Коосновачот на „Телеграм“, Дуров, под истрага за помагање терористички активности - Канал 5

Коосновачот на „Телеграм“, Дуров, под истрага за помагање терористички активности

Коосновачот на „Телеграм“, Павел Дуров, е под истрага за помагање терористички активности, објавија денеска руските државни медиуми.

Коосновачот на „Телеграм“, Дуров, под истрага за помагање терористички активности

Врз основа на материјали од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), државниот весник „Росијскаја газета“ тврди дека од 2022 година бројот на регистрирани кривични дела извршени со користење на апликацијата за пораки надминал 153.000.

Се додава дека 33.000 кривични дела биле од саботажно-терористичка и екстремистичка природа, вклучувајќи организирање експлозии, подметнување пожари во воени канцеларии и убиства.

„Благодарение на работата на руската ФСБ беше можно да се спречат 475 терористички напади што беа подготвени преку 'Телеграм'“, се наведува во весникот.

Меѓу спречените кривични дела наводно имало 61 масовно пукање во училишта планирани од тинејџери.

Во статијата исто така се тврди дека терористичкиот напад од март 2024 година врз концертната сала „Крокус“ во Московската област бил координиран преку апликацијата.

„Жртви на дигиталната попустливост беа руски граѓани, блогери и новинари, вклучувајќи ги Дарја Дугина и Максим Фомин, како и девет високи воени функционери, вклучувајќи го и генерал-полковник Игор Кирилов.

Непријателот, користејќи аналитика на „Телеграм“, собрал податоци за нивните роднини, патни правци и дневни рутини“, се наведува во статијата.

Покрај тоа, евидентирани се речиси 700 директни закани кон членови на семејствата на руски воен персонал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се квислизите, сега ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува достоинствен пат кон ЕУ

СДС продолжува со лаги и манипулации сега за ЕУ и посетата на Урсула фон дер Лајен.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се квислизите, сега ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува достоинствен пат кон ЕУ

СДС на Венко Филипче и неговиот учител и партиски другар Зоран Заев се предавниците и потписни на распродажбата на се македонско.

СДС на Филипче и Заев се квислинзите.

Сега власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува подобра позиција за Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ.

Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се труди Македонија да оди кон ЕУ достоинствено, а не да распродава се што може да се продаде.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни

Урнат рекордот во женска конкуренција, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји го исполнија Скопје, кое уште еднаш покажа дека може да биде голема спортска сцена со полни улици, публика, бодрење и атмосфера што го следеше секој чекор до целта.

22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни

Скопје денеска повторно живееше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

На маратонот, Кенија го освои првото и второто место во машка конкуренција, со Дерик Чеге Нјороге на врвот со време од 2:12:56 и Едвин Кимару Косгеј на второто место со 2:13:20. Трет беше македонскиот маратонец Дарио Ивановски, кој истрча 2:13:48.

Кај жените, Кенијките ги освоија сите три места на подиумот, а Долфин Кемунто Нјагака со време од 2:32:05 постави нов рекорд во женска конкуренција. Втора беше Мерси Џебичии Кипкемои со 2:39:39, а третото место ѝ припадна на Естер Чесанг Какури со 2:40:18.

Кенија го презеде врвот и на полумаратонот, каде што нејзините натпреварувачки ги освоија сите три места во женска конкуренција. Победата ја однесе Валентин Џебет со 1:13:15, пред Чарен Чепкепмои со 1:15:08 и Нанси Гитаига со 1:17:24.

Во машка конкуренција, исто така, на подиумот се најдоа исклучиво кенијски тркачи: најбрз беше Кенеди Кипкемои Роно со 1:05:26, втор Хилари Киптум Мајјао Кимајо со 1:06:11, а трет Џон Њугуна Курија со 1:06:59.

На најкратката трка, на 5 километри, домашните натпреварувачи го освоија врвот во двете конкуренции. Кај мажите, најбрз беше Андреј Арсов со 16:28, пред Гилман Јунуза со 16:35, додека третото место му припадна на Швеѓанецот Фредрих Урбон со 16:43.

Во женска конкуренција триумфираше Хајдари Ирма со 19:43, втора беше Емили Ивановска со 20:53, а третото место го освои Црногорката Лана Ивковиќ со 21:00.

Но, денешниот маратон не го одбележаа само резултатите. Скопските улици беа полни со учесници на маратонот, полумаратонот, трката на 5 километри и ЕУ фор Спорт штафетната трка.

Се трчаше во друштво, со семејството и пријателите, но и покрај илјадници луѓе со кои учесниците можеби за првпат се сретнаа токму денес. Меѓу нив имаше искусни маратонци, рекреативци, учесници од сите генерации, но и бројни странски гости и туристи кои викендот во Скопје го искористија и за да бидат дел од маратонот и да го почувствуваат градот во неговото најраздвижено издание.

Долж патеката тркачите имаа поддршка на секој чекор – од освежителни станици со вода, електролити и овошје, до места за дополнување енергија и медицинска помош. Музичките точки и настапите низ градот дополнително го подигнаа расположението, па патеката беше исполнета со музика, аплаузи и бодрење. За непречено одвивање на маратонот се погрижија и бројните волонтери, кои беа со тркачите од стартот до целта и се грижеа за нивното освежување и поддршка во текот на трката.

Сонцето, полните улици и публиката која не штедеше глас беа дел од сликата на денешното скопско утро. Од најмладите до највозрасните, од домашните тркачи до гостите од десетици земји, сите беа дел од истата атмосфера и истото движење низ градот.

За многумина, денешниот ден не беше само прашање на време и пласман, туку можност да ја истрчаат својата трка, да го почувствуваат Скопје на поинаков начин и да стигнат до целта со поддршката од луѓето покрај патеката.

Со рекорден број учесници и тркачи од 63 земји, 22. Виз Ер Скопскиот маратон уште еднаш покажа дека е ден кога спортот, дружењето и добрата енергија го освојуваат градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, денеска во Горни Подлог, Кочанско, учествуваше на манифестацијата Денови на кочански ориз, се сретна со оризопроизводителите и граѓаните од овој крај.

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

Таа посочи дека тие изразуваат сериозно незадоволство и загриженост поради ниската откупна цена и неможноста да ги покријат производствените трошоци.

„Од разговорите со сите оризопроизводители, состојбата е катастрофална. Оризот што се откупува достигнува цена од само 16 денари за килограм, таа цена за 1 килограм ориз е страшно понижувачка„ изјави Каранфилова Пановска.

Заменик претседателката Каранфилова Пановска потсети дека во 2021 година, во времето на СДСМ, откупната цена на оризот изнесувала 42 денари за килограм.

Посочи дека сегашната цена не ги покрива трошоците на оризопроизводителите, кои се соочуваат со поскапување на нафтата, ѓубривата и механизацијата, додека недостигот од откуп дополнително ја влошува состојбата.

За да им се помогне на земјоделците во овој период на криза, СДСМ минатата недела поднесе закон во Собранието со кој предлага дополнителна финансиска поддршка од 10 денари за килограм произведен и откупен ориз. Целта е оризопроизводителите да обезбедат средства за следната сеидба.

Каранфилова Пановска предупреди дека без оваа поддршка, оризопроизводителите може да се соочат со неможност да ги посеат нивите следната година.

Таа ги повика владејачкото мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и целата владина коалиција да го поддржат ова законско решение и со најавениот ребаланс до крајот на годината да ги обезбедат потребните средства за поддршка на оризопроизводителите и за продолжување на домашното производство на храна.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер