златеска, беше упатено до заменик министерот за економија, а во врска со намалуваувањето на ДДВ-то на дизелот и по 28 септември доколку кризата и високите цени на нафтата продолжат. ,,Актуелната мерка за намалување на ДДВ-то на дизелот од 18 на 10% има рок. Тоа е 28-ми септември, а кризата на светските енергетски пазари за жал не завршува со истекот на рокот на една владина одлука. Доколку продолжи растот на цените на светскиот пазар, доколку продолжат нарушувањата во снабдувањето или доколку се појави нов ценовен удар, институциите мора да бидат подготвени“, кажа Златеска и додаде: ,,Може ли да направите споредба со цените на дизелот и бензините во Македонија и во земјите од регионот и дали доколку продолжи кризата се размислува оваа мерка да биде продолжена и по 28ми септември. Сметам дека Владата и министерствата во Македонија се вложуваат максимално во справувањето со оваа светска криза“, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќаВМРО-ОКГ и нивната Орбан-Вучиќ медиумска мрежа, под палката на началникот Латас, повторно ја вклучи истата медиумска машина. Нема документ. Нема демант на FARA 6170. Нема агенда од Стејт департментот. Но затоа има Заев, пасош, слика од отворање. Има „талог“, Бугарија, лаги.... Класично бегство од реченицата што ги болеше. Реченицата е оваа: Во 2026 приватна фирма АТС Груп ДООЕЛ Скопје му плаќа на американскиот лобист Mercury 130.000 долари месечно, односно околу 1,56 милиони годишно. На 2 април истата компанија го предава материјалот - „Стратешко партнерство САД–Северна Македонија“. Во текстот стои пакет влада со влада. Име: Трамп и Мицкоски. Не стои „продајте ни шлемови“. Стои државна агенда платена од приватна компанија за муниција. ВМРО-ОКГ велат: актуелната влада нема врска со приватен договор меѓу две фирми. Ако нема врска, зошто во платениот текст стои името на арамијата Мицкоски? Зошто енергија, ЛНГ, ИТ-договори, одбрана? Зошто антимонот од пет милиони влезе во истата приказна што ја носеше низ ходниците и хотелите? Дипломатски пасош за човек што работи извоз на оружје, што во секоја земја оди преку државна контрола, не е оправдување зошто денешниот премиер се враќа од Америка со средби во ходник и со руда за оружје, во интерес на приватна компанија. Тоа е клучната разлика. Ако состанокот што Мицкоски го имал го нема во агенда на Вашингтон, не е државна средба. Тоа е неформален контакт. Дома го продаваат како самит. Приватна компанија плаќа. Мицкоски ја пласира агендата како државна. Всушност не е. Зошто приватна компнија плаќа лоби за Мицкоски? Антимонот е метал за воена индустрија. Се копа кај Крива Паланка. Јаловината оди во почвата и водата. За граѓаните е отров. За нив е провизија. Гета чинеше 5,53 милиони евра народни пари. Грантот за дупката е помал. Прашањето е кој во 2026 плаќа лоби да зборува во име на владата, кој се крие по фоајеа, и зошто народот добива рудник наместо извештај. Прашањето е зошто премиерот работи за интерес на приватна компанија, а не за граѓаните на Македонија. Нема автогол. Има документ од американското Министерство за правда. Тие немаат одговор на хартијата. Имаат матрица. Матрицата е бегство. Бегството е признание, се наведува во партиското решение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00